Имаш право да земеш 3 месеци неплатено. За боледување неколку месеци треба дијагноза да има или лажно боледување да вадиш. Друга опција е во градинка дс го запишеш.
Имам отворено боледување за нега на дете, дали може ретроградно да го затворам (дека викенд беше) и од утре да се вратам на работа или утре го затворам и од вторник можам да се вратам? Прв пат отварам, немам искуство.
Нема врска, кога сакаш го затвораш. Може дури и да тргнеш два три дена, а да ти го затворат отпосле со кој сакаш датум уназад. Се случило да тргнам понеделник, а викенд дека не работам.. па со петок ми го завораат во понеделникот
Дали две боледувања ( на два документи) ама од ист месец исплаќаат посебно? Некако сумава е далеку од тоа што би требало. Едно беше почеток на јуни, другото беше јун-јули.
Здраво, ќе ве моламда ми кажете кои документи треба да ги однесам во ФЗОМ за да добијам надоместок? Породилното ми заврши на 7ми август, тогаш матичната педијатарка ни отвори боледување врз основа на извештај од детски невролог, а по 2 недели бевме на комисија и ни го продолжија 30 дена. Сега повторно треба да го продолжам. Мислев дека од работа ќе го средат тоа, но сега дознав дека требало сама да си ги однесам документите. Да не ми прават проблем дека ќе ги носам доста подоцна, или? Ви благодарам.
Нема да прават проблем само покасно исплата ќе имаш. Треба да однесеш ИСР образец оригинал, Извештајот од комисија оригинал, копија од трансакциска и пополнет образец за надоместок од ФЗОМ цо два примероци оригинал.