За дете не знам дали даваат од Ремедика. Инаку мора да признаат, ако овие издаваат. Ама треба да е од специјалисти, не знам дали може само од педијатри.
Јас лани Мај/Јуни не земав 100%. Не за нега за дете, туку боледување 2 недели поради болест. Можда е истото, не знам. Знам и ова е за под 3 години. Мислам 70% беше.
Сега пред 1 месец земав боледување за син ми кој е 11 месеци.Од фондот исплатија 70 %.Знам дека е сменето но не знам од кога.
Да, ама знам дека во Систина на пр. конзилијарно од педијатри се добива само за анемија. Ова ми се информации од една мајка, затоа што таа така земаше. Ѝ рекле може да ѝ пишат за анемија, или да ја препратат кај ортопеди, па со друга дијагноза да се води. Таа сакаше да продолжи со породилното отсуство, па ова ѝ го понудиле како опција. Мислам дека и тука на форумов имам читано сличен пример. Туку, ме интересира, дали има разлика во износ на исплаќање ако се работи за 1 недела, 2 недели, 1 месец и сл.? Сѐ ми се чини дека порано имаше нешто такво, пр. за 1 недела боледување се исплаќаше 70%, за 2 недели 80%, за 1 месец 90%...
Нема разлика за нега на дете. Јас летоска бев цел месец и само 70% ми иссплатија. Тоа со 80/90% мислам за лично боледување дека беше и дека сеуште си важи.
Па подобро ќе беше да земам од мојата матична тогаш. Баш зборевме дома ај шо издававме пари по приватни барем боледувањето е 100%, ама не било.
Здраво мајки бев на боледување една недела малиот има годинка и беше болен. На работа однесов боледување за дете до 3 години па ме интересира дали нешто плаќа фондот или не
Јас бев две недели, ми одбија од плата само некој процент и толку. Со фондот немав врска. Тоа е мислам за повеќе од 2 недели ако земеш боледување.