Јас сега во ноември бев на боледување една недела малиот фати рота и од платата ми беа одбиени 5 дневници 100 % ,а после фондот од тие 5 дневници одбиени ми врати 70 % како и да е многу одбиваат мислам не е корекно толкави одбитоци за нега на дете до 3 год . Да има .
Aj тоа што не е коректно што враќаат 70% не е коректно и ни е многу јасно. Туку мене ме интересира што после 3 години? Зошто е тоа до 3 години? После 3 не му треба нега? Само ќе се напие парацетмол дома? Свашта
Во пари е исто да. Нема разлика. Олеснувањето е за фирмите, не ти исплаќа ништо кога е боледување за дете, ти исплаќа фондот.
, мене ми одбиено 4 илјади од плата што мислам дека е премногу а на прашањето дали нешто плаќа фондот од работа дотичните ми рекоа дека не плаќаат ништо дека ова боледување од една недела си оди регулар а фондот плаќа само ако цел месец ме немало на работа
И јас бев 1 недела, па ми исплати фондот. Треба да поднесеш документи, кај нас у фирма сметководството тоа си прави. Пример- од тие 4000, 70% ќе ти исплатат.
Ги мрзи да носат до фонд документи. За дете до три години фондот плаќа 70% од дневницата! Барај да ти ги однесат документите.
Јас затоа кога се работи за 2-3 дена не ни вадам боловање туку си земам денови од одмор, оти 30% да ти скратат од дневниците плус редовноста и отидоа 5-6000.
Е па да ви кажам дека испадна по мое не биле запознаени со таков закон ама провериле и постоел денес ги однесов документите во социјално и си завршив работа инаку фала на одговорите
Здраво ме интересира дали следува боледување ако се прават операции во приватниве клиники за дете од 2 години?
Да. Сѐ си е исто, ти даваат отпусно писмо, носиш на матичен и ти дава боледување, ако има потреба, после носиш на комисиско за да ти го продолжат боледувањето. Нема разлика за државно и приватно.
Да да, следува нормално како и во државно. Лани ја опериравме ќерка ми на приватно и ми отворија боледување нормално. Боледувањето ми траеше 2 недели, толку имав потреба. Исто ми отвараат и кога не е во прашање операција, пример вирус, гнојна ангина и останато.
Мислиш приватен педијатар ти отвора боледување за гнојна ангина, вирус? Мислам дека тоа не може. Мора да биде матичен.
Не не, со извештајот од приватен педијатар си одиш кај матичен и ти отвараат. Ти дадов како пример дека може се од приватно кај матичен...
Да, ама тоа е на "добра волја" на матичниот да отвори боледување со таков извештај. Инаку ако мисли дека не треба, нема да отвори.
Ако има дијагноза, нема што да има добра волја. Имаш крвна слика која асоцира на инфекција, или снимка од плуќа кај што има некаков наод. Имаш причина за боледување и крај. Како што е случајот после операција. Ако правите муабет за да ти заврши работа кога реално не е детето толку болно, е тоа е на негова добра волја.