Болен на гости кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од leona83, 23 јуни 2014.

  1. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Мајки кои се вашите ставови ви врска со доаѓање/ одење кај бебе а некој е болен ( мислам и блага настинка)? Како реагирате ако ви дојде некој таков или неговите деца?
    Мислам дека нема ваква тема, ако има клуч:)
    Јас имам сто и еден пример кога некој по телефон ќе ми каже дека се здрави и сакаат да не видат ама кога ќе дојдат мрсули до уста, кашлање....и често знам да речам ама вие сте болни а добивам одговор дека биле на др.и им рекле ништо не е! И тогаш културно викам не да го гушкате и бацувате бебето и го тргам подалеку колку е можно, ама НАВИСТИНА се нервирам од такви луѓе....
     
  2. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Сега ќерка ми има 3 ипол години,а кога беше бебе колку пати ми се има случено доаѓаат со мрсули до колена кашлаат,целите затнати па ми го бацуваат бебето.И што и да кажеш џабе е,треба да се искпокараш за да сфатат.
    А има луѓе кои од завист и љубомора намерно го прават тоа,да да има и такви :)
    За тие таквите само би рекла дека се луѓе без осет и полни со злоба.
    Досега никогаш не сум отишла кај мало бебе болна или настината(ама ништо не ми е) или пак детето да ми е болно никогаш не сум дозволила да се меша со други деца.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.770
    Допаѓања:
    255.825
    Пол:
    Женски
    Не пуштам болен кај бебето па што сака нека биде ниту пак некој да пуши во близина на бебето :!: ми е гајле дали ке се налути дотичниот или не бебето ми е поважно од се
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Најмногу ме иритира коментарот: ееее па вие колку го чувате, оставете го нека се челичи, какво челичење бе на мало бебе без имунитет. Деновиве имав такви " специјалци" па затоа сум толку иритирана.
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.770
    Допаѓања:
    255.825
    Пол:
    Женски
    Leona немој да им се тресеш многу и откачи ги.јас ни до ден денес иако има 5години не давам да ја факјат и гушкат на лице и крај.некои се лутат и дофрлуваат демек ејјј па не сме заразни ...ама гајле ми е.самата работам на оделение со болни од туберколоза.и прв симптом е кашлицата.Од кај да знам дека од тие што идат и што 'поткашлуваат' немаат баш такво нешто.така да...
     
    На Meckicja и leona83 им се допаѓа ова.
  6. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    исто и јас пред неколку дена дојде золвами со малиот кој и беше настинат со температура повраќање и на лекар и рекле дека е вирус а се знае дека вирус е преносливо а свекрвами упорна запнала и тргна со детето во раце без да ме праша ќе го симнала доле синми за да се поиграле со братучедму т.е детето на золвами, јас и реков нема симнување доле кога давид е болен несакам и синми да се разболи па уште сега да се нервирам по лекари без потреба, и ми искоментира па ти во златно ѕвоно ли ќе го чуваш детето нека ствара имунитет, и одговорив јас како мајка знам како ќе си создаде имунитет остави го синми ќе се видат со давид во друга прилика и така синми од месец дена незнае да си игра. И си ја крена главата се налути оти така сум и рекла, и кога да видиш кога од најблиските немаш разбирање на таа тема па што да речеш од дојденци што баш им е гајле дали се болни или не туку само гледаат да се тупнат некаде
     
    На vickyy90 и leona83 им се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    19.696
    Пол:
    Женски
    Мислам самата таа личност која во моментот е болна не би требала да посетува никој а посебно бебе,тррба самата личност да е свесна за тоа,ама ретко денес некој свесен.
    Искрено кај мене беше мама на мм настината,кива кашла лелеее и ми вика не е тоа од настинка онака сега ми дојде :o па кажи бре жено признај оти да направиш проблем :tmi: бидна.
    Јас гледав барем да не е близу малата,не сакам исто и педијатрата ми кажа никако болен кај малата,за среќа до сега е супер не и се пренесло ништо ама и јас внивамам доста добро на малата да нема некој во близина болем,ако дака да ја види само 1минутка и толку.
     
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    8.636
    Никакви гости не треба да има кај мало бебе. Некој ако нема физички симптоми на болест/настинка, не значи и дека не ја носи во моментот и пренесува на други луѓе( можеби има јак имунитет и не покажува симптоми на болест или едноставно уште не развил симптоми на настинката).

    Затоа мислам дека е непишан бон тон да не се оди кај мало бебе. Или ако веќе се оди да не се допира со нечисти раце,да не му се диши,да не се бацува.
     
  9. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.124
    Јас на сестра ми не и дозволив да дојдат пред еден месец зошто внук ми имал некаков си прелазен вирус, за другите ич око нема да ми трепне и да им речам да станат да си отидат. Ако они немаат осет да дојдат болни, јас не гледам зошто би имала осет.

    И ако сакам не во едно туку во осум стаклени ѕвона ќе ја чувам, моја е и јас одлучувам дали ќе играм руски рулет со нејзе.

    Се напнав! Луѓе што им е важно само да се влечат некаде - само дома да не се!
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    4.218
    Pff jas dosega dvapati sum bila bolna i ne se osudiv da ja baknam kerka mi i toa bev cela nedela so maska na ustata, nepa nekoj si gostin da mi klofne doma pred deteto a bolen. Nemoj da ne. Koga bevme na gosti kaj moite, tatko mi go fati virus visoka temp i kaslica, bese i toj so maska i sedese vo druga soba. Duri koga sosema ozdraven togas bese so vnukata. Ni jas ne odam nikade koga sum bolna, a ne sakam ni da mi idat. Aa ako se sluci nekoj nesovesen da dojde, deteto vo drugata soba, na gostinot edno kafe za prijatno i dobro provetruvanje i dezinfekcija.
     
    На joy1 и leona83 им се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.420
    Допаѓања:
    30.122
    Пол:
    Женски
    Мислам секој треба да е свесен и да има осет дека кога е болен не треба да оди по гости, посебно не кај мало бебе. Секогаш сум внимавала на овие работи, дури и пред да имам дете. Кога сум болна не одам никаде, зошто да го разболам толку мало бебенце. Ќе почекам кога ќе ми помине, па ако сакам тогаш ќе отидам. И сега ќерка ми кога е болна, не ја носам кај други деца додека не оздрави. А има некои мајки болни, со сипаници ги носат секаде, по игротеки и по гости па и твоето ќе се разболи.
    А ако некој ми се најави дека е настинат и сака да дојде, јас сум директна и си кажувам да оздрави прво па после. Оти после моја ќе биде маката кога ќе ми се разболи и на мене детето. Не е морално баш тогаш да се отиде на гости во тие 2-3 дена кога си болен.
     
    На Ano, Black girl и Macito007 им се допаѓа ова.
  12. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    6.067
    Пол:
    Женски
    Не сум ни јас за болни гости кај мало бебе. Особено не кога е многу мало. Но, некогаш не можеме да ги заштитиме, еве јас сум со бебе, а болна труп и се во мене е пикнато. Кога бев бремена прележав сипаници од поголемото дете префатив.
    Некогаш не е се како што сакаме.
    Но свесно да одиш тоа ми е сосема без осет.
    А ми иделе и болни, и со болни деца.
     
  13. Black girl

    Black girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    8.479
    Секако дека сум против одењето на болен кај бебе. Има секаков народ без осет. Имаше едни ми дојдоа на повојница кај бебето,а не ме известија дека ќерката, која има 4 години е болна, и фино лепо и кажав на мајката дека не постапила убаво и и реков на ќерка и да не му се приближи на бебуш. Нема лутење тука.
     
  14. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.118
    Допаѓања:
    17.727
    Пол:
    Женски
    Ги има многу вакви без душници, мојата екс-свекрива беше една од тие, често знаеше целата разболена затната да ми дојде “ на само минутка да ја видам и си бегам” е од кожа ме вадеше, и секогаш и велев таа една минутка ќе не кошта многу, ама според нејзе така се градеше имунитет. Е и сега после толку години од самата помисла живци ми се кинат.
    Мајка ми ми има кажувано за кога јас сум била бебе дошле гости со повојница и прашале дали е во ред да пушат, знаете пред 30 и кусур години скоро сите во заедница живееле и снаите (поголем број) и баш немале многу право на збор,и баба ми па да слободно запалете си цигара што има то врска мора некако да почне да се челичи :@ . И викав на мајка ми јака ти душа да бев јас со се куќа ќе ги запалев и врзев да неможат да бегаат, таман да се по челичат малце.
     
  15. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.856
    Пол:
    Машки
  16. pile_kiki

    pile_kiki Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Mojava svekrva zatnata go gnjavit detevo 2 meseci imat.. I uporno i vikam ne go bacvi.. Ne mu disi vo nego... Taja pak da vidam koe prste go redis vo usta i to bacimu go.. So nerazbrani ljugw ne mozis da se razberis.. Na mazot mi mu vikam recii ti.. Mene ne me slusat pak toj ko zlatna da e majkamu nisto nw reagirat
     
  17. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.627
    Допаѓања:
    37.759
    Пол:
    Женски
    Ох немам проблем ама ич да им ја покажам вратата на такви луѓенца.
     
    На ane.bella и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. pile_kiki

    pile_kiki Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Bi i ja pokazala i jas ama za maz mi e svetica
     
  19. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Јасно и гласно ќе и кажеш дека околу бебе само здрави луѓе смеат, а маж ти не гледа дека е затната па и колку да е светица за него треба детето да е на прво место. Ако не повлечи го детето во друга соба и готово. Се нервирам кога читам дека има луѓе без осет ама јас не можам да молчам.
     
    На cresa-jagoda и pile_kiki им се допаѓа ова.
  20. Chantal

    Chantal Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    7.300
    Пол:
    Женски
    Ако случајно се затне и бебето и не спие цела ноќ, фино ќе му го оставиш да се снаоѓа па следен пат Нема да му биде светица.
     
    На cresa-jagoda, pile_kiki и Mantub им се допаѓа ова.