Болен не одам кај возрасни а камоли кај бебе, љубоморно си ги чувам бацилите за себе и не ги делам со никого
Не дозволувам да надтане ситуација болен да ми се појави кај бебе..Уште дур договараме гостите,нагласувам доколку се со вирус подобро да се одложи гледањето до нареден пат.
Се знае дека место на болен човек или дете е дома а не по гости или продавници и сл. Се спротивно е недостаток на основна култура и бон-тон. Срамота...
Јас општо не одам кај новороденче првиот месец два.Што е толку битно прва да им се ставам,и онака се мали,замижани,нема никаква интеракција,самите не се свестени. Едноставно не знам ни какви вируси носам во себе,не би ни да имам грижа на совест ако се разболи. Друга работа што ме вади од такт,а е својствена само за нас балканците,е бакнување на бебе
Јас здрави не примам, а камоли болни. Бебињата ми се скоро 3,5 месеци. Освен нашите родители и кумовите, друг сеуште не ги видел. И нема да ги виде додека не помине зимата. Брт ми и снаа ми ги видоа по месец дена. Нивните деца (5 и 3 години) сеуште не си ги запознале братучедите. Здравје, на пролет Свеки ме прави Бог да чува, ама јас сметам дека со прематурчиња особено треба да се стави акцент на изолацијата!
Кај деца одам само ако не сум болна, но и ако сите кај нив се здрави. Не само кај деца, ниту кај возрасни не се пикам ако не сме сите здрави. Кај новороденчиња не одам рано, ги посетувам откако ќе направат барем 6 месеци. Не трчам веднаш, нема потреба. И кај најблиски не одам пред 6 месеци.