Болка во мускулите после вежбање

Дискусија во 'Фитнес' започната од Angel-Adriana, 7 февруари 2013.

  1. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    Ви се случува ли ова често кога немате сила да станете од кревет или да се помрднете барем еден метар? :D

    Јас веќе 3 години активно вежбам и тие болки од почетокот кога почнав да вежбам нема до крај на живот да ги заборавам! Исто до пред една недела бев болна и после почнав пак да вежбам и пак ги имав! :envy: :$

    Се справувам со тоа што ќе се напијам далерон или прочитав совет од Фемина со тенко сукало да се масираш таму каде што те болат. :)

    Како е кај вас? :lol:

    Eве го линкот:

    Aко има ваква тема-клуч!
     
    На meganbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.614
    Не форсирај.
     
  3. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    ^Тоа е точно, ама јас сум уби боже од човек! Инаку ќе го памтам ова и секогаш ќе си викам Витомир има право! ;)
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.614
    Не е работава дали ти ке викаш дали сум во право или не,туку ти да си внимаваш,тебе ке те болат мускулите а не мене,значи ти кажувам за твое добро,а ти гледам се зезаш со мене.
     
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.502
    Пол:
    Женски
    Луѓе и јас вежбам,се трудам што поредовно.
    Но,правев огромен период пауза,па сега пред два дена пак почнав.
    Но,во дилема сум.Дали е подобро да вежбав еден ден,па еден да паузирам и се така или само 2 дена во неделата да си одвојам за одмор?
    И еве вчера паузирам,навистина неможев а претходните 2 дена правев за стомачните мускули разни вежби и денес цел ден чувствувам болки во пределот на карлицата.Дали е можно од вежбите бидејки последниот пат правеве вежби баш за тој дел????
    Поздрав. :D
     
  6. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    101
    Незнам дали прашањево е за тука, ама гледам дека нема слична тема. Веќе пола месец активно вежбам (тренирам), секој ден. Сум тренирала и во минатото ама имав пауза голема. И сега почнувам да осеќам болка и притисок во коската под коленото, како целата по должината ме боли, и кога трчам чуствувам интензивна болка. Ќе може ли некој да ми каже како да ја намалам болката и притисокот на тој дел од коската?
     
  7. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Си го преоптеретила коленото направи пауза неколку дена и ако продолжи да те боли подобро е да одиш на лекар.... :worried:
     
  8. guldzana

    guldzana Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Вежби за нозете

    lelel devojki jas vedzbam pram sklekovi ama vedzbi za noze ne vcera sum napravila tuka sto gi vidov denes me bolaaat ke umram leel muskulite sto ne sum naviknata sto mi bese prv pat izgleaa lelele pomagajteee pozzz i na setanje me bolat i koga sednuvam i koga stanuvam sto taksrit ma fati a samo 10 pati vcera sto sum napravala leleelee plisss ako nekoj mu se slucilo da mi pomognee pozz :sweat: :sweat: :o :( :)
    [mod-kirilica:1ng491mj][/mod-kirilica:1ng491mj]
     
  9. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    82
    ништо страшно... ке помине со едно аспиринче ке ти се смират мускулите ... ти се воспалиле од напорот сигурно не си многу активна па затоа ;) одмори еден ден па после повторно можеш да продолжиш со вежбите ... :)
     
  10. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Машки

    Бидејќи правиш вежби на нозете ПРВПАТ за тоа те болат мускулите но не се секирај тоа е нормално.
    Нема потреба да пиеш никакви апчина ке ти помине за неколку дена, потоа ке можеш да вежбаш со уште посилен интензитет и нема да имаш никакви проблеми со мусклулите.
     
  11. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    jaс fitnes/vezbi-na-jillian-michaels-t15932/ <- ова планирам да го почнам, ама воопшто не сум активна и кога почнав не ги правев тешките вежби, само некои полесни, мислев дека ако не се преоптеретувам нема да ме болат мускулите, ама многу сум згрешила :rofl: вечерта пред да си легнам имав болки кај стомачните, а другиот ден секаде :lol: најмногу во листовите на нозете, па затоа како патка одев (и уште така одам, два дена после вежбањето) :D и сега планирам на 2-3 дена да вежбам, а после кога ќе се навикнам, ќе си вежбам редовно..
     
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    2.685
    Пол:
    Женски
    Најефикасно и проверено!!!

    Се напивам еден андол одма после вежбањето и утредента немам многу мака. А ако сум заборавила да се напијам тогаш аспирин и масирање ама не помага нешто којзнае колку.
    Најдобар лек- превенција со андол
     
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    1.285
    Тие болки во мускулите се викаат воспаление на мускулите и се добиваат после напорни вежбање. За да помине болката потребна е лесна физичка активност (кога вежбаме напорно, во мускулите се ствара киселина и лесната физичка активност помага таа киселина да се разнесе).
     
    На мишелџ. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    216
    Еве нешто што помага колку-толку.
    Доколку ве болат мускулите направете си топла бања и во неа истурете 2 филџани јаболков оцет. Опуштете се така едно 10тина минути. Помага.
    И не ставајте ладни облоги иако го има споменато на интернет дека помага. Да дека помага, но само минливо. Може ќе ја ублажи болката но тоа е само пролазно.
     
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Тоа е нормално и единствена превенција е истегнување + ниско интензивно кардио(пешачење,велосипед).
    Млечната киселина е би-продукт од вежбањето интензивно.
    Освен тоа мускулите долго време биле не активни и сега имаат стрес,нормално е да боли и едноставно треба да се продолжи и како повеќе се вежба болката се намалува.
    Мене болката ме мотивира и ме тера да вежбам повеќе.
    Нормално,секогаш препорачувам да се иде чекор по чекор.
     
  16. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    947
    За намалување на болките во мускулите витамин Ц и сок од лимон.
     
  17. zvonuvka

    zvonuvka Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Здраво девојки:)
    Имам едно прашање што ме мачи деновиве-
    Вежбам веќе 2 месеци 4 пати неделно и сум пре пре задоволна- вежби на Power Plate - затегање, кардио на повеќе справи и force... :inlove:
    Меѓутоа, од пред некој ден ми се појавија нагло модрици мали - имаат дури и освен виолетово плава боја дури и жолтеникава на горнио дел од нозете блиску до препоните. Дури и ме заболуваат без да ги допирам :?:
    Што може да е причината и дали постојат некои креми што би ми помогнале да ги отстранам, но прво сакам да знам од што ми се јавуваат?
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.957
    Пол:
    Женски
    Момци и девојки, јас си имам мака...
    Правев две недели пауза од вежбање, па пред два дена почнав пак. Цело тело ме боли, тоа нормално, арно ама овојпат многу ме болат и стапалата и постојано ме фаќаат грчеви. Витамини пијам редовно, овошје и зеленчук обавезно, ама вакви грчеви никогаш не сум имала. Можно е да е од вежбањето?
     
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Можеби ова ќе ти ги одговори твоите прашања.
    http://www.lipotherapeia.com/cellulite- ... ct-fr.html
    Можеби не си внела доволно електролити,особено натриум и калиум.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Мене ме болат мускулите кога прв пат вежбам после пауза.Истиот проблем го имав и сега кога почнав да вежбам.Секогаш пред да почнам да вежбам се загревам и не чуствувам голема болка додека вежбам :)