Кога трчам или кога брзо пешачам ме болат колената и од колената надолу од предната страна, значи премногу ме болат и кога ќе одморам немам проблем, ама кога пак ќе почнам да трчам ме болат многу, незнам дали е недостаток на калциум или нешто друго , некој совет ??
Не туку немаш доволно кондиција или мускулите околу квадрицепсот не ти се балансирани. Решение е да правиш чучњеви со надеж дека ќе го зајакнеш тој дел,исто и исчекор напред.
Правам чучњеви , ама ова ми се случува само кога трчам или брзо пешачам, со други вежби немам проблем.
Доколку си вежбала редовно,па си престанала ке те болат мускулите некое време.А за да не те болат екој ден пред спиење повежбај барем 5-6 мин. (не престанувај со вежбањето) сега на почеток ке те болат мускулите,но со тек на време ке престанат бидејки ке ги активираш секој ден.Друг пат не прави пауза гледаш има последици..А и ако имаш грчеви во ногата тоа значи дека ти е искривена (не учеше професорка по балет која завршила таков факлутет) .Така да..мој предлог ти е да си вежбаш секој ден (на пр. 20 стомачни и 10 склека или сл.) и ке ти поминат. .А за грчевите акопродолжат..оди на лекар!
^ Ги знам овие работи, јас вежбам со години наназад Мене прашањето ми беше за грчевите што ми се јавуваат, затоа што досега такво нешто не ми се случувало. За искривување... не верувам дека е до тоа, затоа што и двете стапала ми се грчат. Значи не е во прашање болка што ми се јавува кога одам да речеме, туку баш типичен грч кога ќе те стегне. Ама ете, најверојатно имам недостаток од нешто во телово
Болка во мускулите може да има само доколку не се вежба континуирано и се прават подолги паузи. Јас кога почнав со вежбање првите неколку пати имав болки и на нозе и раце, што е и многу нормално но после тоа и по 2 часа кога вежбав немав гајле.
Ништо серионо, воспаление на мускули... Си имав ваква мака во последните неколку дена... Бев на тренинг, но само четири девојчиња бевме, од кои јас најмала и најмалку време тренирам. Па, игравме баскет, две против две. Еден час. А и плус не бев вежбала еден месец и онака...од некоја причина, не ме болеа мускулите на целото тело, туку само на задникот... Многу е жално кога никој не ти верува дека всушност те боли задникот. Сите мислат дека се шегуваш...а јас не можам да одам. Па згора и лошо сум спиела.
http://www.zdravjeizivot.mk/ananas-lek-za-vospaleni-muskuli/ http://www.mug.mk/index.php?option=...-sto-ja-smiruvaat-bolkata&catid=92&Itemid=512 Кој го мрзи да чита, за болки во мускулите помага ананас, а за грчеви во нозете сок од домати
Ако може некој совет да ми дадете? Два месеца вежбам 5 пати неделно, после еден месец почна да ме наболува зглобот кај стапалото, значи коската на десната нога но не многу и не обрнував многу внимание. Потоа почна да ме боли коската на карлицата десно од опашката, и пак потоа зглобот но минуваше за еден ден, Е сега пробав да трчам, луге неподнослива болка во зглобот, не можев 50 метра да истрчам потоа едвај одев, наредниот ден ми одмина ама осекам болка малку кога попешачам и кога станувам од спиење. Си зедов магнезиум хлорид (сакав сулфат ме зезнаа) за да правам бања, но некој ми рече мраз да ставам и да паузирам 15 дена и да ја стегам со завои кога вежбам. Е сега 15 дена не ми се чекаат. Некои вежби нешто интересно а да нема многу влијание на зглобот? Некој совет плус, минус
Па вака нон-стоп сум во движење и слично трчав на физичко а пред тоа знаев да направам некој вежби од време на време но вчера направив само 17 стомачни и истрчав 2 круга на игралиштето што е нормално за мене никогаш до сега не сум имала волку болку значи сега пробувам да направам стомачни едвај 2 направив ужасно боли па ме интересира како вие ги ублажувате болките пошо сакам да ми помине па да продолжам зашто денес ми е определено 30 стомачни
Вообичаено немам проблем со ова, но по пауза од неколку дена чувствувам нелагодност во мускулите. Увидов дека најдобра превенција е 1 таблетка Aspirin веднаш по вежбањето, а грчевите во мускулите ги надминав со шумливи таблети Магнезиум и многу вода.
Значи не само што е ноρмално да имате болκи, туκу и добρо е, значи деκа тρенингот бил ефиκасен. За апчиња, оставете ги тие глупости настρана, таκа можете да си ствоρете само зависност и ништо дρуго, само малκу тρпение, за ден два поминува болκата. Исто таκа внимавајте κога вежбате да не пρетρениρате κаκо што се вели, зашто не само воспаление туκу и посеρиозни повρеди можат да се добијат. Само тρпение, со вρеме ќе постигнете и κондиција и ρезултати.
Јас имам ужасно искуство со ваков вид на болки. Првиот ден после теретана не ми беше ништо, вториот исто така, дури и се чудев зошто ништо не ме боли, ама третиот ден од кревет не можев да станам, ама буквално!!! Дигни ја раката на горе- боли, на долу- боли, на напред-боли, на назад боли, не можев ни да ја свиткам ни да ја исправам, бицепсот потечен, подоцна тоа потечено се оформи во мускул. Е сега делот со нозете: чекор напред боли горниот преден дел од ногата, чекор на назад боли долниот заден дел од ногата. Рашири ги нозете боли странично горниот дел од нозете, собери ги боли внатрешниот страничен дел од нозете.... стомачните болат и да седнеш и да станеш и да се наведнеш и да се исправиш. Седнував со слободно паѓање на телото и треснување со газот на каучот, а за станување па уште потешко: ако стануваш со стегање на стомачните болат тие, ако се турнеш со рацете за да не те болат стомачните тогаш ќе те болат рацете. Станував од стол како трудница во 9ти месец, одев расчепатена во нозете како да ми се наредиле 50 души одпозади во една ноќ.... ужас.... единствени нешта што не ме болеа беше главата, дланките, стапалата и цица маца. Друго се, ама буквално се ме болеше. Траеше тоа недела дена, после тоа немав гајле. Ама затоа пак за само еден месец се направив бомба! Јас и онака немав сало за топење, ми требаше само дефиниција да извадам. Сега не сум толку активна во теретана како што бев загреана првите месеци, ама сепак доста се држам...
Ја симав болки во колената ми потекоа првиот месец и правев пауза ми поминаа за две недели и пак продолжив и еве си идам со месеци немам гаље ништо не ме боли, се е додека се навикенете нормално е да имате болки на почеток
Апчиња, како што вели мишел погоре, подобро заборавете, да не има после проблеми пак со желудникот. Јас ќе ви кажам лек за воспаление,пред година две некаде бев претренирала и имав страшна болка во бицепсот, неможев рацете да си ги исправам буквално, прашав школски што со години веќе вежба и ми кажа магнезиум и Б6 витамин да внесувам. Ги има прашоци во мали кесички во аптеките, по 10 ден е една кесичка, и навистина помага. Бидејќи постојано нешто се повредувам, зглобови изместување, мускули истегнување и кога ќе се вратам пак на тренингот, мислам дека не би преживеала без магнезиумот. Да е жив и здрав за советот, да знае колку само маки ми скрати, цел живот ќе му бидам благодарна. Па еве, и на некој од вас може ќе му се најде советот.