1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Болка во нозете од високи штикли

Дискусија во 'Мода и стил' започната од ms.ivana, 2 јануари 2012.

  1. ms.ivana

    ms.ivana Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Дали носењето високи штикли претставува проблем за вас ?
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    После 4 часа носење високи штикли, зарем има живо суштество кое не се жали на болка? :D Болат болат, како не :(
     
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас си го открив лекот...си ставам од едно крзно што го имам, во чевлата и не ме болат.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Жими се уште ме болат нозете од неќна :( , вечер кујзнае како ќе облечам штикли. Ќе ода ко прее*ана
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Зависи од штикла до штикла.
    Не толку од квалитетот, зашто може да платиш и 7 илјади за салонка и да те болат нозете. Или прочитајте на интернет коментари за Лобутнките, најпосакуваните салонки, кои како нова колекција вредат над 1000 долари, сите се жалат дека се неудобни, ама пак ги носат и пак ги посакуваат :)
    Битен е падот на ногата, многу е битна влошката а ако не е добра таа купете си влошки од аптека (не они специјални за штикли силиконски, тие само за сандали се ок иако ништо посебно не се) за салонки и чизми закон се обични влошки.
    И малку да имаа платформа чевлите подобро е, не се чуствува секое камче на ногата.
    Со чевла која има добра влошка, убав пад, која не е тврда како ѓон и не ве стега може и 12 часа да издржите никакви или со најминимални болки.
    Многу внимавам на избор на чевли последниве 2 години и издржувам многу на штикли, иако сите се до 10 цм максимум. Ретко се наоѓа повисока штикла и удобна.
    Со лоша штикла и 30 минути се смрт не за нозете, за целото тело!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас немам ваков проблем, освен кога чевлите ми се крајно неудобни, а удобноста, изгледот и колку-толку квалитет ми се најбитни критеруми кои треба да се исполнат кога купувам чевли на потпетица. И повеќето ми се удобни, можам по цел да одам со високи потпетици и да пешачам, без никаков проблем.
    Некогаш кога ќе се заборавам, знело да ме заболат нозете, но леген со млака вода и масажа секогаш ми помагале.

    Иако сметам дека голем придонес за оваа болка игра падот на чевелот и самото одење. Многу е битно стабилно да газиш, и да знаеш со штикли да одиш. Многу грдо ми изгледа кога ќе видам дотерана девојка на штикли и оди ко прекршена, со свиткани колена и гази како на јајца, веднаш ми се губи сета убавина.
    Подобро е пониски или воопшто не носи, ако не знаеш да ги носиш како што треба ;) .
     
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    За 1 пат издржав цели 7 часа со штикли, сакав поќе, ама не можеше, болеа корнеа, зато сегде кај шо ќе одам нешто ниско в чанта и после немам гајле, не се издржва, претерано болат. :)
     
  8. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Уште имам болки од завчера ;( Малите прстиња ми се подуени, синоќа едвај си дојдов.
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Имам кога ќе претерам. Ама една масажа на стапала од брат ми и како нова сум. Бајаги високи носам за излегување. Затоа гледам удобни да ми се колку- толку. Инаку се научив секој ден да сум на штикла (обична, полна од 4-5 цм) и не ми смета.
     
  10. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Јас немав проблем со високи штикли, бидејки од дома, во кола и на местото каде што одиме. Кога почнав на работа да носам штикли умрев. Нозете ужасно ме болеа, не масажи ништо не помагаше, кога осум саати на штикла. Извесно време носев и кога почна и кичмата да ме боли си земав салоники и сега сум или со салонки или со ниски чизми. Кога морам да одам некаде на некој состанок имам на работа едни високи штикли кои ми одговараат со било каква гардероба, бидејки се класични и сега немам проблем со болка во нозете.
     
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Никогаш не сум имала проблем со високите штикли, дури на сопствената свадба издржав цели 15 часа на високи штикли од 12 сантима. На работа сум на високи штикли, на излегување повторно носам штикли, ниска сум и кога ќе се дотерам не можам да се замислам на нешто ниско. Е за преку ден на кафе ( кога не сум на работа) не носам штикли.
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Веќе 10 години сум на високи штикли секој ден по цел ден, без проблем. Некогаш додека се нови и не сум се навикнала баш на нив како ми стои стапалото, по малку ми се некомотни, ама тогаш ставам од силиконските перничиња за да газам на помеко.
    Не е ниту до цената на штиклата, туку до формата на стапалото и како тоа ви лежи на кондурата, и дали правилно одите, а правилното одење се постигнува само со вежбање.

    Инаку, како што ги спомна Росоњерка, според мене најнеудобни(ама најубави Лобутинки) се 120 Пигал, во кои најголемиот чекор што е возможно да го направиш без да се тетеравиш е 15цм, и колку да си искусна на штикли, точно е дека болат стапалата, а наредниот ден и мускулите под колената. Ама и тоа се трпи за нив :)
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Тврдам дека може да не ве болат нозете и 10 саати ако сте на штикла од 12цм-ако убаво и целосно ви легнува стапалото на самата чевла. Носам високи штикли често и осеќам разлика од една до друга штикла. Се е до тоа колку се тие квалитетни и колку вам ви одговараат. Затоа се пази кога се купува, не е само да ми се свиѓа моделот, туку колку ќе може да го носите.
    И секогаш кога купувате, пробајте еден број поголем, често може да се случи да ви е далеку покомотен, а сепак точен :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. astra20

    astra20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    42
    Не носам многу високо ,но сепак си носам штикли секој ден.Само куче шетам во патики :)
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Немам проблем со високи штикли се додека во ташната носам балетанки,иако не е трајно решение.
    Како што тргнав штикли носам само за празници и тоа само поголеми.
    За останати денови си барам други решенија, чизмички на зима, на лето римјанки, сандалчиња на плута. Уживанција за мене и ногата.
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    На екстра големи штикли, без проблем можам да бидам околу 3 часа (ама и да седнам во меѓувреме :lol: , не да пешачам :x ).

    На помали штикли, можам да бидам околу 6 часа. Ама после тоа ми иде да ги зафрлам. :D

    Пред се` најбитна е удобноста, видот, дебелината на штиклата, затоа што имам пониски штикли, но помачни за одење од повисоки. :)
     
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Ах.. се случувало многу често бидејќи имам рамни стапала :doh:
    Но некогаш се случува со истите штикли да поминам без проблем, како на патики да сум :?: и се чудам. Обично и не ме болат нозете кога ќе испијам 2-3 чашки :lol: Ама сега за зимава си купив чизмички со 7-8 см штикла и можам да трчам со нив.
    Иако љубам да гледам убави високи штикли, сепак знам дека не сум способна и не е мој стил за да ги купам/комбинирам/носам...
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас имам рис, и многу ми е тешко да си најдам удобни салонки. За сандали не ми е проблем, ама салонки ми се смрт. Ми штрчи ногата некако, не ми влегува убаво стапалото, како да се сите правени за рамни стапала со некој лош пад.
    Немам штикли што се пониски од 10 цм, свикната сум на одење и стоење во нив, речиси 6 часа, без проблем.
    Ама конкретно за салонки, нозете ме заболуваат после 3 часа максимум. И знам да стегнам заби и да издржам до крај, па кога ќе ги соблечам газам како на јајца. :D

    Падот е клучниот момент.
    Ниту цената, ниту дебелината на штиклата, ниту материјалот. Падот.
    Штом тоа се погоди, три дена може да се издржи.
    A, jас како што сум инат, имам купено едно 5 пара штикли, што апсолутно не одговараат на моето стапало, ама од мерак сум издржувала на нив. Едино сандалите за матура вредеа секој денар, до денес ги носам без проблем, без најмала болка, а високи се 14 цм.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Јас не се согласувам со ова, не можам ич да одам ако штиклите ми се макар за пола број поголеми, а и побрзо ми се јавуваат болки.
    И дебелината на штиклата ми е важна мене, со потенка потешко се оди, односно помала е стабилноста во однос на подебелите, што претставува друг фактор за болка во нозете.
     
  20. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    за секој различно за мене не претставува