Манијак сум за високи штикли редовно носам за викенд а некогаш и за на кафе ама поретко Но по 5 часа носење..уфф болки невидени мразам што е така а јас секогаш сум во нив замислете од 9 до 3 часот навечер тоа се 6-7 часа си се чудам како издржувам некогаш ми се плачи од што ме болат,ама ако ги извадиш кога ќе ти отечат и нема после назад -.-
Девојки ве предупредувам дека секојдневно повеќечасовно носење на штикли резултира со деформации на стапалото.
Има влошки Dr. Scholls кои се многу добри. Не знам дали изгледа вака пакувањето, затоа што јас кога ги ставав во чевли веќе беа отворени влошките, ама сигурно каде што се продава Dr. Scholls ако прашате за влошки кои го ублажуваат падот (така нешто) ќе ви посочат кој производ е тоа.
Порано немав проблеми со било која висина на штикла..после неколку месеци ич не сум се качила на штикла и еве сега без разлика дали е висока или ниска после пола саат ме болат нозете..ужас
Постојано имам болки , ама фала богу си го најдов лекот . читав на интернет вежби и стварно помагаат , се надевам дека и вам ке ви помогнат Потпрете се со рацете на ѕидот, а нозете поставете ги во позиција „нога пред нога“. Со рацете, полека „туркајте“ го ѕидот, додека ги растегнувате листовите и тетивата во задниот дел на стапалото. Во текот на целата вежба, грбот мора да ви биде исправен, а со колковите „да одите“ кон ѕидот, сè додека не почувствувате напнатост кај испружената нога. Оваа вежба, што е корисна за вашите стапала, правете ја од 10 до 30 секунди или додека не почувствувате дека напнатоста попушта. Уште една многу корисна вежба е таканаречената „вежба со азбука“. Застанете на една нога, а со онаа што е во воздух, барем со делот на стапалото и зглобот, правете движења со кои би изгледало како да пишувате некоја буква. Со оваа вежба, што е најдобро да ја правите боси, ќе се научите да одржувате подобра рамнотежа и ќе ги истегнете мускулите.
.. znaci vaka od stiklite sto gi nosev i sto me stegale na nogata na prstot mi izleglo nesto kako pluska mislam deka e zasirena krv .. toa samo ke mi pomine ili treba da posetam lekar ?
Во зависност како ми прилегаат на стапалото, некои штикли што ги имам се толку згодни што можам да трчам со нив ама затоа па некои ги имам што едвај стојам ама тоа е што се вели због шеме
На полуматура првпат носев штикли и тоа беа 9 но неможев да издржам.Останав на нив 2 саати и тоа беше премија за мене па ги соблеков и си продолжив како и сите боса инаку одтогаш ги носев повеќе пати така да сега сум кај кај подобра за разлика од тогаш но мислам дека ако ги носам повеќе од 3-4 саати ќе си имам проблеми со рбетот
Имам рамни стапала и после 2 часа имам ужасни болки во нозете. Поради тоа неможам да најдам чевли на кои целосно ќе ми лежи стапалото. Но тоа е што да правам љубител сум иако не ги носам многу често.
Сега имам 21 година а штикли носам од 14 години така да веќе не ми е проблем дали ги носам 1 час или 5 часа.Ги обожавам штиклите и кога ги носам се чувствувам опуштенооо
Се навикнав на високи штикли. Ниски воопшто немам купено, веќе 3 години сум на тенко и високо. На почетокот ми претставуваше проблем додека да се навикнам, но сега можам што се вика и да трчам со нив.
Извини ама морам да го споделам мислењево дека БОСА во сред дискотека е многу сељачки. И на мојата полуматура и матура имаше такви девојки ама се ежам од тоа.. лошо изгледа. Подобро да си ставела балетанки во украсна кеса и да си ги замениш кога веќе не можеш да стоиш на штикли, отколку боса..
Јас немам проблем со високи штикли, речиси по цел ден сум на штикли на работа, на излегување... е сега зависи, има некои што ме убиваат, па немам класични болки во нозете туку ме болат прстите, ми излегува по некоја плускавица...но што да правиме, жени сме, мора да трпиме за убавина
Имам еден совет. После одењето на високите штикли, пробајте да ги измиете нозете со топла вода, потоа свртете кон поладна и пак кон потопла. Така неколку пати и верувајте, нозете нема да ве болат толку. Можеби ви се чини како чуден совет, но пробајте. Успева на мене, а и неколку мои другарки рекоа дека им успеало и на нив
Да, ова е точно, на денот на матурска ме болеа нозете страшно, али ги ставив во топла вода и ги измасирав, потоа бев како нова