Од трета година средно носев штикли и не ми беше важно дали еден саат дали 8, дали со кола ќе одам некаде или пешки ќе одам. Ги навикнав како дел од мене. Откако ја скршив ногата (не од штикли да не се разбереме погрешно) многу сум пребирлива за нив, најбитно каков е падот. И сега со најудобните (не ги рачунам тие на полна пета) издржувам 4 саати максимум ако сум на нога постојано, а ако не, можам и подолго. А ако знам дека треба да одам пешки некаде после тоа обавезно балетанките во ташна
Штикли носам скоро 3 години само за излагање,за викенди инаку не. И не неможам воопшто да издржам после 30 минути носење чуствувам болка кај стапалата. Инаку читав тука да истуриш пола капаче ракија и демек немало да имаш болки,вистина ли е? И дали ова е ефикасно,а притоа носам влошки во штиклата?
Мразам штикли, толку многу ме болат нозете, што ќе пукнам на моменти, не се издржува болката. Половина час и готово не бидува повеќе. Штикли носам само на посебни пригоди на свадби, крштевки, родендени, матурски и разни прослави. Но да ги носам сегде каде одам, не сум луда. За тоа се балетанките
Исто и јас мразам штикли.. Имам одено од диско до дома 15 минути боса, кога се вратив ги фрлив штиклите и од тогаш поминаа две години од кога не облеков штикла. На свадби одам во балетанки и ич не ме интересира што ке мислат други за тоа.
Доста сум пребирлива околу штиклите. Некако многу чудна слаба нога имам и лоши прсти и кога ќе облечам прстите, широко и грозно. Кога носам штикли гледам најчесто да се 'затворени' од напред. Често сум на штикли, но патика си е патика.
Јас доста често носам штикли. Се навикнав на болката, издржувам и по цела ноќ во штикли и тоа доста високи.Ако веќе носам ќе носам до крај.
Без штикла не излегувам. На свадба на братучедка ми од утро до крај на вечерта бев на штикла (тоа што дома се средив 1-2 часа бев боса) не осетив болка, но затоа утредента, како да ме имаат бодено со игла се чувствував. И пак би носела исто.
Штикли носам само по свадби, матури.И ми умираат нозете.Највеќе имам издржано на 10cm 6часа.Играв и ора и се.После тоа не можев до кола да стигнам
На штикла сум од мои 14-15г никогаш не осеќав болка. Најразлична височина на пета имав значи со сите одев како со патики.
Имам еден проблем. На 2/3 пара штикли, 2 3 пати ги имам носено и буквално штиклата е искривена. Не знам јас малку накриво одам, НО не до толку колку што се криви штиклите. И тоа кога одам во нив од позади баш се приметува дека се покривени.. Некој совет?
Квалитетот на штиклата е таков..совет мој фрлај ги дека и да ги носиш на поправка после некое време истото ќе биде.
Секогаш имам болка од високи штикли, но се не којзнае какви болки па да не можат да се издржат. Јас така и така не носам многу штикли па не ми преставува проблем болката.
Навикната сум да одам со штикли па болка не ни осеќам. Евентуално ако сум долго долго време во нив а да ми се нови па првиот пат да ме стегнат. Љубам штикли и ми се чини на седумдесет години ќе бидам збрчано, мало бабиче со шеширац и штикла.
Да. Понекогаш, да се изгледа убаво, средено, дамски, си има своја цена. Во случајот со високите потпетици, тоа е болката во стапалата. Затоа ги носам ретко, само за прослави и свечености. Вообичаено сакам удобност а удобноста ја наоѓам во рамни обувки.
Ау, после матура една недела нозе ме болеа од штиклите. Затоа високи штикли носам само на специјални пригоди. А, вака пониска штикла на чизми или сандали не ми пречи, носам тоа и посекојдневно. Високи штикли ми изгледаат преубаво ама ете болката во стапала после не можам да ја поднесам, затоа ептен ретко во високи штикли сум.
Зависи и од квалитетот на штикли, кондури. Од Биана имам носено штикли на свадба повеќе од 6 часа не сум осетила никаква болка, а кратки чизми со рамен ѓон, два часа не можев да издржам во нив, трчајки си идев дома, болки ужас од нив. Затоа на кондури веќе години назад не штедам, подобро едни ама вредни отколку 10 пара да ме сакатат.