Некој период имам затегнатост во препоните како некоја тапа болка. Правев испитувања крвна слика уредна како и урината. Не знам дали може да е појава поради тоа што скоро 2 години работам по 13 часа дневно на стол и понекогаш и трпам кога ми се оди по мала нужда, а исто така и често знам да седам во неправилни позиции. Со физичка активност полнав дури сега пред краток период. Секогаш мислам на најлошото затоа и ја отворив темава да дадете совет, мислење или да споделите искуство.
Може да е од грбот може да е од колкот не мора да е мускул на препона може да е кила ова се гледа физички.
Можно е да имаш кила, не знам на каков доктор се оди за тоа, ама мајка ми има, и има болка на препони исто така.. Како малечко топче и се појавува од време на време и и се губи, ама ја боли и кога нема топче..
Од крв и урина како ќе ти ја одредат дијагнозата за болка во препони? Не си настинат .... Оди кај матичен лекар кажи си ја маката и ќе те насочи каде и што да правиш кај кој специјалист...