Болка од убавите спомени

Дискусија во 'Психологија' започната од prominent, 29 септември 2019.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.236
    Деновиве се фаќам себе како мислам на некои далечни, минати времиња. Денови за кои тогаш мислев дека не се ништо посебно, но сега сфаќам колку сум била всушност, среќна и исполнета.
    Средношколските денови и факултетот, многу ми фалат. Многу.
    Слушам песни што сум ги слушала тогаш, гледам слики, читам страници од мојот дневник што сум ги пишувала тогаш.
    Се случува и да заплачам ако се задлабочам во тие мисли.

    Да, сега се други времиња, и сега сум среќна, можеби на друг начин, но среќна сум. Објективно гледано, сега многу нешта се и подобри од тогаш, но ете, чувствувам носталгија толку за тие времиња.

    Можеби е апсурдна темава, можеби ќе ми кажете дека е џабе, не се враќаат деновите, и така е, свесна сум за тоа.

    Затоа, не е кажано туку така, дека не знаеме колку сме среќни додека не изгубиме нешто. Кога тоа што го имаме ќе се претвори во спомен, е тогаш заболува. До тој момент, за жал, како да земаме се' здраво за готово. Како да ќе трае вечно, а не е вечно. Напротив, убавите моменти како да траат апсурдно кратко.
    Чекаме викенд, чекаме неработен ден, чекаме распуст и годишен одмор. А не знаеме дека деновите кои едвај чекаме да поминат, некогаш ќе ги бараме назад.

    Дали сте носталгични?
    Како вие се справувате со вакви мисли? Со убавите спомени што болат?
     
    На elimkd, WishDream5, lost123 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Леле, ќути те молам! Јас сум и повеќе носталгична од што треба. Болат некои работи што знаеме дека никогаш нема да се повторат. Али истовремено сум и среќна за тие периоди.
     
    На sj *O*, LittleChili, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу носталгична личност.

    Секогаш кога се навраќам на стари спомени ја чувствувам таа некоја болка во срцето. Искрено, некогаш се навраќам и на спомени кои не се нешто посебно туку само потсетник на како било порано, и исто чувствувам носталгија за нив.
    Кога ќе погледнам како се смениле работите (на подобро или на полошо), како истекло времето тоа ми е како еден... концепт што ме прави многу емотивна. Сакам некогаш да ги затворам очите и да ја почувствувам Срцка од пред 5, 10 години барем на момент. Да се сетам како ми било тогаш баш во тој момент со искуствата што сум ги имала до тогаш.
    Чудно ми е кога ќе помислам дека некои работи што ми биле секојдневие пред некое време веќе нема и сум навикната да ги нема, сум продолжила. Постои една тага во самото тоа што гледаш дека минало времето и дека сега се е поинаку.

    Можеби малку забегав од тоа ти што мислеше, но... :)
     
    На sj *O*, Someonespecial, LittleChili и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Хмм.. јас изгледам не сум многу носталгична :?:

    За средношколските денови не ме фаќа голема носталгија. Единствената причина поради која понекогаш жалам за средното е времето кое го поминував со најдобрата пријателка што ја стекнав во тие клупи. Сега сеуште се слушаме иако не толку често, се гледаме кога и да имаме можност, ама не е тоа, тоа.
    Ете сега се присетив колку ми недостига. ;(
    Имавме убави моменти, се дружевме, излегување, кафиња итн. Сепак не жалам којзнае колку, мислам дека секој период од животот има нешто свое и посебно да понуди и уживам во секој од нив.
     
    На Purplelilac и prominent им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    57.411
    Пол:
    Женски
    Многу сум носталгична.
    Кога ќе се сетам на некои убави моменти, без разлика пред колку време се случиле, ми се плачи.

    Знам да тагувам по оние времиња кои знам дека никогаш нема да се вратат. По оние личности кои никогаш нема да бидат исти како порано. По спомените со нив, некогаш радост а сега болка.

    Баш пред некој ден се сетив на еден значаен период со старите другарки, кога како помали имавме навика да се собериме кај некоја дома и да си пишуваме в споменари, да цртаме, да креираме, да се смешкаме за симпатии, па љубовната азбука која ја смисливме за никој друг освен нас да не разбира нешто што пишуваме... Секојдневните шетања низ маало, разговорите, смеењето, игрите..Безброј вакви и слични моменти.
    Ми иди да почнам да плачам на цел глас, но потискам..

    Ништо веќе не е исто. Нема ни да биде. Единствено што останува е да се гледа напред кон иднината, живеејќи го секој ден. Минатото секогаш ќе биде дел од нас, ќе не следи како сенка, да не потсети. До нас е колку ќе дозволиме да владее со нас. Спомените никогаш нема да се сменат, остануваат исти иако луѓето и моментите сега се сосема различни.
     
    На sj *O*, poppie, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Не е болка, туку засолниште.
     
    На sj *O*, Cinnamon Bun, T.e.d.d.y и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    15.544
    Пол:
    Женски
    Заокружив една целина, прифатив дека е така како што е. Нормално дека рандом ќе ми текне нешто, ама не сакам животот да ми зависи од константни емоционални навраќања. Сум имала ситуации каде што од премногу навраќање сум си заплакала на настани, што сосема не е добро.

    1Сè има свое доба, и секоја работа под небото свое време.
    2Време за раѓање и време за умирање; време за садење и време за корнење на посаденото.
    3Време за убивање и време за лечење; време за разурнување и време за градење.
    4Време за плачење и време за смеење; Време за тажење и време за играње.
    5Време за фрлање камења и време за собирање на камења; време за прегрнување и време кога се остава прегрнувањето.
    6Време за барање и време за губење; време за пазење и време за отфрлање.
    7Време за кинење и време за шиење; време за молчење и време за зборување.
    8Време за љубење и време за мразење; време за војна и време за мир.

    (Проповедник 3)
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Ме болат сеќавањата од нештата што ги немам повеќе. А оние убави спомени, што може и ќе се повторат пак, ми се бегство од реалноста. И најмали ситници ме прават носталгична (песна од серија што сум ја гледала пред 10 години).

    Ама убаво ми е некако, што знам дека имам среќни моменти од минатото..
     
    На sj *O*, MarioCasas, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.236
    @Srckata28, баш се задржа на темата и ја долови поентата, не се секирај. Твоите мисли се тука некаде со моите.

    Најинтересно е тоа што и оние работи што тогаш не ми изгледале толку пријатни, сега ги гледам од друга перспектива, што е и нормално, тоа си доаѓа со возраста. Но еве да речеме, за средно школо: Тогаш седев во клупа броејќи ги минутите до мал, голем одмор, броејќи ги деновите до петок и до последното ѕвонче, а ако човек ме праша сега, би дала се' за да се вратам барем за ден во тие клупи, на тие часови :)
     
    На sj *O*, Someonespecial, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Носталгија.. Самиот збор ти буди чувство на недостигање, на навраќање, на присеќавање.

    Имав период, всушност мислам дека беше во средношколски години, кога бев претерано носталгична.
    Се навраќав на секој миг со убави спомени, си запишував во дневник и мислам дека така само тагата за она што минало не се разлеваше само на листот хартија туку и низ секоја моја клетка.
    Понатака ситуациите и луѓето почнаа многу повеќе да се менуваат, се случи животот.

    Така што денес, многу повеќе сум носталгична за места отколку за луѓе.
    Затоа што местата секогаш ти ги будат истите чувства како и првиот пат кога си ги посетила, а луѓето и не баш.
    Носталгична сум само за луѓе со кои сум го поминала детството, тука мислам до 11-12 години.
    За луѓе со кои и понатаму средбите ни се исто толку живописни како и на почетокот, само што сега се поретки поради возраста, обврските или местото на живеење.
    За луѓе кои не ми се во животот, секогаш има причина. Најчесто е затоа што сум ги надраснала нивните каприци, па за таквите сметам дека со причина се во минатото.

    Како ја надминувам болката од носталгијата за она (оние) кои ми значат?
    Со музика и давање време на себеси од неколку часа за да ги ресетирам чувствата за идниот ден. :f:
     
    На sj *O*, Amellie13, Cinnamon Bun и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.988
    Пол:
    Женски
    Носталгијата беше мое секојдневие од кога разбрав дека животот воопшто не чека.
    Како мала желба ми беше да пораснам па едвај го чекав денот да ги дувнам роденденските свеќички, не размислувајќи дека еден ден се тоа ќе биде спомен кој ќе ми недостига.
    Малата јас би била пресреќна што веќе е возрасна личност, но сегашноста е сосема подруга.
    Животот е подарок во кој се крие безгрижност во лудите години, а во светот на возрасните секојдневна одговорност и проблеми.
    Се научив да бидам присутна во сегашноста, да ги ценам грешките и среќата кои ќе мамат насмевка на моето лице се дур сум жива.
     
    На prominent и Slatkata00 им се допаѓа ова.
  12. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    5.623
    Пол:
    Женски
    И јас сум од тие, тешко сентименталните. Еве не знам, мене единствено ме теши помислата - дека само можам да сум бескрајно благодарна што сум доживеала таква среќа, каква сум мислела само на филмови постои... кога ми се крши срцето од носталгија само благодарноста ме спасува и ми крева глава.

    Тоа, и помислата дека најдобрите години се тие што допрва треба да се доживеат, ма нека биде клише колку сака. И така некако туркам, и сонцето пак изгрева. :)
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    25.567
    Пол:
    Женски
    Секако дека понекогаш знам да се навратам на убави спомени , особено со блиски кои веќе не се помеѓу нас . Но секогаш сум среќна за убавите моменти додека траеле . Ми недостига тоа време кога бев дете , но се радувам бидејќи сум позрела и попаметна сега , имам пријатели , широк круг на познаници , свое семејство и свои цели и амбиции . Среќна сум што сум столб на еден дом . Што сум здрава и жива , и способна да воспитувам две мали човечиња , кои во иднина ќе треба да стојат цврсто на земја и да бидат сигурни во себе и своите можности .
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.506
    Пол:
    Женски
    Ехх тоа чувство некад знае и доста да боли.. Се гушам понекогаш кога ќе ја преоптоварам главата со носталгични мисли..
     
  15. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.937
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум доста емотивна личност,убавите спомени со некоја личност секогаш болат.:u:
     
  16. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Секогаш во животот ќе имаш по некој убав момент и по некој лош.
    Безсмислено е да се навраќаме на минатото.
    Барем јас така мислам.
     
  17. Love Elixir

    Love Elixir Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    127
    Не сум носталгична по минатото. Немам убави спомени од детството и раната младост :P Уште тогаш едвај чекав да бидам на овие години (не дека сум сега многу стара хехе) ама сега ми е многу многу поубаво. Уште тогаш како да имав некое претчувство дека овој период ќе ми биде убав
    :wasntme:
    Е сега за понатаму не знам :doh:
     
  18. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Знам да се сетам на старите времиња, убави моменти средно школо, факултетски денови, рани 20ти …. Навистина имам убави спомени(и неубави секако), но и да можам не би сакала да се вратам назад во тие времиња зошто сегашната јас сум најдобра верзија од секогаш и сигурна сум дека се што доаѓа е подобро од она што поминало :sun::inlove:
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Никогаш не патам по минатото, сакам сегашноста и иднината убави да ми се, минатото било па поминало.
    Знам некогаш да се сетам на некои убави спомени, но не сум сакала да се вратам назад. Доаѓаат и поубави спомени и денови од тие убавите во минатото. :)
    Спомените се само за да ти текне и да се присетиш со насмевка на нешто убаво. Нема зошто да ми прави тага нешто што поминало веќе и пак нема да биде на тој начин. Барем јас така гледам на тоа. :)
     
    На Ivanna23. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Javorov sirup

    Javorov sirup Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Носталгична сум по природа, ама не е тоа носталгија како ненеадминлива болка по нешто убаво во минатото. Му доаѓа како трошка копнеж за нешто убаво од детството, што тогаш било сосем нормално со оглед на годините и искуството да се доживува како такво и како одат годините не се повторува и доживува на ист начин.
    Сосем вообичаена појава, сите по некогаш посилно или појако копнееме за нешто пријатно од порано.