Болки и други здравствени проблеми во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од taska, 21 април 2012.

  1. taska

    taska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Модератор: Во оваа тема нашите идни мамички ќе можат да се консултираат во врска со различни болки со кои често се среќаваат, најчесто загрижени дали тоза што им се случува е нормално. Тука ќе можеме да се советуваме за болки во грбот, главоболки, зуење во ушите, киселини, и други состојби кои не мачат во текот на бременоста.




    Луѓе помагајте , 30 недела сум и имам ужасни болки во грбот и почнаа ноќе да ме будат ужасни киселини ....некој совет , лек , вежби било што на некој што му помогнало ;(
     
    На Moni-monice му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.210
    Киселини и болки во грбот

    За киселини, од искуства на други, што повеќе да јадеш морков.
    Морковот најмногу ги неутрализирал киселините и го регенерирал желудникот :) .
    Покрај морковот, можеш да јадеш и мед. Исто и тој многу помага.
     
    На moni.poni и taska им се допаѓа ова.
  3. taska

    taska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Киселини и болки во грбот

    od utre ce probam :) ti blagodaram
     
  4. gordost

    gordost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Киселини и болки во грбот

    kompot od modri slivi ili suvi slivi samo toa mene mi pomagase
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    Киселини и болки во грбот

    taska јас киселини имам од самиот почеток на бременоста и до ден денес ме држат. Единствено нешто што ме спасува е јадење , почесто , а помалку.
    Јадам на одприлика 4-5ч. Од сабајле задолжително доручкувам веднаш штом ќе станам, после 5ч. јадам ручек без леб, наредното јадење може да е со кришка леб и сл...
    Инаку имам читано дека киселините се сузбивале и со чаша ладно млеко, меѓутоа после тоа се создава во организмот многу поголема киселина.
    Компотот од суви сливи мене ми помага за одење во вц, што ми е голем проблем моментално.
    И да ти кажам на крај се и свашта пробав, но тоа е, ако имаме киселини џабе ни е се, пак ќе мора да си излезат. Ајде ти при крај си, храбро и смирено, наскоро сето ова ќе ти биде едно минато :hai:

    Заборавив да ти допишам за болките во грбот, нека ти прави сопругот секој ден блага масажа , по еден или два пати, а кога седиш седи со перница позади грб. Засега мене тоа ме смирува.
     
    На elizz и taska им се допаѓа ова.
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.110
    Допаѓања:
    44.783
    Пол:
    Женски
    Киселини и болки во грбот

    И јас имав премногу киселини.Викаат дека детето ќе се роди со косичка,моите и двете се родија со коса.:)
    Си пиев Рупурут,безбедни се за време за бременостаНо немој на своја рака,прашај лекар.Немој премногу зачинета храна,за компот од сливи не сум слушнала.
    За болките во грбот,нека не те плашат,тоа е од тежината.Пробај со јога вежби,слушам многу им помагаат на трудниците.
     
    На taska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    67
    мамички јас осетив болки долу кај органот некој како да ме сече мн ме заболе неможев да одам а и на десната страна јајникот ме заболе ама во пооловината не осетив ништо има ли шанси да се тие најавувачките боолки?
     
  8. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.368
    ако не се чести на 20 мин можно е да се лажни болки..
     
  9. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    67
    девојки цел ден имам болки како менструални а посебно ко се движам некој како да ме сече во петокот правев цтг немаше контракции па нз што може да е?
     
  10. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Еленика а имаш болки постојано или на периоди, зошто јас имав вчера болки не беа силни од типот на оние менструалните ама не на периоди и една пријателка ми кажа дека не е ништо страшно дека бебето се местело во положбата за раѓање. позз
     
  11. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    67
    не се на периоди ама почна сеа и грбот да ме боли али овие се трпат болки само некако чудни ми се како некој да ме сече кај јајниците нз како да ти опишам поз
     
  12. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Здраво мешиња. Сакав да се консултирам. Имам претерано јаки болки во пубичната коска. Какво е вашето искуство со тоа????
     
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    1.152
    Ова ти е уште еден несакан симптом на бременост. Кажи ми те боли кога одиш или цело време?
     
  14. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Постојано боли. Почна пред околу една недела. Не сум имала прилика да слушнам па се мислев дека ми е нешто од температурата и настинката која баш убаво ме изнамачи неколку дена.
     
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    544
    може ми е малку глупаво прашањево, ама со текот на бременоста како што расте мешко се осека се позатегнат така?? :?: јас веке почнувам така да осекам, и ако стојам повеке време ме заболува во грбот дијагонално со желудникот :(
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    753
    јас во поселдно време се почесто имам болки во долниот дел на стомакот, и тоа такви болки како што се менструалните, и треба да легнам да ми поминат, инаку не поминува и неможам да одам на долги стази. На некоја и се случува ли ова во овој период од бременоста? нормално ли е? :?:
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    5.042
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Кој месец си?? Јас чувствувам исто, не премногу често. Не се баш болки, повеќе е како тап притисок. Не ме плаши искрено :?:
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    Пробај повеќе да одмараш. Влегуваш во по ризичен период од бременоста, така да не се форсирај. Ова ти се лажните Брекстон контракции, но многу е рано за да ги осеќаш до таа мера да мора да легнеш.
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    544
    јас денес повеке време пешачев , и сега од време навреме и јас осекам така некои послаби болки како менструални во долниот дел од стомакот :( може е од пешачењето
     
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    753
    28 недела и 2 дена.

    меуу контракции нели се она кога ке ти се стврдни стомакот??