Фала ви многу девојки. Претпоставував дека е нормално, не се големи болки ама ненадејни. Јебига, фуфки, прв пат ми е, па да си прашам. Хахахаха...
Да ве прашам мешенца дали може компјутерско снимање на глава во 4 ипол скоро 5 месец од бременоста ? Не за друго да не се брукам докторката да ја прашувам Имам ужасни болки во главата(мозокот ме боли) цела ноќ скоро немам спиено од болки внатре во главата кај левата слепочница се до над увото лево и тилот позади , ако се наведнам или легнам на рамно осеќам ноздрите (синусите) како ми се отвараат и како воздух у мозок да ми влага толку силна болка ужас , не сакам парацетамоли да голтам страв ми е да не штети на бебе , ова се ми се случува ако малку погледнам на светло преку прозор или ако се задржам повеќе од 30-40 минути надвор и потоа ужасно е , стравот не ме остава на раат се ми се врти низ глава лоши мисли кога имам болки па си мислам дали е последица од ненаспаност ,дали од преосетливите очи или од промена на времево дајте некој совет ...
Најубаво прашај си, ова што го опишуваш не ми се чинат како обични главоболки. Може да е мигрена, може од настинка да е, од проблем со видот... Мене од сон ме има будено ваква главоболка ко што опишуваш, солзи ми течеле дури, ама за мигрени се работи кај мене, си ги имам јас. Да не ти делиме совети на памет и да не се правиме доктори тука, најубаво прашај си ја докторката и да си бидеш мирна
Прашај и оди на преглед обавезно, ама мене мигрената ми е таква како што опишуваш. Кај мене се активира на сонце ако сум подолго време или од јак мирис, парфем и слично. Ме боли едната страна, окото ми тежи и кај синусите, на таа страна ако легнам како тежина имам, се до назад десниот дел од главата. Обавезно ми се лоши на крајот и така ми поминува ако се олеснам. Во бременоста многу ретко, скоро воопшто не ми се случи, ама не излегов на сонце летото воопшто, пеколно лето беше, само навечер. Е сега кај тебе можно е од светлина да се јавува. Дали чувстуваш дека ќе те боли пред да почнат силните болки? Јас ако се напијам во тој момент ибупрофен се запира болката, и мислам во ова тромесечие е дозволен да го пиеш. Само консултација со доктор прво и преглед, се надевам не е ништо страшно.
Јас кога бев бремена првиот пат ми правеа компјутер магнетна. Кај мене правеа за детето ама иста процесура е.
Напиј се слободно парацетамол, не е штетен. Само не знам дали ќе ти помогне. После породување имав и јас вакви главоболки како што ги опишуваш ти.
компјутерско снимање е штетно и за обичен човек а камоли за трудна жена.Едно снимање на компјутер е рамно на 100 рентгени во еден ден
Фала на советите милички значи сепак ќе морам со докторкава да се советувам , некои денови неподносливи се болките што почнувам да повраќам дури и од плунката
Здраво женички, Би сакала да слушнам ваши мислења во врска со промените во организмот во текот на бременоста. Моментало сум во 11 недела, од почетокот имам гадење 24/7, повраќање не толку многу, но гадењето е неподносливо. Имам страшни вртоглавици, но и тоа го истрпувам некако. Осетлива сум на секаков мирис, неможам садевите да си ги измијам, неможам да користам омекшивач за перерње или пк некои јаки прашкови. Едино што ме мачи и што ми е најчудно е тоа што ми се јавува гадење од самата помисла на некои материјални работи како ќебе, телефон, облека. Неможам да се покривам со ќебе, неможам да облечам џемпери а надвор грч ладно, неможам ни да допрам ни да видам џемпер, на самата помисла почнувам да повраќам. неможам да гледам во мобилен исто повраќам веднаш, само што ке го земам во раце. Дали е нормално или мене ми се страшно пораметени хрмоните
Нормално е @MinaK . Можеш да земаш антиметил на база на ѓумбир да се смират мечнините или plasigen b6 на база на б6 и ѓумбир.
Иста бев и јас. Од кревет не можев да станам. Остана уште цревата да си ги повратам. Дури на инфузија завршив. Само ќе ти кажам повеќе течности за да не дехидрираш ( можеш и чај од нане) и пред да станеш насабајле од кревет бисквит касни иако мене ни тоа не ми помагаше. Ќе помине, се е нормално.
Девојки, здраво на сите. Бремена сум 11недела и 6 дена. Немам речиси никакви проблеми, немам гадење и повраќање, супер се чувствувам. Единствено што ноќе не можам да спијам, станувам по 2-3 пати.
Здраво мешина дали зема некоја реглан ,јас до сега немав потреба повраќав еднаш на две недели ама сега веќе 2-3пати на ден ми иди а 5ти месец сум бремена
Здраво мешиња,јас сум веќе 19 недела бремена. Пишав и претходно дека имав проблем со запек и со дување на цревата.Епа излезе дека имам контракции на матката.Ми се згрчува онака баш буквално згрчување.Долниот дел од стомакот ми е цел како тврда топка ,видлива и за око и можам да ја напипам.Е сега некогаш ми е цел долен дел некогаш само на страните,но како и да е , 99% од денот ја имам таа топка.Ме плаши тоа што имам контракции на матката уште сега.Бев кај матична,ми кажа да пијам магнезиум по 800mg во денот,си продолжувам со дабростон и повеќе одмор,но проблем е што јас неможам да одмарам.Живец сум и морам нешто да правам.Ме прегледа и со рака ,грлото на матката е супер.Дали некоја од вас била во ваква ситуација?Се плашам премногу.Ево последниве 3-4 дена и ме боли стомак.
Како ти ги проверија контракциите на цтг? Јас во 23-24та недела ми се појавија баш во долниот дел под папокот исто баш исто се стврднуваше и бев во Ремедика грло супер,цервикс затворен но ме пратија на Електротомограгија на институт за Физиологија и таму ми покажа контракции од лесен степен ми покачи исто 800мг.Магнезиум и плус В6 ми даде да пијам и мирување...Кога ќе ме фатеа си лежев и пиев 2 чаши вода и до тоалет да измокрам и ми поолеснуваше...Па таму до 28ма мислам ко ми се изретчуваа еве сега сум 36+.Зборот ми е да следиш на колку време се чести ако треба и ќе одиш на лекар...Јас некогаш ги имав на 1ч.по двапати во ден...некој ден на секој 4-5ч.некој ден дали два пати цел ден ќе се згрчеше...понатаму како ќе расте матката и ќе се качува над папок исто ќе се стврднува и плус бебе поголемко...Мирувај и пиј Магнезиум ко што ти рекол Др.и Господ нека не чува
Не ми ги проверија на цтг.Туку матичната ме гледаше вагинално и на ултразвук.И објаснав на колку време ми се стврднува така стомакот.Мене ми се случува и по цел ден да ми е стврднат.
И мене така ми се стврднува матката т.е како да се собира и стои така 3-4 секунди тврда па ќе се пушти сега сум 16 недела и ми кажаа да одмарам повеќе , пробај и ти така повеќе да одмараш .
Затоа и те прашав зошто рано е цтг да ги препознае тие контракции затоа ме пратија мене на тоа следење..Ништо одмарај си не се плаши смирена биди и б6 пиј си мене тоа ме смируваше и магнезиум пиј си сабајле/попладне/навечер јас ги пиев Директ на Фарма нова
Isto sum i jas i na poslednata kontrola kazav za ova pa me gledase vaginalno,17+2. Naredna kontrola za dve nedeli pa pak ke napomenam, denes imam stvrduvajne a ima denovi koga nemam ima denovi koga e cesto. Gospod da ni pomogne na site.