Мешиња вас што ве болеа опавчињата ,колковите и половината дали ви се намалија болките и како ? Јас како растам со меше болките ми се сѐ по ужасни , како пингвин одам со кратки чекори дека кога правам поголем чекор ми се блокираат колковите и одма крцнуваат , калциум и крвна слика се е супер , ова ми кажаа дека бебе било многу доле т.е доле сум го носела па така болките биле . Дајте совет ,мачкате ли нешто , се масирате ли ?
Мене ништо не ми помогна. Си болеше јас си плачев на секое стснување од колкот и од опашката. А еве сега немам проблем фала му на бога, со ништо
Nemam idea kako da gi smirime bolkite... Ista sum I jas samo sto mene I preponi me bolat plus mnogu. Ke si trpime offff
Mesijna imate li kako bockajne dole kaj intimata? Mi se slucuva nekogas kako peckajne,bocjakne nez kako da pisam... Inaku si imam pak maka so desnata noga,vo kolkot gore mi boli,stega
Исто и јас си имам таква мака , и после уринирање кога ќе се пројдам со тоалетна осеќам како се да ми е отворено доле и болки при уринирање имам во препони и бешика/матка . @Bebulleee @MarioliMia тоа значи до пораѓај здравје да си трпиме болкиве па потоа со Господ напред ако ни пројдат арно ако не па ќе си трпиме еееее жена , мајка се ќе си трпи за убаво на детето
Болеа и пак болат. Приквечер сум целосно укочена...сеедно дали цел ден сум одмарала или сум била активна. Мене ми помага топла бања и масажа од мм пред легнување. Втората бременост стасав до ургентен од јаките болки и добив парализа дури. Тогаш започнав со појас за трудници, Знам бебето беше карлично, лоша положба, па дополнително имав болки. Од денес повторно започнав со носење на појасот. Тој ми олеснува болките.
Кога не е главчето доле а ножињата горе, туку друга позиција. Некогаш е главчето горе а ножињата доле, не е уште свртено, а кај мене конкретно некако беше и малку странично, во долж, па и немаше многу место и ми се деформираше многу стомакот и удираше на некој нерв. @duffi имаше ставено во некоја од темиве примери, слики, за карлично бебе. Кога ќе види сигурно ќе сподели повторно слика или линк од конкретната тема.
@Mimmi39 еве една слика од 3 положби на карлично поставено бебе. Главчето кое по правило треба да е долу, кон вагиналниот отвор, тука е горе кај папокот. @danichap истото го забележав и јас кога е карлично ми прави големи болки. А кога ќе се сврти како што треба се чувствувам како пердув лека. А упорно се врти. Не престанува. Последните недели појасно му ги чувствувам движењата.
@danichap како поискусна мајка или другите ако знаат, што се случува кога бебето е надолу со главата, но свртено нанапред (се надевам убаво објаснив), ќе треба ли царски? Можно ли е после 36гн да се сврти наназад.....
Мажми не ме масира страв му било и не знаел како а топла бања ми е само од тушот што ми тече по тело топла вода и го држам така да тече кај половината ама џабе цела се укочувам во спиење уште повеќе и како контракции ми се појавуваат во матка што не можам ни да уринирам , докторката ми кажа да одмарам што повеќе и да внимавам , а болкиве ќе си траеле до пораѓај потоа ќе сме виделе дали ќе пројдат сега се јавив да закажам скрининг втор и ова како одговор го добив утеха за никаде многу ниско ми било бебето да лежам повеќе рече А јас со две мали деца ќе се изналежам @Leo_29 не е прашањето за мене знам ,ама на YouTube сега скоро гледав во странција жените со така завршено бебе и со бебе завршено со ликот накај анален отвор се порањаат во поза како куче ама подпечено со раце на бокс подисправени ,а со задник по напупени ... Ама објаснив и јас
Прецизен одговор не би можела да ти дадам, но ја имав таа поза во првата или втората бременост. Никој не ми спомна царски рез тогаш. А да, и во 36, море и на ден на пораѓај може бебиш да смени позиција. Не се знае.
@danichap и @duffi ви благодарам на објаснвањето. Кај мене беше хоризонтално поставено на последните прегледи и докторот рече дека сеуште не е важно како е поставено. Нормално е вака да си биде, хоризонтално?