... болки во горниот дел во средина - желудник, рефлексија кон десно веќе имаме болка од јетра и жолчка, болка во желудник не мора да биде од исхрана туку може да биде од нагло покачување на крвен пристисок при што дава и дополнително нагон на повраќање ....болка во желудник може да биде поради неможност на варење на некоја храна т.е. интоксикација (тровање) и додека тоа не се исфрли назад преку уста, па макар испровоцирано со прст да се ифрли нема да прекине...можно по извесно време болката да се префрли назад, па надоле кон бубрегот па да испадне напад на колика... одбери што може да имаш, па да знаеш што да пиеш ! ... кај тебе највероватно е од храна затоа што кажуваш дека имаш ужасни болки можно и жолчката да изреагира, доколку е тоа најдобро е да го исповратиш изеденото,ако немаш дома Капс.Омепразол , раствори лажичка сода бикарбона во малку вода и испиј, и земи тбл. аналгин ...
Бремена сум 22 недела и не смеам Аналгин , се напив голтка по голтка Кока-Кола ама не бива , сега ќе се напијам парацетамол белким ќе ме смири .. Сабајле кафе на гладно пиев и потоа јадев салата мајонез со макарони ,кифли и копанче по 30 мин од јадењето пак кафе пиев и мало парченце тиква печена јадев , киселините Гастрогард ми ги смири ама желудникот ужасно ме боли знам дека е од тиквата ама не ми се ни повраќа ни во веце ми се иде , ама грчеви на матка веќе почнаа да ме фаќаат од болкава , на среде кон лево ме гори желудникот
... туууу , зашто не внимаваш што ти пречи? и не се пие Кока Кола туку ПЕПСИ, ако мислиш дека ќе ја среди киселината ( името Пепси иде од содржината - ензимот пепсин кој самиот пијалок порано се користел како лек)! често пати и медицинскиот јаглен врши работа !
Снеже штом се толку јаки болките оти не одиш да те види дежурен. Ќе ти даде нешто. Друго на своја рака за болки јас не би. Си пиела веќе парацетамол, гастрогард.
За болки во желудник има едни таблетки кои се лижат, мислам дека се викаа Гастал ама искрено немам поим дали е дозволено да ги земаат бремени жени. Ако некоја знае нека пише. А навистина помагаат, веднаш делуваат.
Да сега чекам да ми донесат парацетамол да се напијам , а што е лошо немам аптека ни во близина гинеколог , а дежурен па ич ќе издржам до сабајле некако и ќе идам на лекар .
За киселини што земате? Обично ноќе ме фаќаат па да си имам лек при рака за секој случај. Кисела вода би помогнала? Таблети некои?
Rupurut lizam pred spienje i mirna sum cela nokj. Ne mi doagja kiselina nego me pece cel hranoprovod pa ova mi e super. Drugo ne mi pomaga
@Minnie-e И мене само Рупурут ме спасува од киселини. Веќе рутински ме фаќаат штом си легнам навечер, без разлика дали имам или немам јадено и без разлика што сум јадела Си ги чувам на масичево до мене, за добра ноќ ми се
Ќе можеш сама по царски, само не се откажувај! Ќе те подболува рана, првите денови ќе ти биде тешко да го кренеш и наместиш на цице, ама тоа кратко трае. За да си ја "чуваш" раната купи си перница за доење. Јас се сама (со мм) правев. Полесно ми е да се помачам, отколку да се нервирам со луѓе по дома.
За болките во желудник ме ставија на диета само двопек , јогурт и чај (нане,камилица,овошен) компир ,ориз никако и бистра супа само едно спазмекс на ден и три пати на ден Линекс , ако продолжат болките во желудник да идам на дежурен утре,задутре и на интернист од понеделник .. Крвната слика и урина сабајлево супер ми искочија ..
Болките се вратија во желудник и тоа со вртоглавици и пролапс на срце пробувам да сум смирена ама тешко се надевам нема да треба дежурен ...
Држи се Снеже. Направи ги потребните анализи. Ако треба и дежурен нека те види пак. Нема потреба вака да се мачиш. Ни со спазмекс ли не се мирува? Напиј се и б6 и магнезиум. Б6 можеш и две и три.
Со ништо мила не се смирија дури почнав студ да осеќам и раце да ми се потат чекам докторкава да ми каже сега кај да се упатам на ГАК па ќе видам што ќе направам , ова не се издржува ...
Единствена ли сум со тешко варење на храната !? Буквално што и да каснам,мислам цревата ќе ми експлодираат хелп нешто да ми го смири стомачево 17 недела сум...
Незнам колку ќе ти е од помош, ама мене кога ме фатија киселини, болки и горење во желудникот ништо не ми помогна. И јас се ставив на диета. ЏАБЕ После си продолжив да јадам и со време сами поминаа.. Беа мн јаки и болни, шмукав и таблетки и тоа
Бев на ГАК ме прегледаа внимателно и ме ислушаа , совет ми дадоа и на гастро бев со ехо ме гледаа , желудник и жолчка супер се нема ништо , црево исто супер , хормонално бебето ми правело проблем со варење на храната , и сега сум на храна 14 дена само варена без зачини и на ранитал секое сабајле по едно на гладно