Јас така минатата недела со болно грло направив три пати гаргара со раствор од вода (1дл) морска сол (1 м.лажица) и сода бикарбона (1/2 м.лажица) и утредента веќе не ме болеше
Леле, да, после скоро два дена и сега на 4 метилдопи сум (на секои 6 часа) ама еве стабилно неколку дена. Дури и цтг ми направија бидејќи многу ѝ смета на бебе ко ќе рипне така притисокот и фала богу добар испадна - фала на грижата. Кај тебе како е?
Утрово направив тест за бременост и испадна позитивен, но бидејки имам нередовна менст. не знам точно од кога и колку време но од месец ипол не е повеќе.Овие неколку дена ме боли стомакот долу во јајниците..не многу јако ама ме боли, на моменти поминува и пак почнува. А пред неколку дена како да видов на тоалетот светла розева крв ама многу малку беше и подоцна немаше ништо..се си мислев треба да ми дојде и не обратив внимание. Не сум свесна што да правам, дали да одам на брзата сега или да чекам утре кај матична па да ми каже што како? Прашањето ми е колку е нормално таква болка во стомакот во рана бременост или колу е сериозна. Ве молам некој за мислење..
Normalni se grcevi dole.kaj matkata i jajnicite..mene koga mi gi snemuva pak me faka panika uzivaj..odi kaj maticnata utre.neka.te.pregleda..so sreka
Некои работи за некои луѓе се нормални за некои не се. Јас би ти препорачала строго мирување и утре обавезно оди на гениколог. Не дека е лошо ова со грчевите, но превентивно за седа биде во ред.
Ви благодарам мајки за мислењето, утре обавезно одам ама до утре цела сум во прашалници..дај боже се да е во ред...
Би сакала да ве прашам дали некој има искуство со болки под градите (баш на пределот на прислукот) јас носам само беби долчиња но и градите не ми се зголемени значително. Оваа болка ми се појавува од време на време, во текот на денот. Ме интересира дали истото му се случува и на некој друг ? Патем во 7ми месец сум веќе...
Претиска матката веројатно во тој дел. Всушност ребрата таму болат. И кај мене се случува кога станувам од сон. Ако сум спиела како клопче.
Убаво си ме разбрала, болат ребрата... Само ако лежам скроз право и мирно без перница престанува болката, ама тогаш настапуба болка во грбот... Аман Господе веќе не се издржува... Секој ден.. секој ден..
Високо ли го носиш? Така е беблак поставен и за жал претиска. Нема друго освен да си најдеш соодветна позиција.
Јас мислам дека е дијафрагмата. Истото го чувствувам и јас, а 22ра недела сум. Посебно кога ќе се прејадам, по цела ширина под градите ме притиска.
Пиев еден гастрогард ама ништо ...ајде сега со млеко ќе пробам да видам никаква позиција неможам да фатам
Провери ги пижамите ластикот горе да не ти поминува точно врз желудник ..од тоа може и ребрата да те болат мене така па се чудев од што,маж ми ме просветли хахах
Вчера бев на контрола и баш се жалев на болката, лекарот ми рече, сосем нормално, очекувај и карлицата да почне да боли каде и да е. Бебето расте и сега болката ќе се зголемува. Чаре? Повеќе одмор!
Уште не те боли карлицата? Ти си среќничка тогаш Јас веќе како патка сум кога ќе почне да се укочува или кога сум долго на нозе. А каде ми е крајот ехееееее