Добра сум фала Богу не е вирус , ама добро ме исплаши сигорно ми е од водата тука дека не е чиста сега сум супер немам ништо ..
Денес сум катастрофа, малаксана и свест ми се врти..мислам ако застанам ке паднам. Понекогаш знам и да повратам, не е често, но се случува, потоа ми олеснува. До 5 месец што се вели заборавав и дека сум бремена, ни мачнини, ни повраќање...туку сега, инаку сум 28+3, притисок, крвна слика во ред. Се случува ли ова и на некоја друга?
Можи и јас истиот случај, 32 недела, од сам старт супер, ама сега јаки киселини, пад на енергија, притисок, плус ептен меморија како на златна рипка....цццц.... ај ќе помини и тоа
Ме излудеа болките во колкови и опашката , секое движење со нозете макар и малку да ги помрднам имам ужасни болки , докторката вели дека чаре сега за сега нема , ама ова на психа мава веќе од ден на ден како расте бебе мене болките се поголеми ми се од што притиска . Кажувајте чаре какви масажи да се прават ни допир не трпам , боли и така , како внатрешни модрици како да имам а преглед имам на 9 март закажано .
Ај и тука да пишам Слаби менструални болки и цврст стомак ептен ниско од што може да е? Читам лажни контракции можело да се, а јас штотуку влегов во 5ти
Знам дека е нагаѓање, прашувам дали се случува и кај други трудници,затоа и пишувам на форумов за да читам туѓи искуства. Прва бременост ми е од кај знам што е нормално,што не. Гин.не ми е тука денес,затоа се обраќам на форумов.
Слаби менструални болки. Се знак дека матката се шири и нормално болки грчеви ќе имаш. А за тврд стомак и мене ми беше у 6ти месец . Нормално е . Додека нема крв нема место за паника
Нормално е мила дека ќе се замислиш или исплашиш од такви болки и стегање иста сум и јас од многу рано осеќав така и на терапија сум со утрогестан еве пуни 8 месец јас си ги користам уште , затоа советот ми беше за да се консултираш макар и на телефон со гинекологот , или додека да биде од во ординација ти дома одмарај што повеќе за да не се преоптеретуваш со движење или долго седење на неудобен стол, напиј се б6 или магнезиум и одмори малку .
@Chanell* Јас во 6ти месец само што влегов,почнав да имам скоро секоја вечер менструални болки,веднаш и се пожалив на матичната,се воспостави дека ми бил скратен цервиксот,ми препорача строго одмарање и утрогестан. Туку помагајте луѓе имам ужасни болки во грбот,како со нож да ме боди некој,цел грб мислам дека ми е фатен,ни воздух не можам убаво да земам. Се мислам со маст да се намачкам,да пушти малце,смеам ?
Девојки, пред една недела правев контрола на урина и покажа крв и еритроцити, но докторката не се вознемири нешто многу а денес правам пак и искача и крв но и прв пат се појавија протеини. Јас сум плус со висок притисок и се извадив од памет Секако ќе одам кај докторката но ве молам споделете искуства, мислења - има ли некоја феминка со прееклампсија, се контролира ли лесно? А и ова со крвта ме плаши
Јас имав трага од крв во урина и испаднаа камења на бубрези..правев и уринокултура беше чиста..а со другото незнам ама ќе се среди без нервози
Да да на ехо дури тогаш дознав дека бебе е маже ама јас сама си сакав да ме проверат дека почнаа болки да имам во половина..и притисок на бешика
Здраво на сите...Имав 3 абортуси до сега,сите беа до 8 недела...ги направив сите мозни испитувања и сега сум со надеж дека се ќе биде во ред. ..и сега сум пак бремена, последна менструација ми беше на 21.01.2018, пред една недела направив тест и позитивен беше, денеска бев на гинеколог и ми ја потврди бременоста, но не можеше да го види плодот, постелата ја имасе во форма на круг но внатре како да беше празно...ми даде надеж гинекологот дека можеби уште е рано и да одам пак после една недела, но јас некако како да се разочарав,ме фати паника...дали можеби му се случило и на некој друг ваков случај? Дали има надеж? Инаку сум на терапија со клексани и од денеска утро гест ан 200...
Да, исто и јас бев. Два пати бев на доктор и не се гледаше. Третиот пат имаше и бебче и срценце. Се беше во ред понатаму.
Пред се честитки со лесно овој пат до крај..знам како ти е ама не мисли одма на лошо етр кај мене беше така касно зачнато и јас ко тебе испаничена па читам на нет за празна кеса без плод абе свашта за на крај да си го слушнам срценцето и ете го расте во мене така да опушти се и гали мешко