Здраво на сите Денес од сабајле имам некоја тапа болка во препонот на десна страна, незз ни дали јајник дали препон. 15та недела сум до сега немав никакви болки. Сега сум преплашена и незз дали да одам на клиника или нормално е. Читам по нет демек некој лигамент некој може да биде. Искуство некоја
Здраво мешиња, не знам дали ми е за овде прашањево, ако не е модераторите нека го преместат. Денес бев на контрола кај матичната и ми рече дека бебето е ниско и барем уште две недели треба да издржиме да не се роди, инаку сум 34 недела. Јас отидов зашто имав некои болки ниско во стомакот и се испостави дека бебчо се завртел со глава надоле. Ми рече да носам појас за трудници и да мирувам. Јас го земав појасот ама неудобен е до немајкаде. Некоја со слично искуство? Фала ви и извинете за долгиот пост.
Такви се, неудобно, ама помагаат. Сите три бремености носев поради болки. За положбата од лично искуство се вртат, цело време. Не значи дека така ќе остане. Одмарај и добра мисла.
Ништо не ми кажаа а знам дека требаше да го измери. И се нервирам, треба да чекам до наредна контрола во среда за да ја прашм зашто денес ко во небрано и шок ме фати и ништо не прашав. Инаку јас и конизација сум правена пред точно 2 години. И некако ми е страв. Ама што е тука е. Ваков ли @danichap ?
Малку поинаков беше мојот, но да, многу сличен. Во некоја од предходните бремености го постирав, преку пребарувачот сигурно ќе испадне. Инаку јас од 8 месец имав чуство дека не самл што тежи туку и дека рака нога ќе испадне, не е нешто страшно/ново. Што не ти кажала Должина на цервикс. Но доколку било алармантно ќе спомнела.
Леле исто чувство го имам со недели. Ама штом еве и ти кажуваш дека ти било така ваљда нормално е последниов месец и пол. За првото немав ваква мака а сега ме погоди тоа што ми рече мирувај, а мене кожа не мњ трае, имам за пазарење за бебчо. Ти дури носеше појас дали беше активна, шеташе? Фала ти многу на брзите одговори
Првата бременост шетав цело време, терав до 41ва. Втората исто, шетав, плус со мало дете, пак до 41. Третата под огромен физички напор со две мали деца, 7-10 дена неколку прсти отворена и терав до 38ма.
devojki dali vi se slucuva da vi se srvdne stomakot i kogake se stvrdne mi se javuvaa bolki vo zeludnikot?
Јас имам болки 2-3 дена десно од стомакот, но осеќам дека е бешиката изгледа од климата на работа ми е настината, кога го вовлекувам стомакот навнатре ме боли, почесто одам во ВЦ, но немам печење долу. А ме боли цело време, ќе си земам чај од брусница денес бил убав за тоа. Што мислите вие?
Стврднување и пуштање без болка за неколку секунди, пропратено со непријатно чувство се лажни контракции. Болката во желудникот не би требало да е поврзано со тоа. Напиј се ,можеш. А болки издржливи се нормални. И да не е бешиката.
Zdr Dali imavte bolki vo jajnicite jas sum 9 nedela I imam tap bolki vo jajnici te Deneska ke odam na pregled
Здраво девојќи, во 27 недела од бременоста сум и цела нок и утрово имам болки во желудникот осеќам како да ме пече неколку пати и повратив утрово и сеуште осеќам гадење. Дали е тоа нормално ве молам за совет?
Јас терам 34та недела, од почеток на бременоста до сега имам киселини и болки. Не јади намирници што ствараат киселини, мали оброци - почесто. Џвакај убаво. И најди нешто што ти помага за киселините. Знам дека и ГастроГард за шмукање се дозволени ако не се издржува.
4 недела сум, страшни главоболки, киселини, повраќање и гоолема малаксаност, тоа најмногу ме загрижува, не можам од кревет да станам основни работи да завршам, буквално се влечам по дома..колку е нормална таква малаксаност и исцрпеност, инаку крвта беше во ред. Има ли некој слично искуство?
Јас. Само што кај мене почнаа од 6-7-ма недела. Само одмор, лежење и кратки прошетки навечер на посвеж воздух. За храна, што и да те советувам, кај секоја е различно. Ти сама ќе си најдеш што ти одговара.
Бремена сум скоро 12та недела, и некогаш при нагло станување, чувсрвувам како сечење во пределот кај јајниците, болката е како да ми се истегнуваат мускули. Дали некому му се случувало? Ви благодарам.
Мислењето ти е за овде. Таму нема да добиеш соодветен одговор. Честитки и со лесно да ја износиш бременоста.