Вчера работев низ дома, со паузи се разбира...но сабајлево во 4 сабајле се разбудив со некои тапи болки низ стомак. И исто така, стомакот го чувствував како тврд. Прашањето ми е дали ова е поврзано со тоа што бев поактивна тој ден или се должи на самата бременост? Инаку сум 17+3.
И мене така ми се случува кога ќе се заморам, сите велат дури е издржлива болката е ок, а и матка се шири.
36 i 5 dena sum me naboluva kako bodezi vo gorniot del od abdomenot od levata strana kako broboduvanja dali e toa normarno sto pritiska bebeto ili?
Веќе неколку дена чувствувам болка во пределот околу јајниците,не секогаш туку на моменти,а од утрово имам болки и во половината,баш како менструални болки.Како секој момент да треба да добијам.Не сум кревала тешко и не сум била физички многу активна.Инаку сум 10та недела.Дали е нормално ова?
Каков магнезиум обично земате? На контрола сум дури наредна недела па не сакав да земам било што на своја рака.
Здраво девојки, бремена сум 19 недели а имам болки во долниот дел на грбот најмногу навечер кога сум легната, дали знете некој совет и дали некој има искуство со трудничка перница. Поздрав
Дали сте чувствувале вие што сте 24-25 недела понекогаш како боцкање кај вагината? Бебето ме мава ниско и цело време ми е паметот таму, па сега мислам дека нешто ме боцнува, само не можам да определам дали е кај анусот или вагината Онака болки фала Богу немам...
Девојки,овие два дена ме влече од половината левата страна надоле Понекогаш едвај станувам како некој нерв во моментот да ме погодува Два дена зимница правев да не е од умор или бебуш притиска негде.19+ недела сим
Од четврток сум настината грло нос затната со витамини цедени сокови чај ама некако не иде е немам температура среќа ама осекам ке ми се спушта на плука почнува некоја болка и тешко дишење а и антибиотик да пијам сум многу специфична на се сум алергична дајте совет некој иначе од понеделник сум 19 недела
Женски 8+5 сум од прееска имав болки во препонот од десната страна, сега се прошири кон десната нога до коленото. Можам да кажам дека е ко грч, но и проследено со болка.. На работа седам цел ден, дома кога ќе сум гледам да одмарам повеќе значи лежам Се мислев да не ми е од седењето и од слабото движење, или нормално си е вака? Се напив магнезиум и пак одмарам
Девојки од сабајлево имам главоболка,не е многу јака ама доволна за да се чувствувам неспособна за ништо.Пиев парацетамол божем да помине ама ништо.Што смеам друго да земам за да помине болката и за да можам да ја издржам вторава смена на работа?
Лек за болки во грло во бременоста? Сега влегов во 3ти месец.. Се јавив во брза помош да прашам за ангал спрејот ми кажаа дека можам да прскам...
Мене ми дозволи матичниот едни таблети за шмукање ни јас сум 35 недела, до 12 недела па и до 20та немав никакво апче пиено. Јас да прашам дали сме да се пие фервекс или кафетин колд мене наместо да ме пушта настинкава потешко ми е, кашлањево ме мачи многу