Девојки денес сум полна 33 недела, од пред неколку дена имам болки од левата страна долу кај срамната коска кои се издржливи и не мн интензивни, меѓутоа вчера вечерта болката се префрли од левата страна долу кај стомакот околи ципите и доста долго траеше меѓутоа сепак не беше некоја интензивна болка, ама неможев да заспијам цела нок од болката и како и да се наместев болката ја имаше. Дали може да биде од мн седење оти работата ми е пред компјутер и во главно околу 7 часа седам. Или можеби нешто се сири од левата страна и затоа се овие болки??? Ве молам за искуства
Ве молам за совет и искуство.Само што приметив дека една вена на бутот од внатрешната страна почнува да попушта.Што можам да превземам? Ова навистина не го очекував
Еве и тука да си се пожалам. Веќе два месеци имам болки во срамната коска, ама сега некако се интензивираа. И спомнав на матичната ми рече ништо, се шири матката. Ама еве со кој и да зборувам не осеќал ваква болка. Па си прогуглав и си најдов што ми е се вика symphysis pubis dysfunction, односно попуштање на лигаментат меѓу срамната коска. Болката е посилна навечер кога треба да се свртам во кревет или да станам за во тоалет. Се издржува ама викам може има некое друго чаре?! На интернет нема некое решение, па ако има некоја со сличен проблем да сподели, ако не друго барем да знам дека не сум единствена
Истиот проблем го имав,во поголемите месеци болката е посилна буквално како нешто да те сече. Помина кога се породив мислам дека нема лек за ова. И јас се жалев на секоја контрола ист одговор добивав се шири карлицата. Со лесно и без страв.
Јас сум 7ми месец, до 9ти значи да си знам што ме чека. Ме теши ова што викаш дека поминува после пораѓај. А како беше за време на породувањето доколку се пораѓаш природно? Како што прочитав можело да предизвика поголеми болки при породување Ти благодарам што ми одговори инаку , пошто никој од жениве во мојава околина што раѓале како да не ми веруваат. Мајка ми ми вика јас во бременоста можев да трчам, ти како стара баба си. Почнаа да ме нервираат веќе.
иста бев, или од нигде никаде некое страшно боцкање со болка. При седнување исто така, при мокрење. Цело време ги имав
Се породив царски незнам за природно како би било,во 8 и 9 во движење ме факаше и морав да застанам за момент и пак продолжувам. Некои викаа дека бебе било ниско допира на срамна коска затоа боли напротив моето беше попречно поставено едвај ја извадија. Ке помине одма после порагај.
Исто се осеќам и јас 30+, бебе ми е цело време со нозе долу ниско и кога клоца мислам готово ќе искочи секој момент. На одење исто болки од време на време што морам да застанам од страв..Се надевам ќе издржиме до 9ти
Веќе два месеци имам остра болка од десната страна под градите (десно до желудникот), бремена сум 32 недела, незнам дали болката е од што притиска бебето или нешто друго. Неможам во никаква положба да лежам, ни да седам, ни да се движам. Дали некој имал ваков проблем?
Како се справувате со временските нагли промени? Главоболки неиздржливи, притисокот од низок до нормален варира. Кока кола, кафе, ајран, сирење, ќе помогне моментално само
Во претходната бременост многу често имав главоболки. Ептен ако е неиздржливо парацетамол, ком мене воопшто не ми помагаше. После по совет на др.надица од мама, во една третина чаша кисела вода, цедев два лимони и една полн лажица живо кафе. Дали од него или не незнам, ама почна да поминува. Можеш да пробаш. Поздрав