Само мал update за мојата ситуација: бев на преглед и се е ок со бебето, немам ни хематом, но, постелката ми е многу ниско. Пијам сега магнезиум од 300мг дневно и фолна киселина и 1 дневно до 17 недела треба да ставам навечер Утрогестан. Ваљда не е страшно тоа со ниска постелка
мешенца многу ми е лошо . Само што ги отворив очите од спиење почна да ме боли глава. притисокот го мерев 50 со 80 јас секако имам низок ама никогаш не ми е бил под 60 нискиот . не можам да ги издржам болките . цел ден повраќам се што јадам и пијам , сте имале ваков проблем
Ana kontrakciite se vo dolniot odel od stomakot ostri bolki menstrualni periodicni taka da ne panici ne traat celo vreme Jas ne osetiv bolki vo kicmata a mozebi zosto ne se otvarav
Ми поминаа реков ако траат уште саат време ке идам на болница паника ме фати многу грдо чувство али беблаков изгледа расте се шири и матка и све притиска, фала ви на сите ми олесна
Пријателка моја имаше ваков проблем. Обавезно земи изеди супа или јогурт и гледај да не дехидрираш. Плус течноститеќе ти го дигнат притисокот.
аххх колку знам како ти е исто и јас патам од низок притисок и знам колку е лошо, многу течности меѓутоа се што содржи Ц витамин и лимон избегнувај, лук исто така и чај. ако можеш по едно нес кафе на ден ништо повеќе.
Ај тука да прашам. Низок ми е хемоглобинот. Прво ми препиша гинекологот Фероглобин, неможев да го поднесам сирупот, имав болки во стомакот и запек. После тоа таблети Фолирон, истата приказна. Кој препарат е најдобар спрема вас, дали сте примале нешто и како го поднесувате?
препарат природна исхрана, мн. спанаќ бар сега искористи го, брокула,леќа и цеден сок од цвекло,морков, јаболку,порокал и лимон.секој ден по една чаша. од ова и на ќерка ми и моето железо се врати во нормала.само упорност треба
мислам дека не ја згрешив темата, бидејќи неможев да најдам слична дискусија на другите теми.... имено, сакам да прашам вториот скрининг кога се прави (во која недела)...и која е целта на истиот, односно што се открива со него? освен тоа, ме интересира, дали гин. може да види на ехо во пораните недели од бременоста, ако кај плодот посоти некаков проблем со срцето? на пример мене ми правеа ехо во 16 недела и докторот кажа дека се е ок....го виде и срцето на бебето, желудникот, јетрата и сл.,но ништо посебно не искоментира... поздравче и убава бременост...
За аномалии со срцето конкретно мислам дека може уште пред 13 недела да се воочи. За другите аномалии се гледа веднаш во 20та недела. Чим не ти искоментирал значи е ок, ако не е сигурно ќе ти алармирал, не се секирај. Инаку има тема Испитувања во бременоста каде ги имаш сите испитувања во која недела се прават
ти благодарам..инаку прашањево ми е важно од причина што јас имам операција на срце правено на 20 месеци како бебе, па се плашам да не е нешто наследно...инаку операцијата е од VSD (тоа е аномалија кога не се затвара отворот меѓу коморите и предкоморите па се меша крвта, а ова се затвара по природен пат, најдоцна до 4 месеци возраст како бебе)....инаку веќе имам едно синче од 2,4 години и фала му на бога е ок......но ОВАА ВТОРА БРЕМЕНОСТ МИ ПРЕДИЗВИКУВА МНОГУ ПОГОЛЕМИ ГРИЖИ И СТРАВ, во споредба со првата,,,...незнам зошто????
Од време на време имам грчеви како за добивање, а еднаш или два пати на ден онака фино ме засекува.Читав скоро се понапред, ама нешто очигледно не ми е јасно. Докторката вика се е ОК ако нема крварење ии исцедок,кај мене нема. Тек во четврток сум на контрола за срцева активност, па со Господ напред. Некако ме вадат од памет...
магнезиум пиес елена?од нив ке ти престанат таквите болки.пробај со најобицни сумливи да видис како ке ти биде.
немој да се грижиш така е нормално во првите 3 месеци. еве јас како влегов во трети месец болките се поретко се појавуваат . тоа е нормално јас ги немав често но на првиот преглед ме предупреди докторот да не се плашам доколку се појават . така да не го мисли тоа и убав помин во четврток нема повозбудливо чувство од слушањето на срцето на малечкото . јас бев пред 2 недели за тоа,дури заплакав од возбуда
Пијам магнезиум директ од 300 мг, и утрогестан 2Х200. И фолна, секако. Знам дека е нормално, јасно ми е, ама чудно ми е и се паничам безвезе. По дома ми викаат да кажеше некој дека ќе се шекнеш вака, будала ќе го направевме... Ќе ми помине лудилото откако ќе го слушнам срценцето!
супер терапија имаш не паничи за џабе,знаеш дека тие болки во првите месеци се нормална појава.јас сум 4 ти месец па знаат одвреме навреме да ми се појават менструални болки.ке одиш на контрола и ке се смириш кога ке го видиш бебенцето.
HAEMOVIT таблети пробај ама види дали можат и трудници.јас ги пиев и многу сум задоволна ,за 1 месец ми се покачи доста железото.скапички се околу750 ден.поздрав
Те разбирам. Мене докторката уште пред 13 недела кога бев на преглед додека ме гледаше ми објасни дека на ехото треба кога се набљудува срцето да се гледаат 2 бои: црвена и сина. Доколку има срцева маана т.е. мешање на крвта тогаш се појавува трета боја: зелена, на тоа место кајшто настанува мешањето. Ете следниот пат кога ќе одиш на ехо може да ги забележиш, а и плус отворено кажи му на твојот доктор што си загрижена и нека обрати повеќе внимание (мада мислам дека нема ништо чим не ти кажал до сега). Инаку, јас секогаш за се барам 2 мислења така да ако те успокои тоа оди и ти за второ мислење некаде (јас дури и за забар одам за 2 мислења-што да правам, сакам да сум сигурна) )))) Уживкај ништо не е, но за да си спокојна не кошта ништо да побараш second opinion.
и мене ми се случува ова последните два дена...значи долу кај левиот препон па нагоре во вертикала, ептен остри болки и чуство дека ми се оди во wc, па хоризонтални болки долу над срамната коска, кои траат кратко....и поминуваат сами од себе..... инаку...мислам дека имам кандида во моментов зошто имам зголемен исцедок и чуство на печкање....а ова ќе ми биде трет пат во оваа бременост како ќе ставам канестен (ОДВРАТНА Е КАНДИДАВА, достадна до бесвест)...... НЕЗНАМ ДАЛИ ТРЕБА ДА ГО ИНФОРМИРАМ ГИН. ИЛИ НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА...... пијам магнезиум 2 по 250 мг.....зошто од почетокот имам остри болки само во препоните и од мг ми се смируваа,,,,,,, а сега како да се рефлектираат и долу и од страна... се плашам!!!