Цело време го имам. Досега четри доплери сум правела (14, 22, 26, 29 недела). Аспирин пијам самоиницијативно. Ама ми кажаа до кај 32 недела да го прекинам. Или 34. Треба да препрашам. И двете страни (и лева и десна) отпорот е зголемен. Ама демек сепак бебето напредувало добро па не било страшно. Да се следи на доплер на секои 4-6 недели. Тоа ми имаа препорачано мене. Сега сум 32 недела.. вчера бев на преглед. ЦТГ ми направија а ехо не. Следниот пат ќе побарам доплер ако треба приватно ќе го платам.
О, ајде со лесно нека е! Уште малку имаш ќе истераш со крај. А дали знаеш дали обичниот гинеколог што ти ја води бременоста може тоа да го мери? Или мора кај тие што прават feindiagnostik? Зошто мојот прави често ехо, таму го гледа срцето да речеме во боја (по мое=доплер) ама не знам дали знае и овој протокот да го мери? Јас сум кај него на преглед за две недели, ама гледам тебе по првиот дури по два месеци вториот а и јас имам на 22 за 2 trisemester screening, можеби и мене ќе ми кажат дали од тогаш поначесто ќе биде (на три четири недели). А имаш ли некои симптоми? Јас ништо посебно, ме стегнуваше вака ко тврда едната страна и сега цел стомак по некогаш, ама тоа се мислам контракции и не поврзано. Да се развиваат само бебушите добро. А читав дека има случаи кога мора да се мирува и лежи ама мислам за тоа уште нешто треба да не е во ред. П.с. И ти кажаа ли на нешто да внимаваш или дали сама откри? Храна каква е полезна? Јас другово дете (1.5) го кревам од време на време 10+кг е и ми е шубе малце да не не треба..
Јас имав две обични гинеколози - ја сменив матичната од новиот квартал. Старата не можеше да мери, апаратот ѝ беше постар, а новата можеше да измери. Значи зависи од апаратот. На да најубаво е кај тие што прават feindiagnostik. Не за друго, барем кај тој јас што одев беше специјализиран за скрининзи и пренатална медицина и некако многу се осеќав пофино отколку кај матичната. Демек рекоа поначесто ама сега после третиот скрининг што ми го направија го 29 недела - измери, пак зголемен отпорот на двете страни, и толку. Следниот преглед претходната недела беше само вагинален и цтг. Сега оти се на 2 недели прегледите, не знам .. може следниот ќе направи контрола. Симптоми нема, ништо не ми е. И колку што разбрав не е ова страшно сѐ додека протокот до бебето низ папочната не е нарушен. Да се внимава на притисок заради можна прееклампсија (schwangerschaftsvergiftung) и тоа е тоа ваљда. Прашувај на секој преглед, разговарај. Дете пробувај да не креваш (иако и јас ја кревам малата 4.5 години 16+ кила)... ама минимално. Чисто заради бременост, не заради ситуацијата. Нотчкин немаш, нели? На двете страни?
Фала ти за подробниот одговор! Ме утеши дека знаеш и викаш не е страшно, ќе тераме и ние а може со аспиринот и ќе се среди. За притисок прочитав и јас, да не се крене многу, за среќа мене обратно многу низок ми е често (90/60) ама ќе набљудувам. А за кревање знам и гледам да сведувам на минимум, оди многу седи во количка, не е некое да бара, ама за смирување нема некогаш друг лек. Треба да гледам да можам да седнам па со седење да се смириме . А тоа нотчкин немам за среќа, не стои во наодот ништо такво, а прочитав негде дека тоа е пострашно. Кај мене само тоа widerstand и само од едната страна.
Јас мачкам едно Rectanal Aid на Frezzy Derm природно и погодно за трудници. Немам надворешни хемороиди ама сепак имам некое непријатно чувство, па се мачкам. Кога не издржувам од болка знам да се намачкам и Proctosinolar ама мислам дека не е баш погодна за бремени и доилки...
16 недела и 2 дена сум бремена но денес имам одвреме на време болки во желудникот и повремени грчеви особено кога лежам, што да пијам? докторката ми е на одмор до понеделник
За сите што имаат болка во вратот или грбот(јас ја имам многу од лежење)сакам да ви кажам дека кремава многу ми помогна и тоа од едно-две мачкања. Во аптека рекоа дека е безбедна за трудници.
6та недела сум. Вчера имав благо покачена температура. денес бев кај гинкологот, бебчето е во ред. Ми рече до 38.5 да не пијам парацетамол. Грлото ме боли и денес ко го видов крајниците цели ми се со бели точки. Изгледа гнојна ангина имам. Сега пак имам температура 38.
stavaj direkno na grko na krajnik mackaj sodabikarbona jas taka izleciv moze nekoj ke kritikuva ama jas se spasiv of antibiotik so beli krec krajnici i cist limon cedev i piev ili stavav po nekolku kapki direkno vo grlo. Sepak kolku I se da e gadno za bebeto se zrtvuvav
Исто и јас ставам директно сода бикарбона на крајници. Гаргарам со жалфија, солен раствор... Температурата ми се спушти на 37,5 и не е мрдната ни горе ни доле неколку саати. Знаеш ли прополис спреј дали е препорачливо да ставам на грло?
Здраво девојки, јас сум 5та недела, имам болки во долниот дел на стомскот, јајниците, бубрезите и кичмата, дали е нормално ? И саксм дс прашам дали е нормслно имам болка најчесто во левиот јајник и бубрег ?
Ти благодарам мила. Утрово кога станав приметив разлика имам мал оток на левиот јајник и имам болки, нирмално ли е ?
И јас имав менстуални болки во првите недели, исто и со левиот бубрег тапа болка...се нешто мислев дека не е во ред...но на испитувањата се излезе во ред... А за потечен јајник не сум искусила досега...најдобро е да се консултираш со доктор за тоа.
На контрола сум во понеделник. Кога отидов прв пат беше рано да се утврди бременоста, па преку крв ја утврдив бетата беше 1118 после 2 дена проверив да видам дали правилно се дуплира беше 2676... Страв ми е од вонматерична бременост...
Немој да се нервираш за џабе. Ќе видиш дека се ќе биде во ред. Да беше вонматерична ќе имаше големи болки и нерамномерно растење на бетата. Само позитивни мисли, се ќе биде добро.