Бремена сум почеток на 6та недела.. Двс три дена имам болка на левата рака горе точно кај мускулот некаде во простор как што се ставаат вакцините.. Дали има место за паника или од неправилно спиење нешто мд боли
Девојчиња имам тахикардии, 6ти месец сум, докторкава ми рече Верапамил од 40 по потреба. Дали пиела некоја, малце ми е страв. Фала ви
Јас и со првата бременост ,а и сега со оваа сум тахикардична ама терапија никаква не сум земала ,ја поднесувам тахикардијата некогаш искрено не ја ни осеќам .Сега се зависи како ти се осеќаш .
Исто и јас имам тахикардија и мене ме пратија на кардиологија да направам ехо на срце а терминот ми е сега на 21 и после ехото ќе ми кажат дали да пијам верапамил. Гинегологот ми кажа да пијам витамин б6 и чај од маточина додека не го направам ехото
Бев денес на ехо на срце и нема ништо се било уредно, но резултатите од тироидна ми се покачени а сите други резултати ми се добри и докторката кажа дека од тоа ми е тахикардијата така да утре одам на ендокринологија за да ми дадат терапија
Добро вечер трудници, имам едно прашање, На 05.11 вредност на THS изнесуваше 2,49 на што гинекологот рече налку е поткачена после 3 недели проверка пак, и сега изнесува 3,29. Ве молам за искуства, дали има место за паника ?
Tsh тироидна? И мене ми е 3.30 сега во 26 недела кога испутував и докторот ми рече дека е во ред, границата е до 4.5 за трудници, барем тука кадешто живеам јас
Скијатика нервот ми е приклештен, бебето притиска и ме боли целата нога. Не знам дали може да земам Неуробион оти болките се неиздржливи. Има некој слично искуство?
Здраво трудници. Бремена сум 30+4 веќе некое време осеќам болки во срамните усни. Немам чешање или болки при мокрење само болки во надворешната(незнам како подобро да објаснам). Некој совет искуство
и јас имам недели наназад а сега сум 36+, кога прашав ми рекоа од притисокот што бебето расте и го создава од тоа било
Девојки 30та недела сум, утрово бев на рутински ехо преглед и се беше во ред. Вечерва еве веќе 4 часа ме боли како да имам менструација, значи не во интервали туку константа болка која што е прилично силна не можам да заспијам. Значи да потенцирам болката не е во интервали туку постојана баш како да имам добиено ме стега кај јајниците од позади. Дали е за паничење???
Јас сум 21 недела, јас мислам дека не е ништо за што треба да се паничи, матката се шири, бебишот расне, полека се спремаат за пород. Јас нон стоп имам такви болови, ако не се такви тогаш претежно левата страна ниско и поретко десната, пијам магнезиум, не помага ништо, колку и да се жалиш домторите баш и не обрнуваат внимание, и си реков само господ нека не чува ! Така да уживај. П.С. Јас сакам да прашам 21ва недела сум а уште не го осеќам бебето, не осеќам да мрда...