26та недела сум, веке 2-3 недели ме боли стомак како мускулна болка, ме болат препоните, карлицата, срамната коска како да се тегнат раздвојуваат незнам да опишам, сето тоа било нормално така ми кажа лекар. Едвај спијам ноке, никако да се наместсм. Пијам магнезиум директ од 400 2х1
Не ми ствара проблем не ја ни осеќам ,освен кога ќе се заморам нормално тогаш осеќам ама ќе седнам ќе се одморам некогаш знам да се напијам Б6 ми помага и тоа.
Кои болки се нормални и се толеритаат во бременост? 15та недела сум и денес цел ден како пецкања чувствувам низ цел стомак најмногу лево и десно од папокот. И како јајниците да ме болат а јајниците не функционираат во бременост така да знам дека не се јајниците.
Ве боли ли понекогаш под гради лево десно,ко да ме притиска и боде , многу високо го носам , незнам дали е од тоа и е нормално? Точно од градите ми почнува стомакот заоблен и под гради мрда бебето понекогаш. 29 недела сум, тоест ја почнав 28+1 На роденден бев ,и што седев два саати пукнав, од лева страна ме болеше, па од десна. дома кога си дојдов се раздвижив, се изждригав и гасови еден куп , ја се чудев од кај толку гасови, луѓе страшно, како некој маж . Ми се олесни ,сега не ме боли толку, ама паничарка сум страшна.
Нормално чувство, да не се грижиш. Многу грдо и баш боли, јас умрев мислам. На крај кога ќе ти се потспушти стомакот ќе ти се олесни и нема да боли. Мене ем болеше кога ќе претерав со храна количински, спасот е помалку храна и почести оброци, никако прејадување.
Јас сум 27+3 имам болки веќе ни јас незнам каде карлица, препони, нозе, срамна коска, стомак, киселини сега ми почнаа а цела бременост немав. Едвај се превртувам во спиење никако да се наместам, гасови, исто ждригање бетер од пијаница , прва бременост ми е така да незнам што е нормално а што не е. Пулсот денес 97 ми беше. Ама за се си викам може така треба. До 9ти којзнае што уште ке се случува.
16+ сум ама раат да не сум. Вчера пешачев едно 2,5 километри можда и супер се чувствував, полека. Од вечерта кога си легнав почна некое чудно пецкање на 15 до 20 мин лево скроз доле кај што ми кажа матичната дека е поставена бешиката. Значи на 15 до 20 минути болка како од тенка игла и како да запекува. Правев мокрача пред 10 дена немаше ништо, а брисеви во 12та исто немаше ништо. И звонев на матичната но не можам да ја добијам, а докторов што ме води не се ни обидувам да го побарам, пошто знам дека нема да го добијам пијам чај од брусница и камилица цел ден, но не попушта. Дали да кревам паники да одам да ме видат на ехо? Или да почекам понеделник. Извинете, но во моментов немам со кој да се консултирам. Незнам дали е можно да е од пешачењето или е нешто бактерија, цистит и сл. уффффф
Од пешачењето е, не паничи. Боли после подолга физичка активност, а ти пошто си со две и тежината внатре е поголема и притискаат. Напиј се магнезиум, ќе помине
Meskovci 17+3 sum i se custvuvam podueno vo meseto, celo vreme mi e tvrd i tezina osekjam kako prejadena. Inace po 3-4 dena ne mozam po wc da odam. Nekoj sovet kako da si pomognam da se custvuvam polesno.
Здраво на сите, јас сум нова во форумов. Бремена сум во 17-та недела и веќе 3-4 недели имам проблем со затнат нос, онака баш ме гуши, имав и панични напади. Првин мислев да не е настинка, па користев морска сол, разни спрејови на природна база, но сепак не е ова продолжува, бев кај оториноларинголог и тој се сомнева на алергија, меѓутоа еве веќе 5 денаа сум на терапија (Zirtek таблети, спреј аква мариис за алергија и магичниот Мералис спреј за нос којшто само двапати во тек на денот го користам, пред спиење обавезно бидејќи без него нема спиење). Сега читам на интернет и гледам дека може поради хормоните во бременост вакво нешто да се појави, па би сакала да прашам дали некоја имала ваков проблем, и доолку да, колку7 долго траел? Ви благодарам однапред на сите.
Јас имав проблем со затнат нос а не бев настината. Тешко ми беше да дишам и тешко спиев но помина само од себе, не се секирај за недела, две ќе попушти