Знам многу жени кога биле трудни, што го имале овој проблем. Така да нормално е, ќе ти помине само од себе.
Мене ме држеше до кај 22-23 недела, пукнав, ама нормално е тоа во бременоста, прскај солен раствор 3-4 пати во денот
Уф, дај Боже да помагаше тој солен раствор, не ми помага воопшто, се гушам. Не знам како си издржала, јас ќе полудам.
Женски, знам во бременост дека скоро се' боли (т.е научив преку форумов бидејќи ова ми е прва). Е сега , јас сум 30+2, осеќам понекогаш болки во долниот дел, околу јајниците така нешто. Значи не е постојано и неиздржливо, ама така, си ја има болката. Како да ми тежи, што е јасно, бебе расти. Особено ако подвижам или сум на нозе, или пак ако предолго седам на столица а ако лежам или барем на кревет некако да се оптегнам, ми се смирува. На доктор сум дури следнава или подругата недела, ама ме интересира дали во овој период ви било така? И на моменти, ме запецкува мочниов меур, појма немаам таму негде и одма како за мокрење ме тера а имам заприметено и кога ќе клоцни бебчо тоа се случува. Сте осетиле ли така?
Ти благодарам за одговорот Јас дури и кога правам чекори понекогаш (еве денес на пример) како газам така осеќам малку болка скрос долу под матката...
Дали на некоја трудница и се случило да има болка во едната страна на задникот. Не е баш глутеус мускулот, туку странично и погоре колкот. 20 недела сум. Многу силна болка осеќам посебно кога станувам од спиење неможам да згазнам со десната нога многу силна болка осеќам пред 10 години имам паднато од скали и баш во тој дел имав силен удар и ко длабка ми остана незнам дали е поврзано..
Не знам дали не боли истото место. Мене над задникот ме боли левата страна, и болката како да ми ја завлекува и ногата. Сите викаат ишијас ме фаќал поради товарот од самата бременост. Приметив дека така осеќам кога подолго стојам на нозе или се движам повеќе од обично.
Јас веќе сум со надминат термин 40+3 денес. Веќе една недела еве сум со болки во кичмата и цело време накривнувам на десната страна повеќе, ме боцка страшно при одење. Едвај се движам... Незнам дали е од тежината на бебето... А како ли ќе се осеќам кога ќе ме фатат болките, како ќе одам
Јас сум 30+5, рано ми е за болки, ама стомакот и тоа како ми тежи. И сила губам и се задишувам како во старите денови кога се труев со цигари. Однесов завчера некои документи во фондот за здравство и едвај се искачив до 3 спрат и ми требаа 2 минути да се соземам, а таму уште на скали ме пречека вработена и ме прашуваше што ми треба, едвај дишев и зборував. Седнав 2 минути се смирив па полека убаво изрецитирав за што сум одена..
Јас од кај 22ра недела имав болки во десниот колк,најизразени при станување од кревет. Кога дојдоа породилните, ме болеше левиот колк и кичмата позади
Ај и јас да ги опишам моменталниве болки- вчера малку пропешачив (не долго) и одма почна да ме боли најдолу повеќе на десна страна (ципата, како јајниците , вагината, срамнс коска -ама мислам се'). Кога седам/лежам немам мака освен ако подолго време седам е тогаш мислам цел срамен дел ми се здрвува. Сношти дури мн гасови имав и едно време ме фати мала паника, ми се јавија менст. Болки ама како да беше се поради гасовите. Не можев лесно да се олеснам а во вц си бев појденс. Сабајлево до лабаратотирија,продавница и дома (не ми е далеку) и пак долу болка,бодежи и како потреба да се олеснам од гасови.Сега седнав и ми помина...Не знам колку е нормално, утре баш ќе ја прашам др , а сте имале ли вие вакви симптоми? Си велам сношти леле вака долу сега ако ме боли ами како ќе издржам јас пораѓај
Во 5 месец сум од бременоста и еве веќе цел саат имам повремена чудна болка како пулсирање и боцкање на левата страна на стомакот. А денеска пешачев, долго време немав излезено. Дали е можно од пешачењето вака да ми е ? Чудно се чувствувам...
Да можно е. И мене во 16та недела истото ми се случи. Ми помина дури другиот ден, откако одморив. Се додека се трпи болката не е страшно. Одморај сега, башка нагло ти дошло шетањево ако долго време не си искочила.
Здраво на сите. Морамнда прашам дали имате пиено нешто за желудник, од сабајле повралкам цело време и сега ме боли многу желудникот. Да напоменам 8ма недела сум. Ранитадин? Реглан? Нешто што во смеела да се напијам?
Toa e za kiselini.... Jas imam bolka vo zeludnik. Neznam barem nesto na prirodna baza sto da ispijam(caj od nane ne pomaga)