изгледа премногу испаничив , не прокрварев него како кафеаво една ден ама докторот кажа дека е нормално зошто сепак го допира и грлото не де секирај мене ми кажа ако имам 2-3 дена така без престан да одам ама фала му на бога немав , а и многу ме болеше кога земав , и прв пат ми беше , а која недела си ?
Здраво на сите. Јас сум во 34та недела од бременоста. Прво бебе. Од околу 31ва недела имам болки во горниот дел од стомакот - само од десна страна. Болките се појавуваат кога пешачам повеќе од 10 мин. или кога стојам во место мин. 10 минути. Пред неколку дена истата болка ја почувствував на истото место само во грбот (исто така на десната страна и во иста висина). На преглед сум за 2 недели од сега (матичната е на одмор од денес). Мислам дека ова е нормално, но ми пречи фактот што не мозам да се движам повеќе од 10 мин а треба да купам уште милиони ситници за бебето. Дали да продолжам да пијам само магнезиум и Витал Прегна? Дали има и други апчиња/витамини за да се намали болката? Или нешто на природана база (чај, напиток, итн) или што да избегнувам од храна? Бидејќи СЕ јадам. Фала ви на сите. П.С. за да ми се смири болката ми треба околу 15 мин да седам или лежам.
16та недела сум и имам некои болки како да ми е ладно на матката како да ме стега нешто не знам како да опишам, како да треба да добијам, дали некоја имала ваков проблем? Имам и септум ама сега веќе во втор план е со вагиналети сум цело време
Здраво, јас сум 16+4 недела со близнаци и ги имам истите симптоми (болка во препони, вагина, долен дел од стомакот) како некои од членките што се во многу понапредна бременост. Болките се јавуваат само кога стојам, иако претежно (90% од времето седам или лежам). Дали кај некоја од вас почнаа овие болки толку рано? Фала многу
Јас цело време се жалев дека осеќам како топка некој нелагодност после тоа и како бодежи некои си добивав и вагинални прегледи за тоа али сепак цервиксот си беше со иста должина
Мене Бракстон деновиве ми се многу појачани и многу повеќе непријатни од претходно, а треба да чистам средувам, абе само потседнувам, ништо асално немам фатено ко што си знам да се разработам друг пат. Кога и да спомнам дека ме боли нешто ми викаат нормално е...
На крај стварно кога ќе не фатат болки нема да знаеме дека се вистински па после ќе биде што сте чекале толку многу јас сеуште не знам какви се Бракстон или не знам да разликувам движење од Бракстон
Ооо, како знаев кога почнаа вистинските...ќе знаеш, различно е, боли тоа, издржливо е ама боли и мислиш ти се иде во вц а не ти се оди. Како настинка, менструални болки, и доле кај јајниците и позади кај кичмата. И на одредени временски интервали е. Бракстон се стврднува цел стомак мислиш ќе пукнеш како балон...
Здраво девојки. Ме интересира дали некоја поминала низ истово. Јас сум бремена веќе 32 недели и два дена, нормално не повраќам во последново тромесечие, во првото повраќав ама тоа престана до кај 13 недела. Веќе втор пат како ми се случува да повраќам навечер, првиот пат мислев дека ми е од храна што ја јадев. Ме болеше стомакот, ми се одеше во вц. Вчера вечер чувствував омалаксаност, не можев да спијам, ми се тресеа рацете и нозете, повраќав малку. Нозете многу ми се тресеа, потоа заспав и сега утрово пак ми се тресат рацете. Како одземени да ми се, вчера и срцето како побрзо да ми чукаше, вознемиреност чуствував, а иста сум и утрово иако во поблага форма од вчера вечер. Цела ноќ или топло или ладно ми беше (морам да напоменам дека живеам на југот на Турција и тука е екстремно топло па мора со вклучена клима да бидеме цело време, не знам ни дали ми е од климата) но тресењето и вознемиреноста ме плашат повеќе. Немам температура, и не сум разболена, само без енергија, истоштена. Утре сум на лекар, но би сакала да знам дали некоја има поминато низ вакво нешто?
Јас имав на почетокот на бременоста гадење и повраќање до вториот месец после се си престана и од кога влегов во 32ра недела наеднаш ми се изгуби апетитот и особено навечер ми се гади до повраќање ништо не ми е убаво дури и се осеќам како стомакот да ми е расипан бев пред некој ден на лекар ми кажаа дека се е нормално се си е супер, можеби пополека телото си се спрема да се враќа во нормална функција
Повеќе ме загрижува тресењето на раце и нозе и омалаксаноста. Ќе видиме што ќе ми рече утре докторот.
Јас си почнав да повраќам 1-2 неделно и нон стоп лапам рупурут од киселини. Бебе притиска на желудник и не ни го собира јадењето. И мене желудникот како надразнет ми е, варењето е многу бавно. 35та почнав денес. Тука има и стомачен вирус, не знам како е таму. Земи мери притисок сабајле на ручек и навечер и во лабораторија протеинурија дали имаш ако не испитај. Ова ради претпазливост од прееклампсија.
Здравоо. Јас сум 32,2г.н од вчера осеќам како боцкање во вагината..Само кога стојам, кога лежам немам проблем. Дали некој се сретнал со тоа :/
Не е страшно само непријатно е искачаш шеташ и наеднаш те заболува па и на бешика притиска многу интересна комбинација се осеќаш дека детето тука ќе искочи
29-та недела ја почнав. До сега движењата ги осеќам све на десна страна и доле осеќам удари во бешиката. Денес цела десна страна од стомакот ми е како растегната, ме боли многу и дури на моменти десната нога ми се кочи...Кога ќе се пипнам се осеќа на десната страна како нерамнина, тврда камен... Дали има причина за загриженост?
Утре влегувам во 8 недела. Ставам утрогестан 3х200 и имам боцкање баш кај матката. Цели три дена тапа болка, како да ми теже долниот дел на стомакот и сега цел ден боцкања ама кратки. На две мин ме фаќа и одма поминува. Бев до Ремедика ми ставија прогестерон депо инекција и мирување ми рекоа. Незнам колку е нормално ова. Како ви беше вам во раната бременост
нормално е во рана бременост да се има болки до степен на издржливост нормално ... може да си пиеш магнезиум тоа ке ти ги намали грчевите
Веќе два дена имам некоја чудна болка во пределот на вагината,како мускул да ме боли од возење точак прв пат Некој дали имал таков проблем ,малку ми е чудна болката и страв