Да,лежам со перница измеѓу,но веќе 2 недели спијам така а болката ми се појави сега 2 дена како ја имам,инаку сум 30та недела
Ја сум 32 ама немам осетено такво нешто...ај ќе пише некоја членка...иако сигурна сум дека е нормално само се е индивидуално може притиска бебето
Ми се појави вагинална болка како пецкање и жежење, на моменти не е издржлива. И кога ќе се наведнам имам болки во долен дел на стомак.. Да напоменам денес бев повеќе на нозе. Скоро 7ма недела сум. Дали е нормално? Ви благодарам
Вчера ми се појави јака болка во мускулите кај листот и на двете нозе, болката ме разбуди од спиење многу силен грч беше изгледа. Си пијам редовно магнезиум 250 мг сабајле и 250 мг навечер. Денес не осеќав болка, но сега осеќам како да се враќа и при одење како да ми е истегнат мускулот на листот осеќам. Дали е можно бебе да притидка некој нерв или дамо е нормален грч во бременост? Инаку сум 36 недела и 2 дена. Извинете на долг пост
Често имам грчеви и после ме боли мускулот од грчот е тоа. Боли како после вежбање кога имаш воспаление. А колкот ми е фатен, кога ќе згазнам на ногата ме боли од доле до колкот, тоа е нерв фатен. Магнезиум пијам навечер двете апчиња од 250. Пробај така може поретко ќе те фаќаат грчевите.
И јас исто ќе се пожалам од колкот 28+6 сум,цела лева страна од колкот ме боли,исто како што опишувате вие како некој нерв натиснат,ништо не можам да правам и вo одење ме боли.
Да ви ја кажам и мојата случка од вчера. Ме фатија бубрежни болки вчера накај 16 час. си лежев малце ајде дека ке помине инаку сум 7ми месец бремена, болките не намалуваат,маж ми ме однесе во Велес во брзата помош и тука почна таа на шалтер па вие не сте за тука па зошто сте дошле па треба во Св.Николе да одите а јас се виткам од болка неможам да стојам на нога а таа не масира таму и не врати од таму, Ајде тргнавме за Св.Николе и таму немаат доктори ме прегледа акушерка една ме стави на џтг и ми вика имаш контракции а јас се побракав веке се исплашив, ајде од таму ми дадоа упат за Штип на Гинекологија а јас со Бубрежни болки. Ме прими една сестра Ме стави на цтг нема ништо ме прегледа и гинеколог ми рече се во ред па ми ставија инекција Спазмекс и инфузија и јас за 5мин. како нова ама веќе бев преморена од болка цели 5 часа умрев од болка еве сеуште се осеќам уморна
Девојки можда глупо прашање ама дали да изреагирам ако два/три дена имам жолта столица? Мислев дека е од нешто што сум каснала ама е поупорна и нема промени. Па ме замисли.
Јас би ти рекла да одиш на лекар. Да не имаш проблеми со жолчката? Ако не е од храна може да е од тоа.
Не колку што знам. Немам болки. Само ете малце повеќе подуеност и гасови. Нормално јадам. Не сум сменила ништо. =/ Ќе и звонам ако не од понеделник на матичната.
Избегнувај компир, морков, куркума и масна храна. Барем викендов. Може и од настинка да е. Или стрес. Подоле линк зошто се појавува жолта столица Спојлер https://panacea.mk/zholtata-stolits...-zholchkata-tselijakija-i-ushte-pet-sostojbi/
Пред недела и нешто правев уринокултура испадна во ред, заради тоа што имам болки во долниот дел од стомакот, дури и вагинално. После бев на преглед кај гинеколог специјалист ми рече дека имам воспаление на бишика и да повторам пак уринокултура и да ми земат брисеви а не ми кажа ништо за терапија. Не можев да земам ден бидејќи колешката ми беше на одмор па од понеделник ќе закажам за брисеви да ми земе матичната и за упут за уринокултура. 8+3 сум ваљда не е рано за брисеви. Прашањето ми е дали некој лечел и како воспаление на бишика? Мене ми препорачаа увин чај по 1.5л на ден. И си купив Пролом вода, да не ја пијам оваа од чешма што е. И многу ми е страв да не имам некоја јака инфекција или бактерија а да се има тоа пропуштено некаде на уринокултурата па да му наштети некако тоа на бебето, пошто читав на интернет дури и спонтан можело да се случе...
Како се справувате со киселини и гадење во бременост? Втор месец сум ама не се издржува веќе ништо не можам да каснам од се ми се гади