Сода бикарбона, ништо друго. Поздрав Не е рано за брис, ако има потреба се зима во било која недела. Инаку за болката мене ми дадоа спазмекс форте 3x1 5 дена а после по потреба. Само прашај доктор дали смееш.
Мене колку толку киселини ми смирува, кисело зелено јаболко....но не секогаш, кога не се издржува пијам сода бикарбона, но тоа не е препорачливо, феминки ме советуваа да пијам сода бикарбона без алуминиум, но јас ненајдов таква во ниту една аптека или маркет. Иначе и кисела вода исто така помага понекогаш.
Дали повраќате? На сабајле соленки ако ви се гади и ви доаѓа до повраќање, или потпечено лепче (јас во тава си го потпекував со малку маслиново да дојде како пекмез), за киселини кисела пиев, понекогаш зелено кисело јаболче ми помагаше. Некои велат бадеми (пробав ама повеќе кисела вода мене ми помогна), и исто така живо зрно ориз (ова не го пробав).
Имам зголемен вагинален секрет, гаќи мењам на 2 саати , секретот е бел густ, без никаков мирис, не осеќам никаков проблем, во смисла пецкање, чешање..... Кажав на гинекологот ми кажа да ставам вагинелети Полигинакс. Некаде читам дека зголемен секрет во бременост е нормално, некаде дека е инфекција,.....дали сте имале ваков проблем и сте ставале вагинелети?
Ako ti e kako uteha jas vlegov vo 5mesec se povrakam minus 8.5kg sum oslabnata od povrakanje no bebusot odlicno napreduva. Mene mi rekoa ovde vo DE problemi so zeludnikot i stomakot maticnata mi prepisa omerpazol edno na sabajle no ne pomaga nisto ista sum povtorno povrakanje edonstvwno sto mozam e jabolko crveno ii banana edna i toa e se
Благодарам. Јас веќе сум породена. Ова беше мој одговор на една девојка која тука пишала, па ја прашав дали повраќа и споделив мое искуство.
Чуствувам како да ме жежне долу и одма поминува, одвреме навреме не е толу често, во денот може да се случи неколку пати,иначе сум 34 +3. Дали е нормално фала однапред.
Барав сода бикарбона без алуминиум за да ги потиснам киселините, во повеќето аптеки немаше, во една аптека најдов сода бикарбона на Алкалоид е, но не пишува дали е без алуминиум, а и аптекарката незнаеше да ми каже. Дали некој кој ја користел знае да ми каже дали е таа таа сода бикарбона, темно сино паковање и со бели букви пишува Сода бикарбона за храна (Натриум хидрогенкарбонат со висок степен на чистота) друго нишо не пишува на паковката.
Јас пијам обична сода од маркет онаа во бела кесичка и ми помага .Не пијам секој ден ,до 3 пати во неделата сигурно на почеток кога имав мака ставав мала количина во филџан за кафе и ми помагаше со тегобите
Јас за денеска имам уште едно прашање чисто за консултација. Имам зголемен вагинален секрет во бела боја, и густа леплива структура, без мирис и непријатност во смисла печење чешање. Знам дека е нормално во бремеността вагиналниот секрет да е зголемен, но кај мене е многу обилен, буквално гаќите ми се мокри за 1 час, мењање веш на секој час правам, зошто е неподносливо. Се обратив кај матичната и ми кажа да земам вагиналети Полигнакс, е сега прашањето ми е: на повеќе места читам дека овие вагиналети се користат најдоцна до 5та недела од бременост. Па дали при ваков проблем сте користеле некаква терапија? А од друга страна друг гинеколог ми рече првин да одам за брис па потоа ќе ми препорача нешто доколку има бактерија (а сега во овие услови со короната несум во можност да одам кај приватниот гинеколог којшто не е и во мојод град)
Нормално е зголемен скрет во бременост, јас имав така и првата бременост и сега, еве денес пешачев повеќе и се претвори одма во розов. Сега одмарам
И јас имам многу золемен исцедок, баш како што кажуваш, некои денови на саат време менувам веш. Јас и кажав на матичната, ме праша ако имам печење, чешање да се пеави брис, ако не нема врска вика, од хормоните може да е, па ако до следна контрола не се намали, ми рече може да земеме брис ако сакам. Јас би ти советувала да одиш и брис прво да ти земат, ичч не сакам така одма на бремени жени, да се дава вагиналети или антибиотиви да се пијат, среќа па мојава матична е многу против тоа, и чека да се направат сигурни испитувања па да се даде нешто, ако треба.
Да така е, и јас сум затоа прво брис да се зема, не одма право да се препорача терапија. Јас не сум и баш многу доверлива на мојата матична, затоа и највеќе одам плус на приватен, но сум од мало градче,па започнав да одам во друг град, кај друг гинеколог на приватно, кој исто како и ти што ми велиш прво препорача брис.Но ич не сум во можност да одам, може на нареден преглед тоа да го направам. Па јас затоа цела недела се двоумам дали да почнам да ставам вагиналети или не.....
Јас ваква сода си пијам и ептен ми помага. Се раствора во вода но мене ми е толку вкусна што си ја грицкам. Со лимон е.. Неколку пати прашав дали штети сода рекоа не. И матичната исто ми кажа. Само што тука не сум ја видела ама си направив залихи од 3 теглички
Денов ми е страшен, не можам глава да исправам, имам јаки вртоглавици, а имам доста обврски. Некој совет како да ми олесни, не ножам да функционирам?