19та недела, притисок и болки во желудникот и дијафрагмата. И згора на тоа тврда столица и тешко празнење, кажувајте некој лек не се издржува
Девојки прашање...Имам блага болка од двете страни на стомакот, не препони туку повисоко, што се изразува повеќе при движење. Дали тоа мускулна болка или нешто друго? Вчера исто не свесно, инстинктивно кренав мало детенце, па дали и тоа има нешто врска што се напнав може или ова се болки од истегнување на мускулите. Инаку 17+3 недела, зедов магнезиум.
Женски 35та недела сум и на почеток на бременост немав вакво гадење по цел ден како некое ладно чувство да ми доаѓа од желудник до степен некогаш и да повраќам. Пробав и со исхраната да јадам полесни и едноставни јадења лесно сварливи но нема промена чувството како да имам ментол бонбона заглавена во грклан не поминува. Дали некоја знае да ми даде совет како да си поможам?
Јави му се на матичниот да ти земе брисеви кажи му дека имаш исцедок има нормални и некои што не се нормални најубаво брисеви нека ти земе
Јас го имав/имам уште ама мислам дека е помалце. Инаку сум 10 недела, во 7-8 кога бев на преглед и кажав на докторката, тогаш имав дури и пецкање од време на време, ми рече дека било нормално на почеток додека се смести убаво ембрионот во матката. Ако ме чеша или пецка да пробам да се одмивам со чај од камилица. Јас еднаш го направив тоа и толку Е сега сепак консултација со гинеколог нели не е на одмет, сите сме различни
И јас имам некогаш бел некогаш жолт како шлајм извини на изразов. Наредна недела ќе правам брисеви. Се надевам дека немам ништо.
Дали сте имале големи болки во долниот дел на стомакот во бременоста ? Мене моментално 4 ден ми е со болки, па дури и во задникот осекам притисок ... и најболно ми е кога станувам, седнувам и се вртам во кревет од една на друга страна. На гинеколог ми кажаа дека се е во ред со бебе меѓутоа се плашам бидејќи поради болкиве не можам да функционирам
Јас осеќав така ниско во стомакот, вагинално до анусот мислам ме болеше, околу 20та недела некаде. Мене ми кажаа дека бебе е сеуште ниско, да одмарам со поткренати нозе. После неколку недели најверојатно бебче се качи нагоре и престанаа болките.
Бев и се беше во ред .. баш пред 15 дена ме стегна вака и ме држеше 4-5 дена..тогаш ми се погоди вториот скрининг ,секако ме прегледа и ми рече дека се е супер. Добра бев 5 дена и сега пак со истите болки.
Штом си била на преглед и ти е добар цррвиксот, лежи повеќе одмарај, кревај нозе за некоја недела ќе си се покачи бебко ќе поминат болките.
Умрев од болка во долниот дел на грбот, скоро цел ден ме боли дали е ова нормално? Инаку 19та недела сум, цервикс мерен пред две недели 44мм беше. Има место за паника, со оглед на тоа што пред две недели се си беше супер? И имав и тапа болка напред долу скроз ниско. Може да е тоа се уште од ширењето на матката?