Да неделава сум на скрининг одвај чекам, јес да лани имав спонтан во 14та недела па тешко дека ќе се опуштам иако сега сум покриена со клексани ...
Сосема те разбирам и јас имам еден спонтан пред да останам бремена и до ден денес ја анализирам секоја болка, а тоа што сум на мирување од 5та недела досега не ми дава ни да се пријавам во термини за породување, не па да купам нешто за бебуш. Ама се радував секогаш кога ќе ми дојдеше термин за ехо за да ја видам.
Јас еве трета бременост, прво миссед, па родено-бременост без никаков проблем, само тој страв си го имав до крај, сега трета бременост, 19та недела и пск го имам истиот страв како претходно, а баш сакав да уживам во оваа бременост ама истата сум.
Јас имам два еден пред да ја родам.ќерка ми и сега пак... Оди опушти се Ама ти си понапред?? Ајде со лесно ќе биде се во ред
Толку си праев сама стрес што до 9ти месец ништо немав купено Се ќе биде во ред само малку попозитивни да сме
Мислам и дека хормоните си го прават своето, ама не чува сите некој од горе, па ќе истуркаме и ќе се радуваме сите. Јас сум 31+ ама реков влегувам во 34 и ќе купам се што треба и ќе се опуштам и ќе уживам во тие неколку недели макар и со отечени нозе . Со лесно нека ни е на сите мешиња.
Женски 10+4 сум, денес после ручек почнаа ко пресекувања, ќе поминат па пак ко некоја болка у јајник, не се јаки ама некако испаничив, не ми се трча на дежурен.... Некој да утеши нормално или?? Сабајле малце попешачив .... Болки во кичма осеќам исто, додека лежам подобро ама а станам доле ко притисок осеќам. Покриена сум со прогестерон од почеток.
Девојки, 36 и 5 дена демес без цтг ама со ехо и вагинален преглед сум скоро 2 прста отворена, контракции не чувствувам, да одмарам ми препорачаа. Ако ништо не осеќам како ќе знам како сум зошто сум :/ Со првото ми пукна и водењаќ и се помачив со болки и контракции. Сега некако неочекувано незнам што да правам. Што да очекувам, кога да се алармирам?
И јас бев 2 прста отворена ама истерав до 38ма недела и тогаш ми пукна водењак. А не ни знаев дека сум отворена. Одмарај повеќе барем овие 2 недели не се качувај по скали.
Женски сте се разбудиле со низок притисок?? Станувам лошо ми беше многу мерам 89 со 70... Еве пијам благ сок ама мутна уште главата... Некој слично?
Низок ми е цело време, пред скоро месец на работа ќе паднев, одам на итна 80 со 40 ми беше, ми дадоја една инфузија и ме освежија. Иначе повеќе течности, вода, кока кола, јогурт со сол како ајран да дојди, тоа е "лекот" течностите
Zdravo devojki jas imam I predhodno pisuvano za mojot problem so senzonskata alergija... Bremena sum 12+5 nedeli sekoja esen prolet jas sum so loratadin I sprej fleksonaze Sega poradi bremenosta ne koristam nisto ama situacijata mi stanuva alarmanta jas navecer ne spijam od sto ne mozam da disam nosot mi e celosno zatnat pa ke tece pa kivam najmalku Po 500 pati na den znaci zanikade sum se konsultitav so Dr Kotlarova mi kaza deka lortdinot Sega go davaat I na trudnici sto mnogu povrakaat I e bezbeden isto mi kaza I fleksonazeto deka smeam da go koristam deka e lokalno vo nosot I ne pravi steta ama jas nekako pak Se plasam sovet od nekoja cleka sto bila vo vakva situacija sto koristela
Sega vo ovoj moment primas zirtek ? A nesto za vo nos nekoj sprej... Jas do Sega samo DVa TRI pati se imam napieno loratadin ama nema nekoj efekt bez fleksonazeto.. Sega go vidov zirtekot toa e cetirizin isto Kako loratadin Dr togas mi rece deka mozam citizen I loratadin I airius da zemam
Фликсоназето можеби е дозволено зошто е кортико исто како и декортинот тоа што е на база на кортико гледам дека го даваат зиртек пиев 4 дена и ми се смири алергијата
Bas ubavo ti za brzo ti pominala kaj mene Trae so meseci samo leto I zimo sum dobra posle pak a proleta pogotovo mi e najloso