Многу е тешко дури поминат мачнините, ама ќе биде, некаде околу 12 почнаа да ми се намалуваат, околу 14-та веќе ги немав. Сега знае после толку време да ми запречи повторно некој мирис, ама далеку од тоа што беше претходно. Инаку болките поинтезивно ми се јавија штом влегов во 16-та недела. Траеја една недела, појачав малку магнезиум и се изретчија. Еве сега сум 18-та, знае и сега да осетам на станување ама многу ретко, иако, два денови како намалив со магнезиумот поради појава на дијареа и еве супер сум немам болки. Јас во 16-та поради болките отидов на преглед, се беше во ред, од грло, бебе, чисти брисеви, добра крвна слика, црп, урина... Очигледно и возраста си го прави своето, сега имам 31 година и ништо не е како првиот пат.
Ако е на палец на нога, не го сечи ноктот до крај . Страните помеѓу мевцето и ноктето исчисти ги и не би требало да имаш проблем.