Ова се лажните, кај нив не се стврднува, т.е. се стврднува ама за одприлика 3-4недели ќе осетиш, а засега само вака заболува, па ако лежеш поминува при свртување на друга страна или станување, додека ако стоиш поминува ако седнеш или легнеш. Кај мене беа претежно додека лежев и тоа посебно свртена на десна страна.
Ги имав во истиот период како тебе и еве сега сами по себе си поминаа, ми се јавуваа 2 до 3 пати на ден и дури се препотував и пребледував и кога ќе легнев ми поминуваше. Тоа траеше околу 20 дена и после не ми се случуваше. Буквално неможев да пешачам повеќе од дваесет минути. Прашав ми рекоа нормално е!
епа тоа сакав да кажам, дека осетив како е и кога ми се стврднува стомакот како камен ми станува ама тогаш не ме боле туку така ми стои цврс помалку од минута и ме пушта, и тоа се случува претешно навечер кога си легнувам и кога лежам на грб. а ова е нешто друго како што кажува сесилиа дури пребледувам од болка како да ме сече под стомакот и тоа јаката болка трае најмногу 10 секунди и поминува ама потоа тапо боли што морам да седнам или да легнам да помине. ај ке видиме кога ке престане, сега во среда сум на контрола, па ке му кажам да лекарот. ви благодарам
Јас ги имав овие болки што ги опишуваш пред точно една недеа, ама мене ме држеа по цел ден, ме сечеше долу кај стомакот,како некои грчеви,не знам како да ги опишам, издржливи секако и не постојани и така 2 дена ме држеа и после сами по себе ми поминаа, а од што се којзнае. Ја прашав и докторката и ми кажа дека се нормали дека бебето се мести, секко ако се доста јаки и неизржливи даи се јавам пак, ама не беа јакиине остјани, так да опушти се и нема место за секирации Јас си ја ставам раката на стомакот и штом ме клоцне се опуштам повеќе и тоа ми е гаранција дека е се во ред бебчето ми
лелее и јас сум иста, си а ставам раката на стомакот и кога ќе мрдне одма се опуштам знам дека е се во ред со него
сакам да ве прашам...11недела сум и до сега немав никаква мака околу бременоста никогаш ништо не осекав само понекогаш ме заболуваше во долниот дел од стомакот од левата страна некаде кај јајникот.ама вчера имав повремени болки на истото место како да некој ме дува од внатре и тоа болеше не можев да седам.денес пак ми е ок ...дали е тоа нормално?некои жени кои веке рдиле ми викаат дека во 3 месец тие болки како пороилни се нормални затоа што плодот се развива. некако се плашам затоа што не осекам ништо а се слушамкако сите имале мачнини во брееноста а мене не ми е ништо..дај боже да е се во ред
Ако се работи за неиздржливи силни болки, тогаш треба да се консултираш со гинеколог. Инаку, можно е да те боли поради ширењето на матката или развивањето на плодот. За мачнините, ич да си немаш гајле, и јас првите три месеци мака не видов, освен што многу спиев. Ама затоа во трето тромесечие си знаев да се истурам од повраќање, најчесто после ручекот, од железото што го пиев.
Јас од почетокот, првите 4 месеци се прашував - А бе јас бремена сум или што??? Ни гадење , ни киселини ни бутур не ми беше. хаха ( ама затоа пак сега ми се наплаќа тродупло за тоа уживање тогаш ) Инаку болките се нормални, доколку нели не се екстремно јаки и пропратени со дополнителни симптоми како крварење недај боже или сл. бидејки плодот се развива, матката се шири. Само редовно магнезиумче Инаку кога сме веќе кај болките, болката во пубичнава моја коска абер нема да стивне. Легни , стани исто ми се фаќа. Како раштрафена сум во тоа нозете.. Ко патка бре...ццц...
не не скраја било да се неиздржливи..само кога ке се свиткав дека цел ден а рабора седам како шилци од време на време..е вечерта кога дојдов дома легнав и ми помина.значи нормално е..да не кревам паника фала ти најмногу ancetupance фала ти и на тебе друго е кога човек не си праша јас додека да најдам матичен ке се породам у понеделник има да го распрашам за се фала ви најмногу
Мамички да ве прасам дали е нормално сто ме боли стомак а четврта недела сум и неколку дена олус и каслам од што сум настината па да не ми биде непто недај бозе
ЗДРАВОО МАНИЧКИ ДА ВЕ ПРАШАМ НОРМАЛНО ЛИ Е ДА ИМАШ БОЛКИ САМО ВО ПОЛОВИНАТА ДЕНЕС ЈАС ИМАМ ДА НЕ Е СТРАШНО НЕШТО ВЕ МОЛАМ ЗА ОДД ФАЛА ВИ
Која недела си? Кога останав бремена половината не да ми болеше од кревет не можев да станувам на сабајле не беше ништо страшно ... Те прашувам која недела си оти ако си 38-39 можеби почнуваат породилните болки. Позз
Абе Гладиола ти многу рано почна да осеќаш туднички симптоми, немој многу да мислиш на тоа, немој да се оптоваруваш со состојбата, ко што рече Ноелле, трудни сте не сте болни, уживајте максимално во овој период но немојте да дозволувате да размислувате негативно. Ви кажувам од искуство на сестра која ги слушаше сите негативни мисли на една трудница, ама со малку разговор мислам дека се опушти и ја сфати состојбата како сосема нормална. А мое мислење е дека кичмата те боли од што си напрегната да не направиш нешто погрешно, да не се повредиш, да не направиш беља некоја, да не му наштетиш на бебето.
Па од тоа те боли бе миличка, од што лежиш, стани, прошетај, ако можеш се разбира, ако не ти е од доктор нагласено да лежиш. Сестра ми ги прележа првите 2 месеци и грбот мислам дека и отпадна од лежење, нормално е тоа дека ќе те боли. Ако не смееше да стануваш барем подисправувај се, намести си перници позади и седи така, полулегната а не цело време на една страна и претпоставувам сега ги изгледа сите серии и емисии во таа положба, значи менувај ја положбата, тоа е најбитно. И иако ти кажале да лежиш, можеш да стануваш помалку мислам, насабајле свари си сама чајче, направи си доручече и изеди го седната на маса а не легната в кревет во послужавник. Леле со сестра ми колку маки имавме, она не може да седи на едно место, едвај доседуваше два месеци, на крај во 6 месец се селеше и ништо не се деси, супер си помина се, еве ја наша Буца 2ипол години ко 4 да има.
Мешенца здраво и од емне. Јас денес имав некои болки долу кај јајниците, како менструални болки и ме тераше да одам стално во тоалет, а ништо не правев, ниту пишкав ниту к***в , па легнав малку да одморам и сега ми помина, немам болки, ама ме чуди што би можело да биде? Да не сум измрзнала случајно или пак лажни контракции се? Ако може некоја поискусна мамичка да ми каже, ќе ве замолам