Кога има инфекција секогаш без исклучок се третираат двајцата партнери.Затоа и постои испитување преку брис и кај двајцата партнери,и испитување и преку крв. Направи пак брис ако ја има пак тогаш посериозен пристап не вака.
Јас ја имав пред да останам бремена, и секако антибиотикот кој го примав јас го примаше и маж ми , мислам дека тоа е многу поисправно, бидејки Кламидијата се пренесува со сексуални односи, па секако без разлика кој е преносител ти или тој до сега сигурно си ја имате пренесено еден на друг, па џабе е ако ти се исчистиш а остане во него тој пак ќе ти ја пренесе. Освен ако имате односи исклучиво со кондом, но во секој случај јас сум за и тој да си се третира.
Не тој не правеше испитување, но по таа логика дека се пренесува со сексуални односи, пиеше, не знам точно кои антибиотици беа, знам дека пиевме по 2, 4 пати на ден, 10 дена, некоја ударна доза, ама ја исчистив од прва Јас секако користев и вагиналети паралелно со лекарствата, но за тоа секако мора матичниот да ти каже што и колку.
фала мила што мислиш на мене мене сношти ме пуштија од болнича пошто денеска имав многу важен термин. на болница не знат што ми е прво мислеја дека имам воспаленије на крвта,па инфекциа,па дека имам слепо црево,па кил и така излегов без никаков одговор денеска во 2 имам термин кај мојот док.... па да видиме тој што че кажи и чекам позив од болнича за да ми закажат термин за ренген да ми направат на стомачети,да видат дали треба нешто да се опериса.болките се присутни исто како и на почетокот и стравот ми је вкоски влезен не знам со мене ни со бебето како че биди (се надевам ова со добро че се завеши,и се молам на господ) мило ми за тебе сто се смирила температурата,чувајтесе со мешенчето и бидете добри
Јас сум 21 недела. Веќе некое време очите ми се суви, а јас плус леќи носам. Тоа е нормално. Можеш да користиш капки за очи. Во аптека ми рекоа дека има капки што се како природна солза и најдобро е тие да се користат. Спојлер Сепак, јас никакви лекови не примам пред да ја прашам докторката ќе одам кај неа во понеделник па ќе видиме што ќе каже она
Жалосна смееш ли рендген да направиш? Не сум сигурна, но мислам дека Х-зраците се штетни во бременоста. Ако грешам, нека ме поправи некој!
Како тоа рендген да ти прават, па нели рендгенските зраци не се добри во бременоста, не би требало заб да се снима во бременост, а не па стомаче. Или може тоа е нешто друго, не е оној класичен рендген. Ќе биде се добро. Ти правеа ли брисеви да видат да не е некојa инфекција? Јас да ти кажам еднаш кога имав прејаки болки во стомак, ама не бев тогаш бремена, сакаа ова докториве хирурзи ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ да ми прават операција на слепо црево, дека ми беа леукоцити покачени. Јас одбив, инаку ќе се најдев во операциона сала, и тоа замисли, не дека се сигурни, туку онака ми вика, за секој случај. После се испостави дека сум имала силно воспаление на бешиката, со таблети и чаеви ми помина многу брзо. Па викам да не случајно и кај тебе е нешто слично, да немаш воспаление некое на бешиката, или некоја инфекција, па да ти направат брисеви. Важно верувам дека си во добри раце, таму докторите се повеќе за верување, отколку нашине во МКД. Само опуштено и се ќе биде супер. Поздрав голем срцка!
јас мислам дека је штетно и нема да им легнам додека не дознам или на добијам на песмено дека нема да му наштетат на бебето (па макар и 9 месеци да морам да прележам вкревет)
ми зедоја и брисеви - нема никаква инфециа, ми зедоја мокраца-немам никакво воспаление и крвта се стабилизира се е по нивно ок а мене стомак ме кини чим појдам до кујна што се вели или само од лежејне ко че сакам да подстанам мене многу ме заболува и одма гледам крв дане има од страв.со нервиве и психички од зал за бебо пропаднав скроз
Значи кога лежиш не те боли стомачето? Мојата докторка ми рече колку да си знам дека ако ме заболи стомак, да легнам и ако од легнувањето помине, тогаш ништо не е. Немој да се нервираш, мисли си на убавки работи, и штом на бебето не му е ништо немој да се секираш, ок? А да не ти налегнало бебенцето некој нерв штом те боли кога ќе се помрднеш?
ми се смирува по 2-3 мин лежејне а некогас болките ме фајчат и во лезејне и сум вејче 9 дена на дафалган од 1 г ,на секој 6 сати смејам да ги пијам
Во право си Жалосна, и онака е многу штетно да се прави ренген па камо ли во бременост. Лежи Спојлер (знам дека е напорно, досадно и се чувствуваш беспомошно ама што да се прави) и одмарај.
дафалганот е всусност парацетамол и тоа од 1 г на секој 6 саати мислам дека е ногу за бремена зена,смеес да пиес парацеамол но не толку многу Често подобро консултирај се со твојот гениколог
јас се врајчам под хитмо пак во болница.док.. се упропасте ко ме виде детето рече је ок ама јас имам нешто чаос
Oвај пат ми најдоја воспаление на урината и ми дадоја антибиоток.глупости невидени до вчера воспаление на крвта а со мокрачата се Oк бесе, а од денеска се ок со крвта па воспаленије во мокрачата најдоја и работава испадна сучи врти дека пак несе сигурни што ми е,големо меше сум имала спрема моите кила и висина зато така болки сум Oсејцала во стомачето и кичматаба. а јас имам две родено без никаков проблем демек сакат да кажат тогас бев како слон висока и сега се смалив господ да чува и да брани ми испукаа живциве сто незнат што ми е