Ќе испадне изгледа како јас тогаш со преголеми болки кога имав во стомакот, да бев тогаш трудна ќе помислев дека раѓам, толку големи болки во живот сум немала, и црно пред очи ми се појавуваше и ладна пот ме обливаше, неможев да одам од болки, и тие „докторите„ ќе ме оперираа од слепо црево, а јас сум имала цистит, силно воспаление на бешиката. Се давев во чај од брусница и утредента веќе ми беше подобро. Пиев и јас таблети и помина, најважно бактериите од мокрачата да ги измочкаш, пиј колку можеш повеќе чај, само прашај си во која количина смееш дека си бремена. Ќе ти помине, за ден-два ќе бидеш како нова
ме снимаја да видат дали имам нешто во стомачето и кај бубрезите и се беше ок утре се договорија гинек..и тој што ме снимаше за бубрезите за заедно да ме зирнат да видат што ми е и пак сабајле крв да ми цицнат од вена.и сега ми приклучија пак дафалган за против болкиве ма да знам дека 100% и тоа не делува и пак дека че ме боли кичмата и мешето.
Прашај ги за чај од брусница дали смееш и во која количина. Мораш да пиеш повеќе течности, ќе се прочистиш од воспалението и ќе бидеш здрава како дрен
че му речам после на мм да ми донеси кесички за чајчето а да си прашам дали можи и сокче од бруснича?
може ама чајот е многу подобар. На виталија е добар од чиста брусница е, и помага навистина. Се надевам дека ќе ти биде подобро. Пиши што си направила на доктор
Женски да ве прашам, после секс чувствувам како некоја иритација. Не знам како да објаснам. Како да ме пече, ама не баш. И треа кратко, не повеќе од 5-10 мин. Не ми изгледа како инфекција (ем немам др симптоми а и примав полигинакс вегиналети до пред една недела), а и не ми пречи. Немам никакви други неудобности за време или после тоа. Има ли некоја од вас слично искуство?
Девојки сте имале искуство со болки во половината и стомакот.Матичната ми рече нормално било да има такви болки ама незнам како да се справам со нив.совет??????
Половината не да ме боли одвај навечер заспивам гледај преку ден повеќе лежи, ние секој ден со гости и на столица дека седам после одвај станувам солзи ми идат. а стомакот ме заболува само понекогаш
јас имам болки во стомакот и полојната,во болница сум .... ми велат дека морам појче да одмарам магнезиум да пијам и елевит таблетки за бебето да си пијам
нормално е на почетокот исто како пред менструални болки и и јас ги осеќав сега ми се многу ретки.... нема место за паника се додека е слабо и краткотрајно е нормално
јас да ве прасам имам многу силни болки во олниот дел на грбот,некој велат дека е нормално да те боли грбот на крајот на бременоста,но јас сеусте сум на средината стварно се силни болките се мислам дали да одам на дотор ке мозе ли некој да ми одговори
појдиси на доктор нека те провери мози че ти дај некој таблетки .јас имам јаки болки ми рекоја дека е од сто расти стомачето и да пијам магнезиум,дафалгад 4 пати на ден,елевит витамини за бебето и усте едни за смирувајне на болката и да лезам што повејче.
И јас денес бев на лекар. Имам некои болки во стомакот, слаби, ама прв пат такви имам, а и на психичка база па си викам да проверам. Бев на приватно зш кај матичната треба да чекам 2 недели. Се е супер. Целосно го прегледа бебето, од глава до пети (мозок, кичма, срце се). Убаво беше да се види и да се чуе. 370г. е. Спојлер Ја прашав и за упатот што го имам за идна недела за д-димери, ми рече дека ем е премногу рано (најрано кај 24нед требало да се оди) ем вика јас не гледам потреба од тоа. Има подобро ехо од матичната и вика еве ти тоа неа што и личело на црни дамки се крвни садови. Туку знате што? Мене од самиот почеток стомакот ми е тврд, и јас мислев дека тоа е нормално , ама не било. И се изненади што и покрај тоа што пијам магнезиум 2х250г. а стомакот пак ми е тврд. Кај вас како е?
шо знам мене стомакот ми е нормален мек.. сега не така меко како порано туку има мала промена,, туку јас се секирам за брисевите дури во понеделник резултати а докторката ништо не ми даде за примање можеби немало потреба сега одма да ми даде....мале не знам малку ќе заборавам и ќе ме фати грч ќе ми текне... ќе му одам на гости кај докторот мојот матичен комсија ми е
captivating сега малку ме замисли. Од пред два дена и јас го чувствувам стомакот затегнат и тврд. Не е кој знае колку, ама со сигурност тврдам дека не ми беше ваков. И јас си помислив дека веројатно е нормално. Тебе што ти кажа гинекологот? Јас сум во мноооогу рана бременост, веројатно некаде околу 7 недела. Ептен рано за било какви физички промени. Пред 5-6 дена почнав да имам проблеми со мачнини, уште траат, но тоа знам дека е нормално. Ова со стомакот ти кога го примети прв пат? Зошто станува тврд стомакот? Убаво што ми кажа, да знам да му го кажам ова на матичниот кога ќе одам на следна контрола.
колку повеќе читаме толку повеќе се мачиме се оптеретуваме нели секоја трудница и бременост нее иста..... тоа е тоа шо ние трудните претеруваме понекогаш ама нели од пусти страв си правиме така паничиме. се оптеретуваме овде ајдее само се да биде во ред со нашите бебушкииии
Луѓе, мене шеќерот изгледа ми е покачен, на гладно ми покажа 5,5 (дома правев). Има место за загриженост? Може дека сум постара и покрупна, па сега дека бремена, може од тоа. Ќе видиме во петок на лекар, дај Боже да не е нешто што може да наштети, уф...
ddevojce Апсолутно си во право. Јас повеќе на психичка база отидов на лекар. Тук-таму само читам ова ме боли, она ме боли и кога мене почна да ме бноли-ајт на лекар. Интересно е што никогаш не помислив дека толку ќе се грижам за ситници кога ќе бидам бремена. Нешто толку убаво а толку многу грижи ни задава. Дали ова е нормално, дали она е нормално... Интернетот е крив Jagoda123 Еве денес цел ден го проверувам стомакот, дури и мм проверува. Мек е. Иначе беше тврд, баш тврд. Кога ќе го притеснев си остануваше на место, како да имам ептен затегнати мускули без грам салце .