фала ти многуу и на тебе девојче навистина ме утешивте па незнам така ми рече докторката мојот доктор е на одмор па затоа бев кај една друга докторка и така ми рече дека неможе било штетно за бебето незнам што иначе сум 15 недела и 4 дена поздравчеее мвааа
ајде мамички уште малце и се ќе ни мине јас сум во 28ма недела но осекам чудна болка нешто како печење ... демек било од косичка на бебушот ... ви се има случено ова ? утре закажав на лекар ... не сакам да паничам , ама се осеќа болка ...
Јас болки во јајници како менструални почнав да осеќам сега пред некој ден. И најмногу ми се зголемуваат после тоалет, не знам зошто.. Инаку, не се паничам ама не се ни пријатни баш.
A претходно не си имала болки? Јас имам од некаде 12-13 недела, слаби се ама се многу непријатни затоа што осеќам дека во секој момент ќе добијам. Докторот ми рече дека тоа е последица од ширењето на матката и не е воопшто за загрижување. Е сега бидејќи ти си веќе во поодмината бременост, можеби е посигурно да се исконсултираш со матичниот.
Не, до сега откако ми е констатирана бременост не сум имала од овој тип на болки. Имав на почетокот некое чудно чувство ама не го дефинирав баш како болка. Ова сега е од оној тип како кога секој момент мислиш ќе добиеш и тоа баш од двете страни кај јајниците. Зафатена ми е матичната моментално, попладне треба да ја барам, ама добро-не е толку ургентно. Не ме боли постојано.
види што че ти кажи и пиши те молам .... пошто и јас ги имам истите болки во јајничите и мислам дека секој момент че добијам и само трчам до wc
Сега пак ја барав, не можев да издржам. Ми рече дека можно е да е од бешиката и да се напијам увин чај и да направам анализа на урина, бидејќи понекогаш бешиката може така да пренесува болка. Мада јас лично мислам дека не е поврзано со бешиката. Мислам дека бебето ми притиска бидејќи многу ниско го носам, а сега е поголемко. Али ќе ги направам анализите како што рече, па ќе видиме.
а како се прави таа анализа преку крв ? че си пукнам значи од бубрезиве на секој пола сат јас трчам за во wc и немозам длабоко воздух да си земам од болки.. и тоа што викаш чим че се олесна мене уште појче ме заболуват и јајниците и стомакот и готово си мислам си направив бела (добив)
Мамички има едно прашање за холестеролот во бременост? Дали е нормално да биде покачен, пошто на последниве анализи ми беше покачен, ма да гинекологот ми рече да не го гледам нормално било. Сепак ме загрижува да не му штети нешто на бебуш
нормално е да биде покачен исто како и седиментацијата па кога се прават анализи на крвта најчесто гинеколозите не назначуваат проверка на тие параметри или воопшто не ги гледаат.
Во бременост се проверува само крвна слика, урина, шеќер и железо. Сите други работи како триглицериди, холестерол, седиментација итн. се нормално покачени и тоа не треба да те загрижува. Затоа кога проверуваш на упатот назначи на матичниот да не ти ги заокружува тие. За анализа на урината треба само да однесеш урина во лабараторија. Потоа ако ти пронајдат некоја бактерија која можеби е причинител на тие болки (што се сомневам, бидејќи јас немам никаква бактерија, и јас мислам дека е од плодот што притиска и од ширењето на матката) се прави уринокултура.
Оди во било која лабораторија и барај да ти направат обична проверка на урината (државно/приватно). Ако има бактерии ќе се покаже па дополнително ќе одиш да однесеш за микробиологија за да видат за која бактерија станува збор. Но овие симптоми наши не ми се како бактерија. Со бактерија боли при уринирање, матна е урината, има специфичен мирис и сл. Јас немам ништо од тоа, само често мокрење и болка во јајници кога се движам поише или после тоалет, што ме асоцира на бебушко дека е доле, а не дека е инфекција. Ама да си провериме, нема греда од тоа
Devojki mi treba itno odgovor.Prostete za latinicava od mob pisuvam.Denes custvuvam nesto kako peckanja na vaginata ne bolka tuku nekoe neubavo cuvstvo kako nesti da mi pominuva dolu kaj vagunata.Site brusevi gi napraviv i se negativni od sto mislite deka e toa cuvstvo?
пред 2- 3недели кога бев во болница ми направија секакви испитувајна па и на урината се е ок немам никакви бактерии..а и за ова ако се подвизам фазла од 1 сат јас имам болки скроз ниско во стомакот и како што пишав исто така и после мала нужда имам болки и бодежи во јајничите (а поготово нојче најпојче ме боли кога станам кога че се олеснам едвај се врајчам до спална) имам некој осет како да е бебето скроз ниско а и се осејча на допир
подмивај се со камилица и со сода бикарбона.. можеби ти е лута мочката па затоа имаш пецкање, или од белото прање не е ништо страшно. го познавам добро тоа што го опишуваш...добро е што резултатите од брисевите се во ред.. значи нема проблем од инфекција и бактерија, ...
Многу ме занима каква е оваа лута мочка (урина), нешто како луто пиперче или? може да ми дадеш стручно објаснување?
не сум стручњак ама на некој едноставен начин ќе објаснам... не е како луто пиперче туку силна е мокрачата ради бременоста и има промени во крвната слика... секако не е ништо страшно.. штом резултатите од микробиологија се во ред..
здравоо на сите ми најдоа бактерија во урината дали може некој да ми каже дали е штетна са време на бременоста дали може да му наштети на бебето и ако некој ја имал нека ми пише како ја ислечил и дали се лечи брзо позддрав мва
Пиј увин чај барем по литар литар ипол дневно. За 4-5 дена повтори ја анализата. Ако и тогаш имаш бактерија, тогаш треба да однесеш мокрача за уринокултура да се види за која бактерија станува збор и дали е опасна. Мене така ми најдоа бактерии во урина, му се јавив на матичниот, тој ме советуваше вака и плус пиење на многу течности, минимум 2 литри. За 4 дена ја повторив анализата и немаше ништо. И сега си пијам од време на време увин чај (има еден што е рефус во аптека никако ќесички) и не сум имала проблем оттогаш. и се надевам дека ти помогнав.