Мислиш? Баш читам сега во една друга тема дека кога бебето се врти со главчето надолу тогаш има таква болка како менструална.....може и кај мене е така, којзнае. Инаку мене болката ми помина, толку беше , некој саат време ме болеше со престан, ме заболуваше па престануваше
и мене ми се случува истото, ама претежно навечер. Јас мислам дека се преморувам деновиве многу работев по дома, и навечер бев исрпена и кога се движев ме болеше долниот дел во стомакот како за менструација. А со оглед дека сме јас и ти тука некаде со неделите можеби и нормално е. кој знае
Мене до сега ми се нема случено да почувствувам таква болка, менструална, како да треба секој момент да добијам, прв пат денес, ете , среќа брзо помина, па не морав да одам до гинекологот. Сигурно е нормално, не може другачие да биде, само нека биде се во ред, уште малку да издржиме до крај
мешенца како сте? одамна немам пишано ама редовно си читкам шо пишувате сакам да прашам дали некоја имала болки во препоните?? цел ден денес така се осекам , а по малку одвреме на време како пред добивање осекам болка
Е мила, сосем иста таква болка јас имав вчера , баш пишав овде за консултација и совет, бидејќи првпат ми се има случено тако нешто, менструална болка и во препоните како пецкање, како да сака да ми излета бебушот во секое време така се чувствував, ама за среќа брзо ми помина, легнав да одморам, сум заспала и кога се разбудив ја немаше повеќе болката, исчезна и повеќе не ме фати до крајот на денот. Денес нема ништо, се е во ред. Можеби се припрема бебето за пораѓај веќе лека полека, којзнае, ама мислам дека е нормално, штом на повеќето има се има случено такво нешто, нема паника.
Тие болки се нормални во тој период од бременотста,а кај мене траеа се до крајот на бременоста,викаат дека бебето се мести во положба за раѓање. Нема потреба од страв.
видов од после дека си пишала и ти за ова... и кај мене не е постојано, туку од време навреме, ама сепак е болка, па одма нели се паничиме сигурно се е тоа нормално,што велиш сигурно бебушко се спрема за излегување ама моето е карлично,си седело така ми рече докторката, а не е со главчето надолу
Kallais, Sinjorita, lubica ве читам за тоа со болките можно и да сте преладени оти јас сум 10 недели поназад од вас ама ги имав истите болки па можеби една недела ме болеше долу кај јајниците и ми се чинеше ете секој момент ке ми потечи нешто од така болка што ме факаше, па фала богу еве два дена немам ништо а можно е и бебето да си се мести оти сега имам мака ко ке легнувам да спијам и сабајле ко ке станам еднаш за во вц неможам никако да се наместам ме притиска од сите страни па дури се дешава во полу седечка положба да дремам и тоа се почесто, а насабајле дури и ако неможам да се наместам и станувам и си седам рано рано
јас мислам дека од премора е тоа, јас наутро кога ставам ништо не ми е и преку ден супер функционирам, ама навечер кога веке снемувам сила и тогаш почнува да ме боли доле кај јајниците и тоа само кога одам, ако седнам и болката поминува.
Ете и јас ко ке седнев или легнев болката ја немаше па можи и од премора да е. а оти бе неизводливо за царски да закажете мене тоа ми е чудно мислам барем сега е со избор барем кај нас во битола е така две мој другарки за двете деца (значи имат по две деца) си се со царски и без проблем си се породиле мислам со закажвење или нешто такво слично ако не пробај си скопје па таму види закажи си некако П:С машала за бебчето само нека си расте тоа
Киселини и болки во грбот и мене уште од почетокот ме мачат киселините, на последнот преглед ми препорачаа рупарупт планирам нив да ги земам друго чаре нема
Киселини и болки во грбот За болките во грбот можам само да кажам дека ако вака боли пораѓање, тешко мене. Кашлам (сега веке послабо) трета недела и успеав до сега да изместам 3 пара мускули меѓу ребра. Последното изместување ми се случи во Саботата во кафана со мм. Не можев да застанам на нозе, солзи сами си течеа, неподнослива болка, не можев ни да кашлам ни да кивнам ни да издувам нос. Десната страна парализирана, баш кај делот под ребрата, најмалото ребренце. Совет од физиотерапевт:-Кашлај преку рамо. И ми помогна, не ме болеше толку. Ама за спиење - смрт. Ни една положба не ми беше удобна. Мм да е жив и здрав ми носеше пешкирчиња со ракија натопени за да се смири малку и ме масираше со лута маст за да ми помине и еве денес сум на работа. Причинител на моите болки не било само кашлањето, туку и буце си правело простор. Јас имам многу мала половина и докторите ми рекоа да очекувам дека ке ми се подрашири малку струкот а со него и долниот дел од градниот кош. Сите жени со тесна половина го доживувале ова. Јас само што влегувам во 4ти месец...кај ми е крајот мамички
Киселини и болки во грбот Ехе и ова со половините уште од почеток ме мачи и навистина имав многу тенка половина а сега се проширив и ив половината,а мислев само мешето ке расте Инаку денес пешачев бајаги и после болка во половината неподнослива но фала богу се смири иначе почна да ме фаќа страв
девојки едно прашање многу ме боли долу десниот јајник незнам што да правам дали ми е од прехлада ме тера за во вц ама ко ке одам дури ме боли ко ке мочам со извинување а и многу ми ја здрвува ногата од болка немам толку јаки ама одвреме навреме се некако остри а и бебушко е баш денес многу активен се плашам да не му е нешто
Ахххх Ануле, чекај сега уште не ти станале овие болки секојдневие, како ќе идеш напред со бременоста така ќе боли све повеќе. Не ти е јајник тоа што те боли, него најверојатно бебето ти ,,налегнало,,на некој нерв, па затоа и те боли толку а и ти се кочи ногата. Не се секирај, ќе се помести оно и болката ќе ја снема. Не е исклучено и дека од ова времиштево ладно ти се прехладил јајникот, ама мене тоа ми е поневеројатно. Во секој случај не се секирај,на бебето ништо не му е.