охооо не да се осеќа мислиш ќе го скине мешето и ќе излезе не знам за вас ама веќе еве 4 ден по ред секое утро во 6часот моето бебуле ика ... ама луѓе тоа трае многу време околку 15 мин така да има доста време да ме расони ... инаку јас влегов во 9ти месец денес ... значи икањето го осетив на крајот на 8ми ... за порано не знам дали се осеќа
Здраво, пишав во Труднички муабети ама темата е толку општа и ни најмалку не помага во врска со проблеми туку само трупаат како се чувствуваат, колку прошетале и што се изнапазарувале, што соништа сонувале и други непотребни и банални работи што после некое време си реков што пишуваш таму кога нема фајде, во оваа тема се надевам дека ќе најдам на разбирање за мојата мака. Вчера ептен бев настината, носот ми течеше како чешма, грлото суво и ме гребеше цел ден го поминав во кревет. Денес бев на преглед кај матичниот општ лекар заради настинкава. Прво кога ме наслушна и ми го виде грлото рече дека не е ништо страшно но ме прати во лабораторија за крв. Кога и ги однесов резултатите, докторката ми вика е баш од ова се плашев - стрептокока. Се мислеше што да ми препише, ама ми рече стрептококата се лечи само со антибиотици, и дека мора да ми препише Амоксицилин, пиј по две на ден, ми рече еве нека се 1000 мг доволно за трудници. Досега не сум имала проблем со бактерии, ама очигледно бременоста ми го слабее имунитетот па поподложен е на инфекции. Сакам да ве прашам ако некоја знае да ми помогне дали имала вакво или слично искуство со стрептокока во рана бременост и дали преку анализа на крв се открива ова опасно бактериште? Сурфав дека стрептокока на грло се открива преку брис на грло ама мене ми земаа анализа за крв, се ми испитаа преку крв и се друго беше во граници на нормала ама ете стрептококата се јави како натрапник да направи проблем.
Прв пат слушам за испитување на бактерија преку крв, за брис да ама преку крв На резултатот од лабораторија пишуваше ли стептокока или од вредностите матичната заклучи дека е тоа? Инаку и јас имав пиено во претходната бременост антибиотици заради високи леукоцти, мислам во рана бременост.
Прв пат слушам за испитување на бактерија преку крв, за брис да ама преку крв На резултатот од лабораторија пишуваше ли стептокока или од вредностите матичната заклучи дека е тоа? Инаку и јас имав пиено во претходната бременост антибиотици заради високи леукоцти, мислам во рана бременост.[/quote] Да бе милата и мене тоа ми беше чудно ама веројатно докторката пресметала од вредностите па преку нив ми ја откри стрептококата. Инаку се испаничив малку дека не се препорачуваат антибиотици за трудници ама ете прочитав и на упатството од лекот вика дека во случај на бременост може безбедно да се употребува но само во строго индицирани случаи. Така да останува да им веруваме на лекарите, тие најдобро си знаат. Ама какво време дојде и кој се зема диплома, со право и да сме скептици
Да бе милата и мене тоа ми беше чудно ама веројатно докторката пресметала од вредностите па преку нив ми ја откри стрептококата. Инаку се испаничив малку дека не се препорачуваат антибиотици за трудници ама ете прочитав и на упатството од лекот вика дека во случај на бременост може безбедно да се употребува но само во строго индицирани случаи. Така да останува да им веруваме на лекарите, тие најдобро си знаат. Ама какво време дојде и кој се зема диплома, со право и да сме скептици [/quote] А ова ти го препиша матичниот општ лекар или гинеколог. Ако ти го препишал општ лекар мораш првин со гинекологот да се консултираш, бидејќи тој мора да знае какви лекарства пиеш.
значи прво пред да ги пиеш лекарставата ќе се консултираш со гинекологот... и да си сигурна за бактеријата оди на микробиологија нека ти земат брис од грлото ќе се види посигурно...
Feminki 36 nedela sum preska dobiv malku krvarenje sveza krv na vloskata i potoa mi zastana bev na bolnica me proverija ne sum otvorena mala infekcija mi rece deka imam i sosem malku kontrakcii no lazni barem za sega pocetni,,dali nekoja imala iskustvo so toa dali za brzo se porodile ili ne e nisto strasno?
не знам да ти одговорам, не сум сеуште со искуството отидена до контракциите. Сепак штом си била на лекар нема потреба од паника, ако ти дале нешто против инфекцијата гледај да ја излечиш на време за ако се пораѓаш по природен пат да не му се пренесе на бебчето.
драги феминки, денес се уверив дека не секој доктор е за верување и дека не секој лекар е професионалец. Како што ви пишав, од вчера ме нападна настинка со истечни води од носот и гребливо грло. Бидејќи денес од сабајле имав закажано кај матичниот гинеколог за брисеви, откако завршив кај него си реков штом сум тука нека ме види и матичниот општ лекар па да ми помогне со настинкава. Меѓутоа матичниот лекар ми бил втора смена, па си помислив да не доаѓам двапати нека ме види замената што му е. Уште кога ја видов таа ми се виде ко изгубен случај. И објаснив дека сум настината, дека ми тече носот, дека грлото ме гребе, дека сум трудница и дека немам земено никакви лекарства освен чајчиња, супа, мед и лимони. Ме прати на анализа на крв и да не се преповторувам ви го објаснив случајот кај нејзе. Ми препиша антибиотици, демек се сомневаше на стрептокока. Бидејќи за среќа не ми е матична, ми рече дојди после или утре матичниот да ти издаде боледување. Поручекта со маж ми се мислиме, вика ајде да идеме и онака малку да прошетаме. Идам јас кај мојот матичен и му ја кажувам целата приказна, ги виде тој резултатите од крвната слика, ме прегледа, и ми вели дека се работи за обична настинка и ме прашува што ми препишала замената. За среќа не се напив од нив денеска, си реков дај да почекам, оти таа замената толку се туфкаше што некако несигурно ми рече еве ти антибиотици ама пак види си со матичниот. Овојпат го прашав матичниот како видела оваа дека имам стрептокока, по некои вредности ли израчунала а тој ми вели да, може и преку крвна слика да се види меѓутоа јас не би избрзувал со антибиотици, дојди за два дена да те видам и ако си подобра ќе нема никаква потреба од нив, инаку не се многу штетни ама да ги избегнеме. Се виде дека кај мене е затнат носот највеќе и грлото ми е малку воспалено ама не до тој степен да ризикувам со антибиотици. Ме прсна докторот со тоа шишето со инфузија во носот, како солена вода што е растворот, и носот уште одма ми попушти, па ми рече да си купам од растворот и со инјекција да си се прскам да ми попушти носот оти капките биле непријател број 1 за трудници а ова не било воопшто штетно и може да си прскаш во носот колку пати сакаш. Ми кажа и да си пијам витамин ц ама со храна да го внесувам да не ми прави дупки во стомакот и ме испрати со таков убав однос што со маж ми останавме запрепастени и презадоволни од таквиот однос. Ете мили мои, не секој лекар ја заслужил дипломата, внимавајте.
^ Срце затоа треба да внимаваш. Сега си во период кога највеќе би му штетеле лекарства на бебушот. Затоа мора првин да се исконсултираш со повеќе лекари пред да пиеш било што. Ти посакувам што побргу да оздравиш. Пиј чаеви, цеди лимон и портокал, јади супи што е можно повеќе, гледај и витамин Ц да го внесуваш во што е можно поприродна форма (лимон, портокал, зелена пиперка).
Мислам дека ти останало уште малку, па и време ти е, ништо страшно влезена си во деветти. Јас со првата бременост така почнав, малку крв и бев еден прст отворена и за една недела точно ми пукна водењакот, може кај тебе нема да биде така. Без паника, поздрав.
paniko stoooo? strav imam i toa premnogu,,,porano vikam samo da vlezam vo devetti i da rodam no sega vikam neka posedi iste malku
Уште малку или многу сеедно тоа е тоа еднаш мора да излезе Јас воопшто немам страв од пораѓај, се поминува толку брзо. Поздрав
Мамички мене ова ми се случува. Веќе една недела ме стега доле кај вагината. Трае неколку секунди и ми се случуваше 2 до 3 пати во денот. Арно ама денеска ептен се зачести, сигурно едно 15 пати до сега ме стегна. До сега не се загрижував, викам ај лажни контракции, ама денеска ептен ме загрижи. Верверко си е супер, си мрда ли си мрда. Дали и се случило на некоја вакво нешто? Во петок сум на контрола и за брисеви, ама сум нестрплива до петок.
Kако можиш толку да се плашиш од порајгај кога не знајш какви се болките нее ништо страшно нема потреба толку страв да си внесуваш вкоски (една ден че се смејш на сето ова)
Oh se nadevam deka e taka no sto znam mislam deka nekoj horor ke pominam,,od bolki od porojgaj od sienje,,lele pobrzo neka pomini i ova
абе ти поуплашена од мене си била , веке немам толку страв, што биде нека биде, ко ке му дојде време мора надвор нема каде да сме само здрави и живи двајцата друго не ме занима. некоаш може да ме фати пак страв, ама со стравот само бетер правиме.
Јас овие два дена доле лево чувствувам некој болка не знам како да ја објаснам, како стегање или можеби како боцкање, ама баш ко со игла да ме боцнале убаво ама трае многу кратко, 2-3 сек и ништо. Има некој друг такво искуство?
па тоа е кај јајниците... заболуват одвреме на време може да е и од настинка не е страшно мене ме факат и многу слаби грчеви во стомак 2-3 секунди....
И јас вчера пишав. Мене ме стега доле кај вагината 2-3 секунди и готово. Ама вчера ме стегаше речиси цел ден, на различни интервали. Најверојатно се лажни контракции, утре су на контрола па ќе пишам што ми кажа докторот.