Викам јас бе, моево бебе се брза да излезе 100% сум сигурна дека почнала да се спушта затоа што веќе не ја осеќам горе како претходно. Само да ситнеме барем до 36-37 недела.
совет некој ве молам неможам ни да седам ни да лежам ни да стојам од вчера цел грб ме боли (кај плешките)мм проба да ме измасира ама џабе ништо не помага си се изнаплакав ко дете мало од болки
право да ти кажам одма одам баш да видам дали че ми помогни (фала ти на совет :up: ) а и главава почнува да ме боли изгледа ми је од грбов целата сум вкочанета
Пробај со коњска маст нека те измасира маж ти. Ама не знам дали нешто ќе помогне. И јас имам ужасни болки по цел грб. Туш пред спиење вчера малце ми помогна ама не направи која разлика
Не помага ништо. Мене деснава плешка еве петти ден како ме кине. Ни масажи ни ништо не ми помагаат. Кога ме масираат по дома ми крцка нешто. Секој ден плачам од болки. captivating и јас истото го викам. Нека издржи верверко до 36 недела и после тоа одма ако сака нека излезе.
ме опушти малце додека се туширав ама што е убаво кратко трае се напив еден дафалган за главава што ме боли а можи и болкиве на грбов че ми ги смири ако не че треба аце пак прстине да си ги крши
жалосна направиси раствор од пола литар ракија ментол кристали и две паковања андол ,а потоа мажоти нека те измасира и прво ќе ти студи ,а потоа загрева легни си и наредниот ден си како нова испробано ми е ,а и не е нисто штетно и притоа можеш овој раствор да го користиш и за симнубање на температура поздрав
охо кај ги има овије кристаливе по аптекуве или?ракија треба да си купам немам а овије андол се за против температура смејме није труднициве такви да користиме?
кристалите јас ги купив од зегин ,ракија ќе си купиш , а не гледам за што да не можеш да го користиш андолот ти ќе се масираш нема да го пиеш па да влијае штетно на бременоста андолт загрева и ја симнува тем. јас ова го пробав на мене и многу добро ми влијаеше многу ме болеше грбот пробај и без гајле и ќе си знаеш за понатаму да го имаш дома сепак ќе имаш дете поздрав
мене грбов вратов се ме боли како ми фали едно крцкање мм ме масира ама ништо од масажите ноќе легнувам на една страна и кога ќе се разбудам сета сум здрвена дури и главата ме боли.Уште три месеци како ќе истрпам незнам.Иначе сакав да прашам некако апетитов ми се намали откако почнав да ги пијам хаемовитот или јас така мислам?нормално е ова или не, јадам само по два пати во денот, а до пред една недела немав контрола колку јадам
Ако има некој сличенваков проблем нека помага, скоро цела недела имам пролив 2,3 пати дневно првите денови насабајле по неколку пати кснев во тоалет, а денес навечер, што би можело да биде проблемот??
да истото и јас ќе го речев двопек и банана.. тие ја стврднуваат столицата плус избегавај млечни производи или руга храна шо може да те прекараат (стај се на некој режим на исхрана еден- два дена )
А болки во папокот од што се јавуваат?? искусил некој ваква работа? се осекам дека секој момент ке ми пукне, а не се ударите на бебето во близина на папокот за да мислам дека е од него
Јас кога го имав тој проблем доктор ми рече дека можам слободно да пијам линекс, јаглен, но најубаво е да се советуваш со твојот гинеколог.