јас примав инфузија пред 2 месеци.. ме фати некој вирус многу повраќав и двапати излегов пролив .. специјалист гинбеколог ми даде да пијам линекс рече дека можам едно да се напијам ама јас не сакав да пијам лекарства само со двопек и банана.. значи ќе се ставаш на диета нема да јадеш ништо што може да ти предизвика пролив... само диетално варен компир банана двопек кока кола стврднува столица чај од меродија помага да се смири стомакот.. веќе ако многу излегуваш у вц тогаш земај линекс... но пак прашај си гинеколог јави му телефонски
неодамна и јас имав ваков проблем, гинекологот ми одобри да пијам само линекс, јас настојував за на инфузија но не ми дозволија ни матичната ни гинеколот од тие причини што инфузиите и не се толку сигурни ,може да содржат аналгин или антибиотик, инфузија ми рекоа доколку има зачестен пролив(или повраќање) повеќе од 8 пати дневно, во тој случај може да дојде до дехидрација па тогаш интервенираат со инфузија, ако не е толку сериозно пробај со линекс и храната што ја наведоа погоре.
можеш јаглен како не тоа е најголем природен адсорбенс, можеш и линекс тој ти е на база на корисни бактерии кои нормално се наоѓаат во цревната флора, ако ги земаш и двете пиј ги на размак од 2 саата да не јагленот ти го врзе и линексот и во тој случај ефектот ќе биде еднаков на нула...и обавезно овошјето исфрли го, јас имав ваков проблем некаде во 7 ми месец кој траеше едно две недели и открив дека праската всушност ми ги заматува работите....
во инфузијата нема антибиотик ниту пак аналгин.. инфузијата е само декстроза ( блага вода ) или физиолошка ( солена вода ) во инфузијата се става преку игла антибиотици ..
Веке неколку денови како ме боли под десната града кога седам повеке ме боли а кога легнам не толку. Има ли некоја таков проблем и од што може тоа да е инаку сум 37ма недела.
јас имам таква болка одамна мене ми рекоа дека бебето притиска поточно како што расти бебето така ги притиска органите нагоре затоа боли ќе ни помини се кога ќе ги земеме ангелчињата в раце
баш со братучедка ми правев за тоа муабет кога таа беше бремена неможеше да седе свиткано туку седеше цело време исправена и поитпрена зашто ја притискаше и неможеше да дише..секако и бебето поголемко нормално е
Ова моево стана уште полошо главата ќе ми експлодираше 2 дена. Пролив, повраќање, малаксаност не верував дека вакво нешто ќе ме фати оти сум немала ваков проблем сигурно е некој стомачен вирус. Втор ден сум на кисело млеко, двопек и компири. Дали може да има некакви влијанија оваа моја состојба врз бебето во петок полнам 3 месеци????
не нема никави влијанија. зошто не одиш на лекар или да ти дадат да одеш на оделение.. можеби ќе ти ставаат некоја инфузија да те освежат стварно ќе помогне.. јас се утепав од повраќање и затоа стигнав до инфузија одев два дена на дневна болница си примав само инфузија.. ми ставија во шишето Б6 и витамин Ц и ме дигнаа на нозе за вчас.. зошто да се мачиш да повраќаш и да се напрегаш... на бебчето не му е ништо не с еплаши ама ти се мачиш... плус сега е сезона на вируси и грипови
Бев на лекар ми кажа да пијам јогурт, кисело млеко, двопек, не верувам дека сум за инфузија вчера 6 пати јадев и подобро ми е денес. Многу ми се јаде сабајлево и не верувам дека ќе се најадам од двопек и јогурт.
епа не ти е до толку значи ситуацијта.. па и да не се најадеш сосема е окк да не си го оптеретуваш желудникот помалку а почесто.. биди на таа исхрана шо ти ја препорача лекарот и одмарај.. не пиј ладно да не те пресечува.. ќе се стабилизираш не с грижи... и главоболките се нормални во бременоста.. кога те боли главата пробај во мирна и затемнета продсторија да одмараш верувам ќе ти помогне... ти покасувам побрзо да се опоравиш
Жениии, Имам силни болки доле кај матката и јајниците. Не знам да ги опишам, како менструални со мешавина од некои други болки. И ме боли кичмата. И се јавив на докторката, ми рече да се напијам кетонал Па утре да одам мокрача да испитам. Или да отидам на клиника.И ни се прекина врската. Не знам дали она ми спушти или се изгуби конекција Болкиве прееска не беа силни како сега ама пак подобро ми беше да стојам отколку да седам. Зборував со една жена и кога и опишав каде и како ме боли, ми вика "не сакам да те плашам ама мене така ме болеше пред да се породам" Што да правам?Ако одам на клиника не ми кажа доторката каде да одам, на гинекологија или? И кај ќе одам утре во недела мокрача да испитувам? А Кетонал не пијам, тоа сигурно. Болката ќе ја трпам,ама сакам да знам зошто и од што ме боли.
Отиди на ГАК, и денес и утре се дежурни и ќе те видат тие, па може и таму ќе ти испитаат мокрача. Ако не во понеделник ќе испиташ. Не се плаши ама не оставај на случајност, затоа постојат лекари. Со арно да поминеш, па пиши ни како си.
да се напиеш кетонал? мила кетонал маста не е препорачана за бремени жени што се мачка а камо ли да се напиеш апче ... премногу се јаки и премногу се штетни . прочитај на упатството за употреба убаво пишува забрането за бремени и доилки .
инаку и јас не знам што да правам ... синоќа после бања кога се облекував меѓу нозете ми потече вода ... не беше количински многу ама доволно за да се спушти низ цели нозе ... потоа на гакичките имав уште малце ... си велам ај да не паничам ќе видам што ке се случи ако има пак ќе одам до болница ... ама мешенца нема ништо ... болка слаба имам ама не само во половината туку се шири низ цел рбет а други болки немам... не знам ама некако многу ме мачи ... бебушот е многу мирен никаде го нема ... се плашам да не е водењак ... демек водењак кога пукнувал течело многу вода ... прва бременост ми е и се плашам ... совет
^ Затоа и викам, нема шанси да пијам кетонал. Туку решив да не одам на клиника.Мислам дека затоа што ми се ближи терминот за пораѓање почнав да паничам пак како на почеток кога дознав дека сум трудна. Ако продолжат да се зголемуваат болките тогаш ќе одам. Ти која недела си? Од тоа што има прочитано по форумов, мислам дека можно е да ти е водењакот. Ама не знам, гледам подмочување исто така е често кај трудни жени.
blade и јас мислев водењакот тече мнопогу ама неморало да значи Една недела пред да се породам ми протече водичка и тоа после бањање Си реков или се подночав, или бело прање ( нели било поизразено пред пораѓај)или што се бањав... Другиот ден кога мочав ,таман се измочав вррр пак протече...си викам аман зар почнав да не осеќам кога одам во в.ц... Толку...по една недела ,станувам од спиење пак , овој пат поизразено Се направив наудрена,ама на секој половина час протекуваше по малку...и се спремив и конечно во болница Таму ми кажаа дека не е страшно, ќе ме пуштеа и дома ,ама останав поради тахикардично цтг и се породив наредниот ден Водењакот ми бил високо пукнат една недела ама не било страшно, плодовата вода се обновувала
На часовите што ни ги дрзеа во ГАК ни кажаа дека ако дојде до пукање на водењакот треба да се оди во болница да не се чекаат болки, а колку што знам и од други случаеви не е кај секоја трудница пукањето на водењакот обилно.