MacenceEna Тотхемата се мн гадни за пиење, но во најбрз временски рок ја подобрувааат крвната слика, ти кажувам од искуство. Во исхраната мора да вметнеш и говедско месо , џигер исто, но да не се пилешки, спанаќ, пробај и салата или сок од цвекло и морков и мед обавезно
Фала ви многу женски на одговорите . Спанаќ јадам редовно , ама сок од цвекло тешко да пијам , знам помага ама неможам ќе истурам црева Знам Земав еден сируп , денес втор пат како пијам и подобро се осеќам ако можам да кажам На вкус не е нешто посебно ама морам ...
пробај со семе од коприва во 1 чаша јогурт и лажица семе од коприва од вечер ќе го оставиш,и сабајле на гладно ќе го испиеш,мене ми помогна
Ќе правам деновиве уринокултура, па ќе видиме што ќе биде, а регуларни брисеви носев на микробиологија кога требаше и денес ми кажа гинекологот дека се си е ок ако имало нешто ќе имало на резултатите.
Јас го пиев овој, веќе ти пишав (само различно беше пакувањето ). Не очекувај некои којзнае какви резултати (сепак бебушот зема од тебе), ама ќе ти го одржува железото на граница. Сега пијам тотхема ампули, не сум направила крвна слика од пораѓај ама се чувствувам подобро отколку во бременоста. Исто така и Легоферот е добар за железото, тој го пиев на почетокот, ама бидејќи не делуваше за покачување на хемоглобинот го сменив.
Да ви се пофалам и јас Денес ги зедов резултатите и хемоглобинот паднат и серумското на долна граница Па од денес официјално со тотхема и сите пропратни работи Да не речете дека не ве дружам
Ние си бевме со Димитарче и со мажето мое на контрола и се е одлично како и до сега во неделата влеговме во седми месец и за 4 дена тежиме кило и двеста грама. Сите контроли ги правиме, здраво се храниме, пиеме витамини. Сакам да прашам некоја искусна феминка каде да одам на гинекологија за скриен шеќер? А каде за д-димери?? Поздравче.
Не ти требаат тие испитувања ако се е во ред со твојата крвна слика. Денес јас бев на преглед кај мојот доктор и баш за тоа го прашав, тој убаво ми објасни дека ако имаш покачени д димери тоа се гледа на крвната слика, или лакуни на постелката ќе ти види на ехо и обично за таквипрегледи ако нешто се сомнева лекарот тогаш ти дава упат за трансфузиологија. јас сум рх позитив, имам добра крвна слика освен малку проблем со железото што е нормален проблем кај сите трудници, немам подуеност нити пореметен крвен притисок така што докторот ми рече дека воопшто немам потреба од дополнителни испитувања. јас му верувам затоа што тој најдобро знае зашто уредно од почеток ми ја води целата бременост.
Beautiful-Princess што знам ова Флорадих помага малце од малце или мене психава веќе ми се пореметила. Мене се ми е познато ова , истово го поминав ... кога ќе се породам ке биде друго
Јас подобро се чувствував од него, ама не направи чудо во крвната слика. Сега пијам тотхема ампули, искрено не сум направила крвна слика ама некако подобро ми е од нив отколку од флорадиксот. А да не зборам колку ми се подобри на вкус(од Флорадиксот осеќав како да сум џвакала зарѓано железо ). Го дојам малиот и не се хранам нешто нај нај(мн ми е слаб апетитот), ги прекинав 1 недела и почнав да припаѓам, па пак ги почнав и сега сум подобро.
во една тегла мед, семе од коприва и лимон. каснувај си секој ден по неколку лажичиња. Мене ми помогна иначе имав мн низок хемоглобин и железо
Да ве прашам што мислите за цефалексин во 9 месец? Веќе 10 дена сум затната, грлото јако ме гребе, носот, жлездата под десното уво ми потече, дури и десната страна од вилицата ми е укочена итн. Секако дека гинекологот ми ги препиша ама некако ми е страв да не му наштетам на бебето... Лечењето по природен пат не даде ефекти
Не сум медицинско лице, но јас на твое место би ги пиела доколку лекарот ги препишал. Ке ти кажам искуство на моја другарка која замина на порагај цела затната, сирота едвај збореше, настината до максимум - мислам дека се штедеше не пиеше лекови... Потоа откако се породи уште веднаш кога и го донеле бебушко закачило инфекција - лекарите тврдеа дека е од неа, па останаа уште 1 недела во болница. Не алудирам на ништо и несакам да те плашам, но мислам дека е подобро на пораѓај да си отидеш излечена, зашто допрва ке ти треба енергија. Со срека, и ти посакувам во најкратко време да си оздравиш
Овие два дена ме измачува настинка , затнат нос, болно грло, покачена температура Мислев ќе помине со чај и топла супа, ама се лажев Ете полошо ми е. И сега пак не можам да спијам оти ми е затнат носот и едвај дишам! Се мислам што да пијам... парацетамол смејам во текот на цела бременост, нели? Инаку 8ми месец сум. Кај мојот гинеколог ќе одам дури во понеделникот, а дотогаш ако некој знае дали ќе и наштетам на бебушка со земање лекови?
Благодарам lavaleta, веќе почнав да пијам зошто вчера око не склопив од што имав страшни болки во увото, вилицата, грлото, а и имаш право за тоа дека здрави треба да одиме на пораѓај. Инаку по природа сум многу издржлива, треба да имам навистина јаки болки за да земам било каков лек. Поздрав па да оздравиме тие што сме болни.
snegulkata, и ја го имам иститот проблем (пишува погоре) и се почна со обична настинка (затнат нос само на почеток) ама работата отиде подалеку. Користев солен раствор (baby origano, marisol) ама немаа ефект и кога дојдов до овој степен - сега можело и капки да ставам па дури и антибиотик да пијам. Поздрав и да оздравиш
Колку и да се чуваме и негуваме, настинките не не одминуваат. Во првите три месеци трудница не смее да прима никакви лекарства, некаде прочитав дека дури и парацетамолот е штетен. После тоа, кога плодот веќе си е убаво оформен, дозволено е. Во принцип и лекарите гледаат да ги избегнат ама кога се мора ги препишуваат и тоа внимателно одбрани антибиотици кои не се многу јаки. Не грижете се, ако сте во второто или третото тромесечје од бременоста дозволено е. Бактерии и пневмонии не се лечат со супи и чаеви, тука мора антибиотик да се препише. Да ви го кажам мојот случај. Кога јас се разболев и бев на лекар докторот мој ми рече ќе гледаме да избегнеме антибиотици ама во крвта ми најдоа стрептокока, но докторот пак си остана на тоа да избегнеме антибиотик. Ме тераше секој втор ден да идам на контрола за да ми ја следи состојбата. Оздравев со чаеви, супи, цедени сокови. По некое време кога пак се разболев а веќе бев во 6 месец, пак ми ја открија стрептококата и немаше тука дилема, антибиотик мораше да се пие. Затоа е пожелно антибиотик, оти бактеријата си останува и после може да му се префли на детето. Кога ги испив антибиотиците, одма се почувствува разлика, ми зајакна имунитетот, се почувствував препородена.