Девојки денеск бев кај мојот гинеколог , зошто стварно се исплашив поради овие менструални болки! Ми се чини како секој момент ќе добијам! Ме виде и на ехо, плодот рече убаво се развива, се е во ред! Ми даде исто Утрогестан... Ако има некој што земал од овие, кажете ми што уствари се тие, за што помагаат?? И дали сте имале вакви менструални болки?? неможам ни сама да се решам дали се многу јаки болки или само ме фаќа паника... Некои ми викаат дека исто имале такви болки и дека се нормални, а по нетов читам се и свашта
Laura87 по нетов се и свашта ќе прочиташ и од памет ќе се извадиш,слушај си го матичниот како ќе ти каже,јас првите 2 месеци имав такво болкички и со двете бремености Forko јас од 1ви врзав боловање,па одмор,па боловање и на 28ми ќе отварам трудничко до 16април ми е термин ама по мое мислам до 6ти ќе биде ако сакаш јас ќе ти се придружам за кафе Мене нема да ми биде досадно по дома имам едно зверче (2год и 7 месеци)со душа ме чека да останам дома а и јас,а за кафе ќе најдеме време
јас и во првата бременост и сега до 3 от месец имав болки слични на менструални некогаш поизразени ама не и нешто посебно неиздржливи ,кога одев на контрола се беше во ред и докторот ми кажа дека тие болки се појавуваат затоа што матката се шири ,после третиот месец исчезнувааат ,сепак и телото се прилагодува на новонастанатат состојба позитивна во секој случај ,имај си лесна и убава бременост и не верувај на се што ке прочиташ на нет
Laura87, здраво..Немој да се плашиш, утрогестанот е хормон прогестерон и го даваат за бебето убаво да се зацрврсти за матката. И мене докторот само што дознавме ме стави на терапија со утрогестан јас сум сега 11 недела и ги ставам вагинално два пати на ден. А да и на моменти како да осекам притисок многу сличен на оној како за добивање поради тоа што матката се шири и многу други работи ни се случуваат во орагнизмот. Поздрав на сите
Барав во кја тема да го поставам прашањето па решив овде ,да не отварам нова тема.Другарками е во5-месец од бременоста има 39-години и е прва бременост и стравува многу.Сите прегледи и контроли до сега биле во ред.Од денес е во паника матичниот доктор и дал упут на инфективно да испита крв,а неговите зборови се,,Имаш покачување на егзимите на јетрата'' па да провериме.На гугал отварав но не најдов некој одговор.Нема прележано hepatit.Ама си пивнуваше алхокол малку повеке можно ли е да има нешто врска ова.Пишете ако некој имал вакво искуство или некакви сознанија.
Ме успокоивте за болки во јајници. Вчера вечерта и денеска на моменти осеќам некоја тапа болка кај десниот јајник. Не е баш како за добивање, ама некоја неодредена непријатност и тапост. И ја снемува после некоја минута ако се преместам во друга поза за седење или ако станам и се движам. Ама чим и вие сте чувствувале болки во јајници па било ок, решив да не се плашам.
Имам и јас некоја таква болка, не знам ни дали да ја дефинирам како болка, некогаш е малку појако но најчесто така тапо ги осеќам јајниците еве како сега не дека ме боли ама така си ги осеќам цело време, освен наутрео, кога станувам од спиење не осеќам ништо, после тоа се јавува таа тапа болка.
Да, баш така:не знам дали да дефинирам како болка. Можеби се случува тоа што има пишано Пепита погоре, матката се шири и затоа така осеќаме.
И јас имав такви тапи болки кај јајниците и уште ги имам, само поретко. Не се секирајте, нормално е тоа, лигаментите се затегаат за да ја издржат тежината на матката која се шири. Туку, мене сега почна да ме боли од двете страни ама во висина на папокот (повеќе од десната страна), ама само кога ке се фатам таму или кога сакам да станам. Ме боли и стомакот навечер кога спијам и кога сакам да се свртам од една на друга страна. Не знам дали нагло се вртам или што е работата... (инаку пред една недела влегов во 5 месец). Ако има некој друг вакви болки при вртење, седнување, станување, ве молам споделете Поз
Труднички муабети Здраво феминки, Нова сум на форумот и се извинувам за евентуални грешки ако направам. Трудна сум 10 недели и 2 дена до сега е се во ред, ама еве веќе цел ден имам болки во долниот дел како да ме јадат коските трнење. Му кажав на гинекологот ми рече дека е нормално и да лежам ама јас пак да си прашам со лесно на сите
Труднички муабети нормално е да имаш некои благи болки како менструални, јас исто така бев испаничена во 14 недела но доктор ми рече дека е нормално, затоа што матка се шири како федер и затоа боли, немај гајле и уживај во бременоста само пази не дизај тешко, одмарај си поздрав и се најубаво
Труднички муабети Мешиња ве молам едно прашање. Во 4 ти месец сум. Од вчера почнаа некои чудни болки во пределот на стомакот во долниот дел. Не се неиздржливи но се тука име потсетуваат. Се уплашив отидов на гинеколог. Рече дека имам кандида и ми даде канестен да примам и ако не ми е подобро после 3 дена да почнам со Утрогестан со Верапамил.Сакам да прашам дали некој имал вакви проблеми и ако може да споледиме совет. Болките се се со среден интензитет , не знам како да ги опишам како стегање па ке пушти . Многу поздрав
Труднички муабети Тргни тоа мекицата ми се пријаде Се шири матката сите така не болело.Штрека не боли него при некое нагло движење ќе те заболи... Немај гајле
Труднички муабети Mekice i jas imav vo 4 ti mesec bolki vo stomakot no togas doktorot mi kaza deka e od bebeto shto se razviva i po potreba utrogestan navecer da stavam i odmor no zosto ti dade verapamil apcinja cudno mie
Труднички муабети на секои 10 минути ме фака пушта болката, се испаничив утре пак ке идам на гинеколог, ама сепак фала ти барем да не се возбудувам премногу , можеби е и нормано не знам ама боли
Труднички муабети Најверојатно таблети мислеше да ми даде и затоа што тие таб предизвикувале тахикардии затоа даваат верапамил. Не спомна вагиналети.
Труднички муабети уфф ама ми се пријаде мекици Мекица имам и јас пишувано за ова погоре имав болки до кај 4ти месец така од време на време како менструални докторот рече дека е нормално се шири матката ,расте плодот итн ,одмарај колку можеш и не се секирај