Сакам да ве прашам ,денес почуствував како благи менструални болки и притисок во долниот дел на стомакот . Искрено сум многу исплашена .Сега ми се смири малку . Вчера ка почнав 25 недела ,дали е нормално такви болки ? Пијам магнезиум порано ставав утрогестан 2 пати , сега само пијам на вечер по 1 . Утре е празник , дури вторник ќе мора да чекам за преглед Ве молам за искуства
@ada21 јас вчера имав такви болки, ниско долу и баш менструални и јас се исплашив искрено, и си легнав и ми се смирија за кратко време. Не паничи сигурно е нормално. И денес па имав болка околу папокот не баш болка туку како некој мускул што боли кога е истегнат. Во овие недели бебињата почнуваат по брзо да над даваат на тежина и сигурно затоа имаме такви болки се шири матката. Јас сум 26 недела од утре.
@orhideea оф леле и јас така прочитав по интернет дека од ширење на матката можно е такви болки . Исто и јас имам од страната на папокот како истегнат мускул ,така некако ме тегне . Се надевам нормално е , ќе истрпиме се само да бидат во ред бебчињата
Такви како растегања околу папокот и јас имам веќе 2 нед. ама не секој ден. Не боли, повеќе е како непријатно. Оваа недела исто имав благи менструални и како некоја жештина ниско долу. И јајниците ме болеа Јас од утре 24 нед. почнувам
@eli25 и кај мене не се постојани, Во 25 недела мене ми се појави таква болка како истегнат мускул и само околу папокот ме чеша стомакот на друго место не, сигурно расти мешко и затоа ни е така ни се тегни матката и затоа еве мене ме чеша ама гледам да не се чешам многу, трпам за сега. Ако порасти нагло стомакот сигурно и стрии ќе ни се појават. Туку јас ноќеска одвај спијав ме болеја бутовите, 100 пати се разбудив и само се превртував. И магнезиумот го пијам пред легнување ама џабе. На дење само седам неможам да лежам а толку многу ми се легнува, Ама ако лежам на дење па ноќта нема да можам да спијам ќе ме болат уште толку бутовите. И плус еве на грб веќе ми е тешко да лежам одма кичмата почнува да ме боли.
@orhideea иста слика и кај мене. За таа цел ја купив таа перница за трудници, ама џабе. Нити можам да се наместам, тешко ми е вртењето, тврда е и пак ме болат колковите и половината. Магнезиум не помага ни кај мене .
И јас имам болки во половината, а кога ќе ме фати половината ме боли и стомакот долу. Свеста ми се зема. Мене со масажа ми олеснува. Некни ме масираа и после тоа неколку дена никакви болки немам. Пробајте така, масирање на половината. Исто имам заприметено дека иако легнувам секогаш на лева страна, во текот на ноќта кога и да се разбудам сум на грб. Мислам дека и тоа придонесува да ме боли половината дополнително.
@eli25 исто и јас . Баш како што опиша . Плус имав и некои стегања и опуштања на стомакот, незнам дали се грчеви , мн ми е страв да не се лажни контракции . Да ми е мирна главата ќе одам да ме види гинеколог
@ada21 и јас ќе одам денес. Синоќа имав 2,3 пати така стегање, опуштање ниско долу, ама дека сонлива не обратив внимание.
Јас да се пожалам повторно....,,синдром на немирни нозе,, .... не се опишува колку многу ме нервираат нозете од колена надолу. Само кога движам не ги чувствувам така. Пијам магнезиум и 3х Б6 но не помага никако. Ова е неиздржливи, ни масажи не помагаат, полудувам од нервози во нозете. Помагајте со совети доколку некоја од Вас имала слично искуство.
Уффф едвај чекам да каже некоја лек. Не ми помага б6 и магнезиум. Трајковски ми кажа дека ке си издржам до после породувањето. А и на интернет така читам. Мене ме фаќа само навечер, преку ден не. Кога движев воопшто не ме фаќаше, сега сум почесто во кревет и вечерта ме фаќа и тоа само левата нога.
@Libra88 Двете нозе ми се така нервозни. До пред некое време само навечер, потоа почна и попладне, од денес дури од сабајле. Б6 ме смирува но далеку од тоа целосно мирна. Од 100% околу 30% ми се намалува, ни пола од нервозата.
Јас кога бев трудна купив перница од Mоthercare за тдуници и за доење. Прилично е мека и тенка како потковица е и ич не е голема. Ме спаси од болки во грб. Ја ставав под стомак и меѓу нозе. Стварно ми се погоди. Потоа ја користев и за доење прилично долго. Ми дадоа и друга за доење таа од Стружанка ама таа ми беше многу голема па скоро ич не ја користев за доење туку после за потпирање на бебето кога седнуваше.
Кога ве читам како јас да си се жалам. Исто и мене ме боли понекогаш долу ниско стомакот и како предменструални болки чувствувам. Исто мн. ми е тешко навечер кога ќе станам за во тоалет како да ми тежи стомакот и ме болат половините. Иначе јас сум задоволна од перницата засега, незнам дали е од неа но болката во колковите ми ја снема. А магнезиум воопшто не ми помага
Слатки маки ни се тоа мила Мојов бебуш ноќеска беше многу активен мислам цела ноќ клоцаше, кога ќе сменев положба и почнуваше да клоца Ноќеска спијав малку помирно и сабајле си се наспав до 10 сато и денеска се чуствувам поубаво
Е такви се и моите болки слични, со големи болки во половината проследени. Не се на интервали туку константни. Можат да траат со сати, ама кога ќе поминат како ништо да не било. Еве има 3-4 дена од последниот пат кога ги имав, ме измасираа на половината и еве ги нема досега. Штом кај повеќето се случува, вервам дека е нормално.
Така е мила, ќе издржиме ние се, само бебушите да ни се добри И мојот бебчо е многу активен, понекогаш ептен силно ќе ме клоцне, но си викам клоцкај мама, така знам дека си тука и почнувам да му зборувам нешто Исто и кај мене знаат да траат со саати, но ваљда се нормални штом повеќе ги осеќаме истите болки.
@eli25 Ели беше ли? На мене ми кажаа дека таквите стегања опуштања ,дека е бебето кога се истега ,се мрда ,се мести ... Нормално си било
@ada21 не сум била, ќе одам вечер на дежурство дежурен ми е докторот. Супер и јас ќе прашам и ќе ти пишам