Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Болки и други здравствени проблеми во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од taska, 21 април 2012.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    40.425
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Само мене изгледа ме зезаат овие со перницата.
    Уште не ми е стигната. Последно во петокот им се јавив и наводно тие од каргото погрешно го запишале бројот и требаше да ме бараат.
    Еве уште никој не се јавил
    Утре ќе се искарам. Толку со душа ја чекам :(
    Инаку болку стандард. Во колкови немам цело време. Кај мене е поизразена таа болката каде што завршува градниот кош. Како да ми се истегнува целиот. И тоа најмногу кога лежам на страна. Веќе незнам како да легнам, ќе почнам ако не полулежечки :sweat:
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    21.999
    Пол:
    Женски
    Мамички, а некоја со болка во јајник. Значи сигурно не е стомакот. Мр боли десно скоро кај препонот како менструална болка, по малце и кичма и нога. Докторката рече ќе видиме затоа правиме брисеви, а ти пиј си магнезиум. Сеа не ме боли постојано или нд издржливо, ама непријатно чувство е иначе 17+6 сум.
     
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.886
    @Цвет88 викендот имав тапи болки повеќе во десен јајник. Бев завчера на контрола, ми рече нормално било од притисок на матка, само да не се мн. јаки и неиздржливи и да се повторуваат цело време.
     
    На Seduction му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    21.999
    Пол:
    Женски
    Издржливи се, не се постојани...ајде ваљда така треба.
     
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Јас да се вмешам :)
    Бев вчера во Систина на предавање. Докторката кажа нормално е контрахирање на матката се додека е повремено и во неправилни интервали. Доколку е спротивно, обавезно да се јавите на гинеколог.
     
    На Troi, eli25 и Libra88 им се допаѓа ова.
  6. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Мене ми е страв дали ќе познам дали се контракции. Како можете да ми ги опишете?
     
    На Dushi0102 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.373
    Допаѓања:
    286.614
    Во текот на бременоста како нормални болки ми беа рассекуавње како со нож доле, вагинално, опавчето ме болеше, кичмата, периодични грчеви, тапа болка...
    Кај контракциите независно дали лежиш, одмараш или си застанал да здивнеш тие не поминуваат. За разлика од предходно споменатите каде малку одмор и магнезиум помагаат.

    Интервалите се клучниот дел. Гледав на саат.
    Се појавуваат на 20, па на 15, па на 10 мин..
    Кога континурирано интервалот помеѓу болките ќе биде на пример 15 мин. Кратка болка да речеме 15 секунди. После 15 минути пак 15 секунди болка.
    По некое време таа болка ќе почне на 10 минути и ќе биде за некој степен појака.
    И така.
    Менструални болки, само појаки. Притисокот кај аналниот дел го чуствував кога бев целосно отворена веќе, пред да испадне бебето. Ова беа болките кои ги имав при отварање.

    Ќе познаеш, верувај. И јас ги имав истите прашања ама кога идеше моментот едноставно знаев дека нешто е поинаку и дошол моментот.
     
    На Troi, eli25, kiki_riki и 5 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    ^ме потсети Дани - докторката исто кажа нормално е да не боли половина, мала карлица, препони, опавче и се околку тој дел, бидејќи се менува физиономијата на телото, органите се поместуваат заради растечката матка и нормални се тие болку во долниот дел од телото. Се дур е издржливо - се што е претерано, одма се јавува на гинеколог.
     
    На Фaни_, Slavka 28, eli25 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    @kukla21 секогаш да ни споделуваш вакви информации од часовите, кога ќе го слушнеш ова од доктор ти се смирува душата, дури земиш да прочиташ да прашаш од памет ќе се извадиш и 300 мисли ќе поминат низ глава.
    Минатата недела имав менструални болки за прв пат исто како да ми дошло искрено се исплашив и со трчање заминав во вц.

    Мене многу ме боли левиот колк и бут, кога станувам од кревет кривам дури се раздвижам, а најубаво ми е да спијам на лево :( Кога и да се разбудам сум на лево и ме боли.

    А на грб по ретко Оти одма кичмата почнува да ме боли.

    Слатки маки.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.387
    Допаѓања:
    76.510
    Пол:
    Женски
    Нема шанса да ги утнеш, како што вика Дани, едноставно ке препознаеш и ке знаеш дека тоа е тоа :) инаку ке мериш, ако се на ист временски интервал значи вистинските се. Кај мене го немаше тоа на 20мин, па на 15мин, па на 10мин, дирекно појаки ме фатија на 5мин. До душа може сум имала и на 20,15,10 но да биле толку многу мали и неприметни.. :)
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    Знам дека повеќе пати дискутираме за болки, јас до сега во теков на бременоста немав буквално никакви бодежи, боцкање, болки во стомакот да немав меше ко да не сум бремена. Но вчера ми се укочи цела лева страна од половината позади се надоле колкот и препонот. На левата нога не можам да стапнам. Значи не ме боли стомакот бебе си мрда нормално, не знам дали е можно на некој нерв да е наместено? Некој со сличен проблем? Чаре?
     
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Тука пишувавме баш за болки во бременоста. Некои се нормални, бидејќи се шири, поготово долниот дел од телото, ама сепак, се што не се трпи и е болно е за на гинеколог. Читни искуства малку погоре.
     
  13. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Мешиња да ве прашам, дали имате понекогаш тапи болки како во коските околу вагината (не знам да објаснам точно, не знам ни како се викаат тие коските, дали карлична коска)? Како клукање одвреме навреме, како слаба тапа болка, па се прашувам дали е нормално, дали е од ширењето или не е нормално? Ме плашат. Еве ги имам вчера и денес. Претходно можи ги имав неколку дена пред околу 1 месец. Има некоја вакво искуство?
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.641
    Допаѓања:
    202.069
    Пол:
    Женски
    Дури и после породување ме клукаат повремено. Тоа е сосема нормално да го чувствуваш во срамната коска, како притисок и клукање. Ако е неиздржливо, консултирај лекар.
     
    Последна измена од модератор: 12 мај 2017
  15. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Ти благодарам многу. Не е неиздржливо не се ни силни болки, само е непријатно. Се си мислам да не е некоја инфекција, или не дај Боже нешто со цервиксот. Надворешно како да ги чувствувам, не внатрешно заради клоцањето или притисок од бебето. Како во вагината, коските околу неа, стварно не знам ни да објаснам.
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.757
    Пол:
    Женски
    @SophiaBella И јас имам таму болки, кога ми се појавија му кажав на др. ми рече нормално е. Имам болки во карлицата позади кога лежам на грб, некогаш едвај можам да станам, сите коски ме болат.
     
    Последна измена од модератор: 12 мај 2017
    На Seduction му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Ми олеснува вака кога знам дека не сум сама. :hug:
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.757
    Пол:
    Женски
    Затоа сме тука, да се утешиме една со друга,да се поддржиме, свое искуство да си кажеме за да не си ствараме беспотребен стрес и страв. :hug:
     
    На Seduction и SophiaBella им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.886
    Такви болки да ги наречам и јас имам. Ама не сум кажала на др.не ни знев како да ги опишам. Добро што читам дека и вие сте имале.
     
    На SophiaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stara

    Stara Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2016
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.802
    Пол:
    Женски
    И јас одамна ги чувствувам тие болки, не пишав зашто знам дека сите тие мали непријатности се од вевето. Ама убаво е да се спидели. ;):)
     
    На Seduction, SophiaBella и eli25 им се допаѓа ова.