Јас имав такви болки и сеуште имам. Кај мене се многу силни болките особено после долго време ако лежам неможам да станам. Бев на гинеколог специјално за тоа ме прегледа и вагинално но ми рече да не се плашам дека тоа е од што се ширим. Ми спомна некој израз на С дека така се викала таа појава ама да ме убиеш сега неможам да се сетам од што бев преплашена тогаш. Ме утеши дека кога ќе се породам ќе ми помини
Мамички здраво Овие два дена чувствувам болка ниско долу, повеќе од лева страна, како јајник, како менструална болка. Не е јака, тапа болка е ама подолго трае. И претходно ме стегаше, на почетокот нели матка се ширеше и сл ама кратко како со нож бодежи, сечење, пецкање. Што може да е сега, нормално ли е? 20гн
12 nedela sum bremena denes prv pat prokrvarev i me bolese dodeka mokrev me pecese bev do bolnica i bez nikakov pregled mi pustija inekcija i mi prepisaa vaginalni utrogestan .. utre ke odam kaj maticnata da vidam so ke mi kaze mn sum isplasena ne sakam da se povtori. Ima li nekoj so vakvo iskustvo ? Pozz
Штом те печело додека си мокрела и крв, можно е да се работи за некоја бактерија. Ама чудно ми е како без преглед да ти дадат така терапија. Во која болница беше?
Чувствувам болка во долниот дел на стомакот, ниско, на лева страна кај јајник, препон, како ментруална слаба тапа болка. Дали е нормално не знам, боли некое време па престанува, како благо пецкање, боцкање. Веќе трет ден. Што може да е?
@Вереничка може да е од ширење на матката сега нагло ќр ти порасне мешето, ама што не ти престанува 3 дена... да се консултираш со доктор?
@Вереничка јаки се болките? Ако да јави се на гинеколог. Јас имав еден ден штрекања во јајници. Не беа јаки ама вознемирува. И кажав на гинекологот. Рече штом поминале не се повторуваат и не се јаки , тогаш е од притисок на матката. Јас мислам дека и кај тебе е тоа ама сепак консултирај се
@eli25 @Butterfly87 Не е јака болка. Имав такви кратки моментални болки во прво тромесечие, нели нормални беа ширење на матка и сл. Но тогаш ме сечеше како со нож, бодежи, се сепнував онака штрекаше. Сега е тапа болка, малку подолго трае, како менструална, како јајник да ме боли, од лева страна, непријатно е. Се надевам нормално е. А бебчето си мрда, активно е. Ќе одам секако деновиве кај д-р па ќе прашам.
Здраво поголеми мешиња. Сакам да прашам дали овој период од бременоста сте чуствувале болки во препони и долниот дел од стомакот , како за пред добивање. Сношти имав такви болки ,не јаки како слаба тапа болка . Еве сега уште осеќам по малку . Незнам дали сега стомакот расте па е нормално . Инаку сум 26+3.
Здраво мила, еве и јас да се пријавам со такви болки, претпоставувам дека се нормални дека повеќето од нас ги имаме. Мене може и повеќе пати во денот да ме здоболи така..а неколку дена и кај левата страна на стомакот како да ме жежнува кога ќе се свртам, станам, оптегнам.. незнам тоа од што може да е Иначе јас сум 24 + 5.
@Seduction да баш така ,понекогаш и како жештина чуствувам во тој дел . Се надевам дека се нормални вакви болки .
Здраво мамички преска ги земав резултатите од брисовите ми кажа дека има некоја бактерија дали сте ја имале и што пиевте во понеделник сум на контрола а докторите ми се во друг град
Имаш стрептокока во вагина и цервикс. Сите лекови каде што има ознака S се сензитивни и тие може да се пијат за да се излечи бактеријава.
Па стрептокока е. Не е за да ја оставиш. Можеш да се јавиш кај матичниот на телефон и да му го кажеш резултатот. Верувам ќе ти каже што да пиеш од оние лекови на кои е сензитивна бактеријата.
Јас од овие антибиотици пиев Еритромицин за уреаплазма, само тие во тој период ми беа дозволени во бременост, а гледам и оваа бактерија е на нив сензитивна. Можно е да ти ги препиши. На своја рака никако да земаш, не се сите антибиотици безбедни за бремени.
Му се јавив на сестрата ќе појдиме од ручек ко ке си дојде мажот ми ме фајќа некоја нервоза а дали му штети на бебето
Штом се дозволени во бременост значи нема штета, сигурно бактеријата можи да направи поголема беља. Јас ја излечив мојата. Ајде без грижи ништо страшно не е. Има многу жени шо пиеле антибиотици во бременост, па си имаат здрави прави деца.