Пробај со јаболко (ама не лупено) и повеќе кромид. Содржат и двете антихистамини - би требало да ти помогне.
Феминки јас сум петта недела во понеделник ке одам на гинеколог,но во долниот дел од стомакот ми се јавуваат болки,грчеви на моменти како со нож да ме сече...дали ваквите реакции се нормални кое е вашето искуство?
Нормално е Јас сум 15 та недела и сеуште ги имам тие болки Ако ти се чини дека се појаки од вообичаени менструални болки јави се кај гиниколог
Во 13 недела сум и мене ми се јавуваат истите значи нормал си е не се секирај одмарај повеќе овие недели и све ке биде в ред
Фалати ми олесни денеска и се јавив и ми рече дека не би требало да е страшно но нели сепак треба да ме види и да пијам магнезиум
Здраво 11 недела сум бремена и денес имам некоја болка во двете страни на јајниците или не знам и јас тоцно од кај доага , исто како во месеците пред овулација, како клукање. Што може да е тоа ?
магнезиумот не е штетен па да мораш да чекаш од гинек. да ти даде може и на своја рака секако без претеривање,но штом одиш у Пон. сиг ќе ти даде и таа.
Не сакам да те плашам , но јас имав таква болка во 5 недела . Кога отидов на гинеколог ми рекоа одлепена постелка. Е сега незнам дали е можно во 11та недела , но сепак оди провери. Еве нека каже некој друг со таква болка.
Мешиња како сте? Јас пак да се пожалам Овие денови почна грбот да ме боле, а најмногу кога седам. Штом легнам на грб па карлицата почнува да боле, никако не сум. Гледам повеќе на страна да лежам, така ништо не ме боле.
Оф леле. за жал тоа е нормално. Еве и јас се мачам со болките. Во колкови откако ја земав перницата се средив, а може и си помина фазата, ама сега со болкава во граден кош се мачам. На која страна и да полежам подолго почнува да ме боли, а на грб веќе ми е шубе да лежам зошто мешко е пораснат. Полу странично, потпрена на перницата кога сум ми е најлесно, ама па така многу хрчам и дури се подзасркувам и сама себе се будам. Барај си чаре со перници, со страни додека не откриеш што ти одговара најмногу.
Јас можам уште да лежам на грб, не ми прече, дури некогаш и во сон се свртам на грб. Гледам се на страна да спијам. А со перници околу мене ич не можам, само таа што спијам на неа. Грбот ме боле само кога седам, вака на страна кога спијам ноќеска не. А колковите мене па не ме болат. Ајде ќе мине и ова. Едит: ај и ова префрлете го во другата тема да не испаднам малоумна.
Незнам дали зборуваш за седње на стол, класично. Јас кога почнав на работа после боледувањето го имав тој проблем. Многу ми помогна оној потпирач за нозе, зошто нозете не ми висат и одма ми се смирија и болките во грбот. Дома практикувам да сум со кренати нозе, е сега кога сум излезена рекреативно, на кафе или кафанче еден до два часа не е страшно, поминувам без мака.
Да, зборувам за седење на стол и кревет, веднаш почнува да ме боли грбот, вчера и денес посебно. Претходната сабота бев на роденден, 5 пати станав од столот од што не можам да седам подолго време. А наредната сабота сум на свадба којзнае како ќе издржам.
30та недела сум и имам болки во половина цела бременост. Сега од зголемена тежина, уште повеќе ме боли. Магнезиум два пати дневно земам, ама џабе. Плус стомакот ми е веќе голем и кожата камо да ме боли од што ми е растегната. Единствено згодно ми е навечер во спална на трудничка перница кога ќе си легнам. Преку ден, никаде не ме фаќа место а толку сакам да си лежам и кулирам. Макс 30мин можам и толку, се ме боли... Што правите преку ден, како седите/лежите? Совет?
@Mia.milicka Јас нормално си функционирам преку ден, си седам, готвам, чистам... Имам болки само во колковите и бутовите но издржливи се засега. За кожата мачкај нешто за да ти биде хидратирана да не те чеша бидејќи сега најмногу се растегнува. Јас на ноќе тешко заспивам, ама на дење си поспивам, перница за трудници не користам само една обична си ставам меѓу нозе. Ти колку килограми си? Колку имаш качено до сега?
Незнам што друго да ти кажам освен слушај си го организмот. Седи додека можеш без форсирање, ако паузи со придвижување ти помагаат практикувај ги секогаш кога ќе осетиш потреба. А за на свадба исто - седи колку што можеш. Немора да си прва и последна. Ако ти се блиски треба да ти ја сфатат состојбата. И тоа е, ќе си трпиме. еве и мене овие неколку дена ми се прилично тешки.
@orhideea последен пат кога се мерев, бев 20кг плус. И затоа престанав да се мерам. И отоци имам многу, секое зглобче ме боли. До крај сигурно дека уште ќе качувам на килажа...
Може и од тоа да ти се болките, повеќе кг и плус отоци. Јас немам уште отоци, и сум плус некаде 9 кг. Ајде ќе се издржи не остана уште многу. Избегнувај сол и зачини, ако можеш воопшто не ставај во јадење.