Јас прашував пред некој ден. Како што ти кажа фана така и јас направив, Малку компир изрендав и 1 лажиче маслиново масло го измешав и го оставив во фрижидер 3-4 сати и вечерта на Газа си ставив. Јас компирот не го сварив воопшто. Мене преку ноќ од еднаш ми се појавија и ме болеше малку. Од ова само болката помина инаку не се повлекоја. И да знаеш делува како клизма Убаво ќе се олесниш без болки. И преку ден мачкав павловичева маст. Ако си дома можеш и преку ден да ставаш. И само мијање со вода, тоалетна хартија не. А уште подобро прашај си матичен што можеш да мачкаш за повлекување. Јас читав многу на интернет и пишува скоро кај сите жени се појавува во трето тромесечие или после пораѓај. Језиво е...
Денес бев на контрола и го прашував др.дали е нормално што ме притиска лево десно на препон и кај матката рече се било нормално издржливо е но при седни/стани од кревет стол ме затега ко грч а пијам магнезиум директ и ко бодеж ко овулација кога сум осеќала и кичмата ме кине на крај на денот а поголем дел од денот го одмарам но еве вр прочитав дека скоро сите чат-пат ви се појавуваат тие болкички и ми олеснува...Јас сум 15+4 и сеуште имам ко затегање доле ко струички.Ах женички мораме да издржиме само да ни се живи и здрави бебушките
30+2дена имам јаки болки во долниот дел на стомакот како некој да ме сече од време на време и јајниците ме болат ама болките не престануваат...некој совет???
Ако се ептен неиздржливи да одиш да те видат на лекар. Константни се или на интервали? Нормални се болките бидејки бебето после 30та недела се повеќе расте и матката се повеќе се шири.. но доколку не е издржлива болка поубаво доктор да те види..
ги издржувам ама боли веке 2 дена и кажав на матичната ми рече само да ја зголемам дозата на магнезиум ја зголемив и исто е
@emi*** баш пишувавме таа недела имавме такви болки, кај мене како со нож сечење, само не толку јако. Со 2 магнезиума не поминуваа. Ама убаво вика Мариз ако боли многу оди на лекар.
јас сум нова во форумов и неможев ништо да најдам, ке почекам до утре касно е сега ако пак боли ке одам а смеам ли нешто да се напијам некој spasmex ке смета ли
Подобро не спазмекс.. сега кога бев на лекар исто поради болки ми рече докторот парацетамол и 2 по 400мг магнезиум да се напијам...
Сега се напив магнезиум директ од 400мг па ке земам и парацетамол баш да видам дали ке ме опушти малку
Оф леле ја се напив парацетамол сега мислам дека не е добро спазмех одма да земам ќе почекам па ако не ми се смири да се напијам и спазмех
Многу ви благодарам за советите❤ од парацетамолот можеби е малку ми се смирија боли ама не како преска Либра од каде си? Имам 5ампули прогестерон од 250мг ако си од Скопје можам да ти ги дадам јас веќе не сакам да ги користм
Благодарам Еми, не сум од Скопје, подобро нека се пријави друга мамичка, зошто и јас имам доста набавено.
Подобра сум денес се намалија доста болките ☺ благодарам на прашање Баш сега ќе побарам и ќе ви се придружам во трудничките муабет ❤
Здраво на сите! Можеби сум надвор од темава но мошне загрижена, јас сум бремена и сум во 28 недела. Пред две нед правев пап тест и резултатот беше дека имам хпв вирус од низок степен. Се консултирав со мојот гин. ми кажа дека не е страшно и поминува само од себе,дека не треба терапија. Мене психата ме убива дали ке влијае на бебето. Некој со вакво искуство или некој совет?