Д Денес строго одмарам само после ручек ќе направам. Под клима чистев вчера ама џабе. Времето е тешко. Од сега ќе внимавам повеќе.
И јас сум 31+3 и имам како менстр. болки одвреме навреме, претпоставувам дека матката се спрема /вежба како што викаат и докторите. Јас пијам по 2 магнезиуми од по 375мг. едно од сабајле и едно пред спиење. Друго незнам што помага освен одмарање.
Еве од страв цел ден одмарам освен јадење што направив. А може и матката сега е поосетлива се спрема и затоа
Јас магнезиум не пијам веќе повеќе од недела дена, ми се потроши и не купив, не осеќам разлика. Јас немам болки долу ниско. Ме боли само долу кај рбетот ако седам на тврдо или работам нешто. 34+6 сум. Дали тоа значи дека бебево мое нема да излези за брзо Бидејќи матката моја како да не се спрема за тоа, никакви болки немам.
Мамички, да ве прашам дали некоја искусила болки во желудник? Јас сум 6та недела бременост ама изминативе два дена имав дијареа, а денес од сабајле болки во желудник...еве тек сега ми стивнаа....совет anyone????
Мами некоја дали има тромбоцитите да и се ниски мене ми се ниски и ми кажа дека може да дојде до крвавење кога ќе се породувам се давало некоја инекција во понеделник закажав кај матичниот како камен по глава да ме мавна кога така ми рече незнам како стигнав до дома да бев сама во кола ќе се изнаплачев сега се истуширав малку да се освежам многу тешко ми падна
Јас едно време се жалев дека како клукање некое имам таму долу, како во коската, во вагината ни сама не знам. Си поминува само од себе, сигурно е нормално.
Има ли некој проблем со трнење на рацете, левата рака ме трне често. Нокеска се разбудив цела ми беше отрната и еве сеуште е , посебно палецот. Имам болки и во крстот и во грбот, врат и раменици. На работа седам цел ден и ептен мачно ми е. Гинекологот ме посоветува да одам на невролог за трнењето ама какви испитувања може да направи невролог во бременост, скоро никакви, ренген и магнетна резонанца не прават на бремени.
Леле и јас исто вчера поготово многу ме клукаше дури и ме тиштеа ко менстроални болки...а бев прошлата недела на ехо се е во ред но дека ниско сум го носела па од таму ми биле тие бодежи и клукања...грлото си е во ред...може понатаму ќе се намалуваат клукањава...која недела си ти? Јас 18+1
Кај мене не беше ниско бебето, а уште од пред недели осеќав така не знам точно кога 20 и некоја недела бев ми се чини, сега во последно немам осетено. Сега сум 32 недела. Не вервам да е то причината, самото то шо карлицата се шири сигурно има влијание. Не се плаши.
Имам јас трнење на двете раце Carpal Tunnel , читав дека било честа појава кај трудници. Имав јас и од претходно, сега само почесто и поинтезивно. Исто имам ужасни болки во грбот. Нема лек за трнењето (ако го имаш истото што и јас), треба да си правиш вежби за рацете, да спиеш со стегачи на рацете и евентуално на масажа. Јас ќе идам на масажа, мене тоа ми помага.
Цела ноќ, а еве и утрово ми се грчи стомакот. Не знам како да опишам.... не се само менструални болки доле ниско туку цел стомак ме боли, како здрвен и згрчен да е .. некој со слично искуство ? 35+5 сум...