Здраво девојки Нова сум на форумот Имам болки долу во матката некако како жештина чуствувам мислам дека и препоните ме болат. Вчера бев на преглед и се беше ок со бебчето. Инаку сум бремена 18+1
Јас ја користев пред бременост. За надворешна употреба е, мислам дека не е проблем и сега да се користи. Појди во аптека и прочитај на упатството што пишува. Тоа е најсигурно.
Мамиии помагајте веќе паника ме фаќа..сабајле имав болка како менструална како кога ти се оди во вц ама кратко траеше ама сегаа веќе поинтезивно боли а како да го осекам синко долу можно ли е да ме притиска па од тоа да боли? Инаку 6 месец сум..се ми мина низ глава веке ми е страв... се напив магнезиум и ако ви текне нешто каживајте чаре...
Мамички здраво. 31 недела сим бремена и веќе ме имаат фатено потешкотии. Сакам да ве прашам, кога се превртувам од лева на десна страна осекам нелагодност да не речам болка во стомакот. нормално ли е? Инаку препоните и срамната коска цело време ме болат.
Да нормално е. И јас ги имам истите потешкотии и болки, особено болка при превртување од една на друга страна, 32+н сум јас.
Добро утро на сите, јас сега станувам, препотена. Чувствувам некоја нелагодност во вагина. Не е болка, туку чувство како лошо ставен поголем тампон. Веќе втор ден. Дали некој друг имал вакво глупаво чувство. За паники ли е?
Za da si mirna, slusni si se so Dr tvoj. Moze ke ti kaze da se vidite. Magnezium napij se. Jas od vcera si osekjam takva slicna poteskotija ama mislam deka mi e od vremeto. Ke se menuva Kako babce nekoe sum so promenite.
Дали некој користел сумамед во бременост. Треба да пијам заради кламидија. Две одеднаш апчиња и по 24 часа уште едно. Да не штетат на бебето.
Забрзан пулс во бременост? 105 до 110, мислам срцето ќе ми излезе од гради. А не сум нешто физички оптеретена, дури и повеќето од денот го преседов. Всушност не е само денес, веќе цел месец наназад се уморувам и при најмало напрегање (пр. додека и ги облекувам чевлите на малата а некогаш мислам и од зборување се уморувам). Има ли место за паника, нормално ли е во 16 недела од бременоста? Што можам да преземам?
Најдобро да си се консултираш со доктор, мене пулсот ми беше толку во 9 ти месец. А може и од времево да ти е така.
Мене толку ми е пулсот од кога влегов во петти месец,за мене ми е нормално, дека немам никакви симптоми за нешто да ми е. Најдобро прашај си го докторот, иначе превентивно јади помали оброци- почесто, може тоа ќе ти помогне.
@orhideea @Troi Ви благодарам на искажаните мислења! Инаку денес консултирав лекар и скоро и да не обрна внимание на посочениот проблем со образложение дека сите од топлово сме такви! Ме праша дали ми е во ред притисокот , а со него немам некој проблем па толку беше од разговорт! Не знам дали навистина е толку небитно, или женава не требаше баш така да ме изигнорира. Сепак за некој ден одма на приватен гинеколог кој ми ја следи бременоста и кому му имам повеќе доверба па и со него ќе разговарам!
Феминки деновиве некако ми се собра многу движење навака натака и не одмарав баш и д вчера ме фатија болки во долниот дел од стомакот и нагоре од лева страна од сабајчево одмарам бев само до надвор и ко да осекам пулсирање татнење од левата страна. Сте имале вакви искуства матичната ми е на одмор предхпдно имам користено утрегестан инаку сум 15+1 или пак се јавува ова поради ширење на матката? Ве молам за мислење некако се вознемирив дали е нормално да се има болки и какви фала ви
@hanny ширење на матката е. Ако е силна болка можеш да земеш Магнезиум, ги облажува болките во матката. Тука некаде сме со неделите и јас имам болки а оскудно се движам. Кога чуствуваш вакви промени, подобро лежи за да ти е помирна главата.
Да треба да мирувам јас оваа недела баш напротив. Фала ти одма е подруго кога ке слушнеш од некој што се соочува со истото фала ти уште еднаш ајде ке издржиме и ке мируваме
Ај јас да си се пожалам овде. Главата на бебето му е скроз долу, веднаш над срамната коска. Во последно време многу ме боле доле, кај ластикот на гаќите, некогаш едвај станам од кревет и не ни можам да одам. Се надевам дека е нормално.