Феминки последноте 2-3дена имам болки ниско во стомакот некогаш од левата страна некогаш на средина бев кај двајца доктори едниот вели со вакво грло на матка можеш да работиш,да трчаш а другиот вели скратено грло на матка одмарај дома прашав од тоа ли е болката вика ти што сакаш од точка растне бебе ке те боле,како го правевте сега не се жали... Сега сум 21+3 дали и вие сте имале слични болки Незнам дали да чекам петок имам закажано скрининг во дежавна во Ск или пак да отидам кај матичниот?
Феминки дали некоја од вас примала дексазон ампули во текот на бременоста јас само што дознав дека сум бремена на тест денес видов,а сега ми текна дека поради настинка на синусите правев инхалации 2 дена и тоа со физиолошки раствор и по ЕДНА ЦЕЛА ампула ДЕКСАЗОН имав и болки во матката овие 2 дена ..е сега за дексазонот пошто е кортико не било дозволено во бременост зашто штетело на плацентата,затоа сум загрижена баш сега кога му се ствара и срценцето,кога треба да почне да чука..страшното е што примив 2 цели ампули дексазонГоспод да го чува малото ангелче мое...премногу сум исплашена сега..
Ако се истите како Дексаметазон јас досега примив 18 ампули, и од утре уште 9 ампули. Јас ги примам за побрзо зреење на плуќата и белите дробови на бебињата. Мислам не би требало да има штета што си ги примила но сепак разговарај со доктор.
А кога ги праеше инхалациите? Штом сега си дознала дека си бремена, отприлика си 5нед, не е страшно не се секирај. И јас пиев апчиња кои не се дозволиви во бременост, па ништо не се случи.
Ладно млеко, неколку голтки. А ако е ептен неиздржливо моѓеш слободмо да земеш Ранитал, Рупурут, Ранитидин. Било што од овие.
Zdravo devojki (izvinte so pisuvam so latinica,no od mob sum) nova sum na forumov i ve molam za sovet, 13 nedela od bremenost sum i imam nekoj bolki pritiskanja dolu od desnata strana nekogash i od leva isto i nekoe cudno cuvstvo vaginalno pa neznam dali e normalno koga odam kaj maticnata cesto znae da mi kaze ajdee be sega vas mladite se nesto ve boli i ve molam dajte nekoj sovet ili spodelete iskustvo ❤️
@forumce дај Боже ништо да не е јас се плашам зашто дозата не е мала...не е 03мл.или пола ампула туку цела од 1 мл.и тоа два дена така..а кортико стероид е читав дека покасно во бременост ако имало потреба го давале баш за да созрее плодот..али на почетокот никако зашто можело плацентата да ја презрее а моето душиче баш сега треба да створи и срце што чука незнам негде прочитав дека и некои аномалии можеле да се створат ако се давало на трудница во првите недели..се надевам дека нема баш мене тој баксуз да ме стрефи
Ама тогаш дали и имало плодче и плацента. Оној период од овулација до кога треба да ти дојде е период на сѐ или ништо, или ќе биде или ќе искрвареш. Кај тебе има бременост. Срцето го слушнавте ли? Не се грижи, и јас многу читав на нет и си стварав нервози, сѐ испадна добро на крај. И кај тебе така ќе биде.
Лековите и алхохолот конзумирани во фазата пред да дознаеме за бременост имаат дејство СЕ или НИШТО. На веќе настанатата бременост не влијаат негативно. Негативното би било доколку не била успешна имплантацијата и не настанала истата. Со добра мисла, ќе биде во ред.
Дај Боже да сум грешка и да само паничам без врска.Истите се,@iki26 dexametazon...ама ти сигурно си веќе во 3 тромесечие и ти ги дале баш за побрзо созревање на плуќата што е во ред за во твојот случај,ама мене ми е страв да не исто сум предизвикала созревање ама на плацентатазашто правев инхалации а незнаев дека сум трудна.Сега откако дознав се исплашив.Се надевам само дека ништо не е зашто било мн.рано а и дека сепак инхалации биле,па не допрело толку до него..Иначе јас од нив еве 2-3 дена неможам да се опоравам и грло и јазик и нос све ми е како пре пресуво.Ми се лепи јазик итн.Сум била јас и дехидрирана и се ама вака никад не сум се осеќала.А се започна одма после првата инхалација.Ко божем ај да ги лечам синусите,ама дозата од цела ампула бар за мене изгледа била многу.А и цела уста ми горчеше како пелин...и порано сум правела инхалации ама со помалку декса и никад вакви нус појави не сум имала.Затоа се плашам и за бебето..Ах само да можам времето назад да го вратам..Ама како Господ никој не,он сите не сака и чува,па оставам се на него.
Не сме го слушнале срцето треба за една недела кај докторот да одиме да видиме кога ќе се врати од одмор.И фала ти многу на советот,во право си..и од многу читање човек све ќе помисли од страв..Јас обично и не читам зашто секое искуство е за себе приказна,ама дека и мене ми е малку лошо и непријатно одма после инхалациите, затоа се исплашив и за бременоста..Но сега стварно ќе се трудам да ја отргнам грижата и стравот зашто сепак како и да треба да биде ќе биде,со или без нервоза.И секако се надевам и молам се да си биде во ред.Позз
Јас колку што знам плацента уште нема во рана бременост. Таа се создава третиот месец и дури потоа ја презема функцијата на хранење на бебето.
Докторот не ми е вратен од одмор и незнам која недела сум ама според календарот 5та најверојатно.Инхалациите ги направив 2 дена после денот за добивање,а после тоа и тестот и видов дека сум трудна.
Плацентата почнува да се формира од моментот на имплантација, а во 12 нед ја започнува својата функција. @HappyS почекај си го докторот да се врати од одмор и правец на преглед.
Плацентата се создава после 10 недела целосно, тогаш започнува да функционира. Затоа кај дел од трудниците тогаш се намалуват симптомите. Оти она си ја превзема работата. @HappyS непотребно си правиш стрес. Трудници не знаејќи одат и на ренгенски снимања па на крај пак раѓаат здрави бебиња.
Тоа да, со самата имплантација почнува да се формира се, па и плацента. Сакав да речам дека во толку рана бременост тешко би дошло до прерано созревање на пплацентата бидејќи во тој момент истата е далеку од целосна и спремна за преземање на нејзината функција.
Zenski jas sum 30 nedela i od vcera pocna da me boli stomakot kako na dopir.Koga ke legnam na strana isto custvuvam.Vi se slucuva li na vas istoto?